Заедно да му помогнеме на Наце, сопруг и татко

Итно треба да се обезбеди потребната сума за да продолжи лекувањето.

Наце треба да прими 2 циклуси хемотерапија. Еден циклус чини 22.000 евра и трае 30 дена. Потребно е да се направи и трансплантација која чини 60.000 евра.

-Јас сум сопругата на Наце во брак сме 12 год имаме 2 прекрасни деца кои со душа чекат тато да оздрави и да се врати дома здрав и жив да може да му се радуваат.Работата е сериозна мора да ја обезбедиме потребната сума за да продолжи лекувањето. Борејки се сите овие 10 месеци со оваа опака болест само ние знаеме како го изодивме овој трнлив пат а и ке продолжиме да се бориме до крај. Борејки се со оваа тешка болест видно ослабе повеке од 30кг но не се предава ке издржи се само за своите мали сонца, вели сопругата на Наце

-Доколку не успееме да ги собереме средствата за лекувањето кое е многу скапо не би сакал да помислам што ме очекува во иднина.Сакам да оздравам и да си живеам со мојата фамилија. Да се радувам на децата,да гледам како безгрижно си растат да не бидат осамени. Сумата се зголемува бидејки треба да се примат 2 циклуси на хемотерапија. Едниот циклус чини 22000евра и трае 30 дена. Кај мене лекарите рекоа дека се потребни 2 такви циклуси. И плус за трансплатација која на почетокот чинеше 30000евра а сега 60000евра.Тоа е се, засега како што рекоа лекарите. Се надевам дека тоа ке биде крајната сума и лекувањето ке ми биде успешно, вели Наце.

🌐 Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-nace

✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.

Преку Т-Мобиле е отворен и број за донација за Наце Ристов. На 143 193 може да донирате само ако вашиот број е на овој опрератор. Со еден повик донирате 100 денари за Наце...

Деновиве се очекува и активирање на број за донации преку А1.

Сметки за донации:

MKD: 320500033294552

EUR: MK07 3205 4003 3294 647

CHF: MK07 3205 3003 3294 890

SWIFT BIC: CECBMK22

Британската влада го отфрли обидот на унионистите во Северна Ирска

Британската влада денеска го отфрли обидот на унионистите во Северна Ирска да го активираат механизмот по Брегзит познат како „кочница на Стормонт“, кој се обидуваше да ја запре примената на некои правила на ЕУ на нивната територија.

Активирањето на овој механизам ќе му овозможи на Собранието на Северна Ирска, кое донесува закони во Северна Ирска, да се спротивстави на новите правила на ЕУ.

Пратениците унионисти во регионалното собрание во Белфаст, кои сакаат Северна Ирска да остане во Обединетото Кралство, минатиот месец сакаа првпат да го активираат овој механизам за да ја спречат примената на правилата на ЕУ за пакување и етикетирање на хемикалии.

Северна Ирска остана дел од единствениот пазар на ЕУ кога остатокот од Обединетото Кралство ја напушти Унијата. Водачот на Демократската унионистичка партија (ДУП) Гевин Робинсон рече дека одлуката на Велика Британија да го одбие активирањето на механизмот е сериозна грешка и дека Лондон треба да почне да се залага за Северна Ирска „наместо да се поклонува на диктатите на ЕУ“./МИА

Трамп: Денеска е ден на ослободувањето

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговото инаугуративно обраќање наведе голем број извршни наредби што планира да ги потпише за да почне да ги спроведува во агендата на неговата администрација.

- Денеска ќе потпишам серија историски извршни наредби. Со овие дејствија ќе ја започнеме целосната обнова на Америка и револуцијата на здравиот разум. Се работи за здрав разум, рече тој.

Трамп, исто така, ја истакна својата намера да прогласи национална вонредна состојба на јужната граница на САД.

Трамп, во првите минути на функцијата, рече дека прогласува „национална енергетска вонредна состојба“ за да помогне во намалувањето на цените, едно од неговите клучни предизборни ветувања.

Трамп во говорот истакна дека „инфлациската криза е предизвикана од огромното прекумерно трошење и ескалацијата на цените на енергијата“.

Новиот претседател, исто така, рече дека ќе го насочи својот кабинет да ги искористи „огромните овластувања со кои располага“ за да ја намали цената на стоките.

Трамп рече дека неговиот „живот бил спасен“ со милоста Божја за да ја направи Америка повторно голема, во врска со обидот за атентат врз него во Батлер, Пенсилванија за време на кампањата.

Трамп изјави дека денеска, 20 јануари 2025 година, е „ден на ослободувањето“.

- Се надевам дека нашите неодамнешни претседателски избори ќе останат запаметени како најголеми и најконсеквентни избори во историјата на нашата земја, рече Трамп за време на неговото инаугуративно обраќање.

Тој истакна неколку извршни активности што рече дека ќе ги преземе, вклучително и враќање на иницијативите за чиста енергија.

- Со моите постапки денес, ќе ставиме крај на Зелениот нов договор и ќе го отповикаме мандатот за електрични возила, спасувајќи ја нашата автомобилска индустрија и чувајќи го моето свето ветување пред моите големи американски работници во автомобилската индустрија, рече Трамп по што доби аплауз.

- Со други зборови, ќе можете да купите автомобил по ваш избор. Повторно ќе произведуваме автомобили во Америка со брзина за која никој не можеше да сонува дека е возможна пред само неколку години, рече тој.

Трамп вети дека „веднаш ќе почне со ремонт на трговскиот систем на САД за да ги заштити американските работници и семејства“.

- Ќе ги тарифираме и оданочуваме странските земји за да ги збогатиме нашите граѓани, рече Трамп за време на неговото инаугуративно обраќање. „За таа цел, формираме Служба за надворешни приходи за да ги собере сите тарифи, давачки и приходи“.

Тој додаде дека ова ќе донесе „огромни суми пари“ во касата на земјата „кои доаѓаат од странски извори“.

Трамп изјави дека денеска ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив, истакнувајќи ги неколкуте активности што веднаш ќе ги преземе.

- Америка ќе го врати своето заслужено место како најголема, најмоќна, најпочитувана нација на Земјата – инспирирајќи стравопочит и восхит на целиот свет, рече Трамп. „За кратко време од сега, ќе го смениме името на Мексиканскиот залив во Американскиот залив“, додаде тој./МИА

Мицкоски на важни средби во Вашингтон: Лобираме за македонските интереси (Видео)

За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.

Претседателот на Владата Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов - американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата.

На средбата се разговараше за конкретни проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави.

„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓудругото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат.

Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас.“, истакна премиерот Мицкоски.

Меѓудругото Претседателот на Владата Мицкоски учествуваше и на прединагурациската свеченост МАГА- бал кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таму претседателот на Владата Мицкоски оствари разговори со повеќе високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како што е новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки.

За средбата со еден од највлијателните американски новинари Такер Карлсон, Мицкоски истакна дека тоа можност за размена на мислења и ставови за државата и регионот.

Воедно за средбата за спортскиот гигант Патрик Бет Дејвид премиерот Мицкоски истакна, спортот знае да обединува. Добра прилика за размена на ставови за спортот и она што преставува пасија за многу луѓе.

Денес Претседателот на Владата Мицкоски оствари средба и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

За средбата Мицкоски истакна:

„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата“, посочи Мицкоски.

притисни ентер