Заем од 15 милиони евра за унапредување на основното образование, поддршка од Комисијата за финансирање и буџет - Канал 5

Заем од 15 милиони евра за унапредување на основното образование, поддршка од Комисијата за финансирање и буџет

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска даде поддршка да се обезбедат 15 милиони евра заем како дополнително финансирање со кое ќе се овозможи реализација на Проектот за унапредување на основното образование.

Заем од 15 милиони евра за унапредување на основното образование, поддршка од Комисијата за финансирање и буџет

Предлог законот за задолжување на државава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, беше усвоен со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски соопшти дека заемот е со рок на отплата од 12 години, грејс период од три години и каматна стапка шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон. Ќе се отплаќа во 18 полугодишни рати, на 15 јуни и 15 декември секоја година со средства од Буџетот.

Проектот е почнат во април 2021 година, а ќе го спроведува единица која веќе функционира за таа намена во рамките на Министерството за образование и наука (МОН).

Министерството за финансии во соработка со МОН во декември лани достави до Светска банка барање за обезбедување дополнително финансирање во износ од 15 милиони евра како дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, како и продолжување на крајниот рок за имплементација. Државава како заемопримач има обврска да ѝ плати на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка еднократна провизија од 0.25 процети од износот на заемот, како и провизија од 0,25 проценти од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.

Јанкуловски информираше дека се предлага крајниот рок за имплементација на проектот да биде 25 февруари 2027 година. Од вкупниот износ на заемот кој изнесува 21.500.000 евра, процентот на повлечени средства заклучно со јули годинава изнесува 94,27 проценти.

И покрај едногласната поддршка за законот, во текот на расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изнесоа спротивставени тврдења за заслугите за проектот, како и за конкретните резултати во изградба и реконструкција на училишта.

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи забележа дека за истиот закон за задолжување за градење на училишта сегашните пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ гласале против.

- Убава работа е што добиваме признание дека нешто што е направено претходно било добро и одлучиле да продолжат со спроведувањето. Во 2021 година кога е предложен ваков закон за задолжување за да се направат училишта истите пратеници што ќе гласаат денеска „за“ гласаа „против“, рече Битиќи.

Праша зошто нема листа со училиштата што ќе се градат и побара да се дебатира и за проекти од новата финансиска рамка на Светска банка од 700 милиони евра.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, образложувајќи зошто претходно биле против ова задолжување наведе „ставот тогаш беше јасен - бидејќи овие заеми се земаа да се крадат и тоа ќе се докаже од обвинителството“.

Стојановски посочи дека со средства од Владата ќе се финансираат училишта секаде во државата. Истакна дека никој ништо не крие и оти седум нови училишта се градат само во последните 12 месеци, а 400 училишта се реконструирани во изминатите четири.

- И образованието има огромна компонента во локалната самоуправа. Граѓаните ќе кажат дали се задоволни или не за овие 14-15 месеци како се управува државата, рече Стојановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ понуди програма и концепт за развој, а тие национални поделби.

ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и проекти за развој на општина и за подобар живот на граѓаните.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт во кој ние ја потенциравме силата на единството, соживот и меѓусебната почит, инфраструктурните инвестиции, подобрите услови за живот, додека противниците искористувајќи ја демографската состојба повикуваа на етничко гласање.

Нашите опоненти се обединија и сите заеднички наместо натпревар на идеи, изборната трка ја претворија во ринг на поделби по разни основи.

ДУИ, СДС, Левица, за жал, и ВРЕДИ како тројански коњ од една страна, а ВМРО-ДПМНЕ од другата страна. Ние сами против сите, и благодарение на довербата која ни ја дадоа имаме значителен раст на бројот на гласовите кои, за жал, не беа доволни за Јованчо Радичевски да биде избран за градоначалник.

Од 3.000 гласа во првиот круг стигнавме до 4.200 гласа за ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, додека споредено со парламентарните избори растот на гласови е 1.300.

СДС и политичката партија Левица во првиот круг овие предвремени локални избори целосно ги декласиравме, завршија на четврто и петто место, а како последна сламка за да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг се ставија во служба на ДУИ за одвлекување на гласови.

Тоа што предизвикува особена жал е што нашиот коалициски партнер, ВРЕДИ ја пропушти можноста во Брвеница да биде поразличен од ДУИ и да се издигне над етничкиот национализам, со што се покажа дека исто како и кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ.

Но, после овие избори, уште од утре граѓаните и Македонци и Албанци ќе очекуваат проекти и развој, а не национализам, ќе очекуваат резултати, а не демагогија кој од која партија е или на која етничка заедница градоначалникот припаѓа.

Затоа, Брвеница нема да биде заборавена, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира, да вложува и да гради за развој на општината и подобри услови за живот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер