Заев: Фотоволтаичната централа во Теново завршена пред рок - Канал 5

Заев: Фотоволтаичната централа во Теново завршена пред рок

„Фотонапонската електро централа во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор.

Заев: Фотоволтаичната централа во Теново завршена пред рок

Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостатокот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките", изјави премиерот Зоран Заев на промоција на официјалниот почеток на фотонапонската централа во Теново, Општина Брвеница и најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.

Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година.

Премиерот Заев истакна дека постепено се менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори и дека меѓу приоритетите годинава се важните енергетски проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата.

„Успешно заврши и постапката за изградба на две фотонапонски електрани во Осломеј, со моќност од по 50 MW, преку модел на Јавно–приватно партнерство. Благодарение на транспарентната и конкурентна постапка, на одржаната аукција, најповолните понудувачи на ЕСМ, ќе му исплатат 18,5% и 18% од остварениот приход од продажба на електрична енергија. Дополнително изградбата на фотонапонската електрана на Осломеј од 10 MW, која е сопствена инвестиција на ЕСМ, веќе е во крајна фаза и пред почеток на градба. Меѓу приоритетите годинава е и хидроелектраната Чебрен, за која минатата година се појавија неколку заинтересирани инвеститори. Помина првата фаза на селекција од понудите на Чебрен, десет компании беа понудени, девет ја поминаа првата фаза со нивниот капацитет и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мега-вати. Истовремено, определивме 477 хектари од порано проектираниот аеродром во Општина Штип да бидат наменети за фотоволтаици каде има можност за 300-350 мегавати. Определивме и локации за повеќе од 120 мегавати во Битола на старите јагленокопи на РЕК Битола и 100 мегавати во Кавадарци како потенцијали за инвестирање. Со ова Македонија е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1% и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто", информираше премиерот Заев и упати честитки за инвестицијата токму денеска кога е и меѓународниот Ден на планетата земја.

„Уште еднаш честитки за инвестицијата, а Владата останува посветена на имплементирањето на реформите во енергетскиот сектор. Денес е и меѓународниот Ден на планетата земја и оттука уште еднаш испраќаме заедничка порака за грижа на нашата земја од која црпиме енергија. Грижејќи се за животна средна, се грижиме и за себе", заклучи премиерот Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите односно граѓаните и индустријата.

„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Во континуитет се градат централи и на другите локации и до крајот на оваа година ќе имаме над десет изградени на приватно земјиште во Македонија. Ако ги додадеме и фотонапонските централи кои што се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати. Со ова покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, го зголемуваме капацитетот за производство на електрична енергија на домашниот пазар и ја намалуваме зависноста од увоз на струја. Но не застануваме тука. Заедно со нашите државни и јавни претпријатија и согласно Законот за стратешки инвестиции се подготвуваат инвестиции кои ќе ја надминат инсталираната моќ од 300 мегавати во нашата држава само од фотонапонски централи", рече министерот Бектеши и ги повика сите заинтересирани инвеститори да ги следат јавните повици од Министерството за економија и од Владата, бидејќи, како што рече, за кратко време ќе бидат објавени дополнителни повици со цел да се изградат што повеќе вакви инвестиции.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека фактот што денеска сме на отворање на фотонапонска централа, на 22 април, денот на планетата Земја, ја испраќа вистинската порака за тоа како треба да се грижиме за нашата планета.

„Оваа централа, која е обновлив извор на енергија, изградена како дел од повикот на Министерството за економија, на приватно земјиште, од приватен инвеститор, е практичен пример на конкретно остварување на политиките на нашата Влада, за одржлив развој и здрава животна средина.

Ние денес тука гледаме како со вистинскиот стимул, приватниот сектор може да ни биде партнер во стратешките определби за остварување на зелената агенда", кажа Нуредини и додаде дека се работи и на други сегменти на заштита на животната средина во полошкиот регион.

„Министерството за животна средина во фаза на одобрување во рамки на ИПА програмата има проект за изградба на пречистителната станица за третман на отпадни води и надградба на канализационата мрежа во Општина Тетово во вредност од преку 30 милиони евра, за кои договорите за градба се планира да се склучат до крајот на годинава. Во моментов веќе се имплементираат брзите мерки за санација на депонијата Русино, меѓу кои дел е и собирањето на исцедокот кој ја загадуваше околната почва до сега. Понатаму, со оглед на тоа што еден од приоритетите на оваа Влада е чиста вода за пиење за секој граѓанин, како и соодветно управување и прочистување на водите, Министерството за животна средина е во фаза на аплицирање за нови 50.000.000 евра од Европската инвестициона банка за финансирање на реализацијата на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи на територијата на земјата. Најголемиот дел од општините веќе доставија проекти, а секако проектите за оваа намена во Полошкиот Регион се едни од приоритетните", истакна Нуредини.

Владе Пазарџиевски управител на „Енерго Р ДООЕ" рече дека е горд што централите се добар пример и поттик за нови инвестиции во „зелена енергија", како на фирмите така и на Владата.

„Оваа централа е дел од триделниот фотоволтаичен парк, со вкупна електроенергетска моќност од 2200kw, при што се вградени вкупно 6.170 панели, со различен капацитет и три трафостаници. Трите централи ќе дадат вкупно производство ориентационо 3,1 гигават часови, што би ја задоволило потрошувачката на електричната енергија на приближно 450 домаќинства. Трите централи се изградени на вкупна површина од 20.000 м2, на неплодно и некорисно земјиште, кое е откупено од државата, со вкупната вредност од 1, 6 милиони евра за овој фотоволтаичен парк", изјави Пазарџиевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер