Заев бара политичка и професионална одговорност од функционерите

Политичка и професионална одговорност, бара премиерот Зоран Заев од функционерите за кои Анткорупциска укажа дека ги злоупотребиле своите позиции и влијаеле за вработување на нивни роднини во државни фирми и институции. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

JPMorgan се соочува со блокирање на својот имот во Русија

Од американската банка JPMorgan изјавија дека нејзините активи во Русија може да бидат конфискувани по барањата за блокирање на средства поднесени во руски и американски судови.

Банката се судира со правни притисоци поради тоа што сè уште води бизнис во Русија откако САД и европските земји воведоа економски санкции против Русија а поради нејзината инвазија во Украина.

Висината на средствата што можат да бидат блокирани ја надминува вредноста на имотот на JPMorgan во Русија.

Руски суд минатиот месец донесе одлука за блокирање на средствата на руски сметки на подружницата на JPMorgan во Русија откако руската државна банка ВТБ поднесе барање за враќање на своите средства блокирани во странство што таа ги оценува во вредност од 439,5 милиони долари.

Од JPMorgan изјавија дека според американските закони таа не смее да предава средства на компании кои се под санкции. ВТБ е внесена во списокот санкции на САД во февруари 2022 година. /МИА

притисни ентер