Заев, Димитров и Османи одржаа работна средба со Силва и Вархеји

Имаме добра основа за отстранување на пречките за отворање на преговорите со решение кое не задира во македонските идентитетски прашања и за кое сме убедени дека е прифатливо и за круцијалните позиции на Бугарија, вели Заев.

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги примија и одржаа работна средба со министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји.

На средбата во Клуб на пратеници министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за соседска политика Оливер Вархеји ги презентираа предлог решенијата за надминување на проблемот помеѓу Македонија и Република Бугарија кои имаат за цел да гo деблокираат отворањето на преговорите на земјата со ЕУ со одржување на првата меѓувладина конференција.

Веднаш после состанокот премиерот Заев даде изјава за јавноста и медиумите којашто ви ја пренесуваме во целост:

„Министерот за надворешни работи на Португалија Силва и еврокомесарот Вархеји денеска донесоа предлог решение чија цел е надминување на проблемот помеѓу Македонија и Република Бугарија.

Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам и на двајцата, министре Силва, еврокомесаре Вархеји, за вашата професионалност, посветеност и одлучност да помогнете на Македонија, на Бугарија, на целиот Западен Балкан, а со тоа и на цела Европа, за сите заедно да продолжиме на патот кон прогресот и просперитетот.

Јас, со тимот во Владата задолжен за овие преговори, пред сѐ со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, сериозно и одговорно ќе ги разгледаме сите детали од предложеното решение.

Важно е дека, во овој момент јасно и одговорно можеме да кажеме дека предлогот е добра основа за постигнување решение за проблемот, решение со кое ќе се отстранат сите пречки и ќе се отворат преговорите преку одржување на првата меѓувладина конференција за Македонија.

За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и не се навлегува во нашите македонски идентитетски прашања, со што нашата круцијална позиција е задоволена, а силно сме убедени дека предлогот е добра основа и за круцијалните позиции на Бугарија.

После ова, сметаме дека сме во вистинскиот момент да одиме чекор понатаму, да се вложиме сите и час поскоро да постигнеме договор во интерес на заедничката европска иднина.

Тоа го очекуваат и го бараат граѓаните на нашите две земји, тоа го очекуваат европејците, тоа си го должиме себеси, тоа му го должиме на народот.

Ја имаме добрата волја, внимателни сме и имаме разбирање за нашите соседи, ги имаме нашите јасни идентитетски македонски позиции за кои не преговараме, а за кои Брисел покажа разбирање, и се надевам дека со ист таков пристап ќе се сретнеме со Софија за доброто на двата народа и за заедничката иднина на двете земји како соседи и пријатели, како членки на НАТО и како идни партнери и членки на ЕУ."

Камерон: Украина има право да го користи нашето оружје за напади во Русија

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина .

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина „колку што е потребно“ и додаде дека Лондон нема ништо против оружјето да се користи во Русија.

„Ќе даваме три милијарди фунти секоја година онолку колку што е потребно. Штотуку навистина исцрпивме сѐ што можеме во однос на давање опрема“, изјави тој за Ројтерс во интервјуто за време на посетата на Киев, додавајќи дека пакетот помош е најголем од Обединетото Кралство до денес.

„Дел од таа (опрема) пристигнува во Украина денес додека сум тука“, рече тој.

Камерон рече дека Украина има право да користи оружје доставено од Лондон за да нападне цели во Русија и дека тоа зависи од Киев.

„Украина го има тоа право. Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, сосема е разбирливо зошто Украина чувствува потреба да се осигура дека е способна да се одбрани“, изјави Камерон за Ројтерс.

Камерон, кој го предводеше Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година како премиер и се врати на политичкиот фронт пред само неколку месеци, се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и претседателот Володимир Зеленски во неговата втора посета на Киев како министер за надворешни работи.

Највисокиот британски дипломат го прослави објавувањето на долго одложуваниот пакет помош од 60 милијарди долари од страна на американскиот Конгрес.

„Тоа е апсолутно критично, не само во однос на оружјето што ќе го донесе, туку и на зајакнувањето на моралот што ќе го донесе на луѓето овде во Украина.

Сепак, Камерон не одговори директно на прашањето како мисли дека евентуалниот реизбор на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во Белата куќа може да влијае на американската поддршка за Украина.

Трамп и тврдокорните републиканци во Конгресот се против понатамошната помош за Украина, со можен исклучок за заем.

„Не зависи од нас да одлучиме кого американскиот народ ќе избере за свој претседател - ние ќе работиме со кој било“, рече Камерон.

ЗНАМ со реакција на ставовите на Венко Филипче од митингот на СДСМ во Радовиш

Квази социјалдемократот Венко Филипче е еден од најодговорните за актуелната состојба во која се наоѓа СДСМ.

Би сакале да ја потсетиме јавноста, додека некогашната државотворна СДСМ се бореше против режимот на Груевски, наметнатиот носител на листа од СДСМ во ИЕ 4 беше прв советник на министерот за смрт Никола Тодоров и беше дел од најкриминалната Влада на Груевски.

По доаѓањето на власт на СДСМ, беше исфорсиран од семејството Заеви да биде министер. Сега е јасно зошто. Всушност тој е бизнис партнер на Зоран Заев.

Тешко на тоа раководство, кое Филипче го брани од партијата каде што се втемелени вистинските илинденски и АСНОМ-ски вредности и принципи, а тоа е Движењето ЗНАМ-За наша Македонија.

Сектор за односи со јавност

Стојчевски: ЗНАМ ќе направи темелна промена во правосудниот систем

Даниел Стојчевски носител на кандидатската листа во ИЕ2: ЗНАМ ќе направи темелна промена во правосудниот систем, со кој правдата ќе е столб на општеството и ќе нема место за корупцијата.

Носителот на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 2, Даниел Стојчевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска одржа прес конференција на која се задржа на мерките од програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ во однос на правдата и борбата со криминалот и корупцијата.

Стојчевски рече дека граѓаните сега имаат можност да направат избор со кој ќе видат дека има начин за да биде подобро, а изборите што се прават сега ќе ја одредат иднината на нацијата. Тој потенцира дека изборите овој пат не се само за тоа кој ќе управува, туку се за враќање на довербата во институциите, како и за создавање на Македонија која е посилна, почесна, и поправедна.

„Ние сме тука да предложиме конкретни решенија за трајни промени. Нашата програма, "ПРОГЛАС ЗА ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА", се залага за темелна промена во правосудниот систем, каде што правдата е столб на општеството и каде за корупцијата нема место.

Првата мерка е зголемувањето на казните за злоупотреба на службена положба и овластувања, со казна затвор од минимум 10 години. Ние сметаме дека казните треба да бидат строги за да се обесхрабри секој обид за корупција и злоупотреба.

Втората, ќе воведеме принцип на незастарување за делата на криминал и корупција. Престапите против државата и нејзините граѓани не треба и не смеат да бидат заборавени или игнорирани со текот на времето.

Третата, зајакнување на капацитетите и интегритетот на судскиот систем преку избор на судии и обвинители кои имаат докажано искуство и знаење, со минимално 10 години стаж и завршена Академија за судии и јавни обвинители.

Четвртата, укинување на доживотниот мандат на судиите и јавните обвинители и воведување на систем за реизбор на секои шест години. Со оваа мерка, тие ќе мора постојано да ја докажуваат својата компетентност и посветеност кон правдата.

Петтата, сите нотари и извршители ќе станат државни службеници, што ќе придонесе кон поголема контрола и стандардизација на нивната работа.

Шеста, зголемување на платите за администрацијата во правосудните органи за 30 проценти за да се овозможи најдобрите кадри да останат во нив“, рече Стојчевски.

Тој нагласи дека оваа битка е битка за сите нас, битка за почесна и праведна Македонија, без корупција и неправда. Според него секој од нас е дел од решението и треба здружено да се работи за иднина во која правдата не е само идеал, туку ќе биде реалност за секој граѓанин на земјата.

„Ние сме подготвени да дадеме „Максимум за Македонија“ и да застанеме рамо до рамо во борбата за подобра иднина, водени од љубовта кон нашата земја и желбата за подобрување на животот на секој еден нејзин граѓанин“ рече тој.

Запрашан кој е ставот на Движењето ЗНАМ во однос на коалициите за идната влада, и дали е Движењето ево преговори со ВМРО ДПМНЕ, Стојчевски одговори:

„Уште пред почетокот на кампањата Движењето ЗНАМ како политичка партија најави дека на изборите учествува за граѓаните, ќе работи за нив и ја бара нивната поддршка. Ние сме можеби единствената партија која не е во коалиција со ниту една политичка партија на овие избори. За нашите идни коалиции ќе одлучува раководството веднаш по изборите.“

Стојчевски беше прашан и каков е коментарот во однос на изјавата, односно ставот на ВМРО ДПМНЕ дека се надеваат дека не постои тројански коњ на власта во опозицијата, за што изјави:

„Вие гледате дека во изминатите денови, а особено по првиот круг на претседателските избори, каде што многумина беа изненадени од освоениот број на гласови што ги доби Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, дека сме мета на напади од двете најголеми политички партии поради тоа што, претпоставувам, се загрижени поради бројот на освоени гласови. Ние сме политичка партија која работи во интерес на граѓаните и тоа го покажавме со нашето делување во изминатите неколку месеци“. Стојчевски исто така пред новинарите рече дека врвен државен приоритет е да се избере Претседател на Македонија.

„Двиежењето ЗНАМ ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да гласаат за Претседател наМакедонија по сопствено убедување. Истовремено ги повикуваме граѓаните масовно да го поддржат Движењето ЗНАМ и да гласаат за број седум“, рече на денешната прес конференција Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 2 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер