МакедонијаЗаеднички семинар на Политичкиот комитет и Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток на ПС на НАТО во РимМакедонија во Парламентарното собрание на НАТО, учествува на заедничкиот семинар на Политичкиот комитет и Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток на Парламентарното собрание на НАТО, што се одржува од 11 до 13 мај 2026 година во Рим.Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, учествува на заедничкиот семинар на Политичкиот комитет и Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток на Парламентарното собрание на НАТО, што се одржува од 11 до 13 мај 2026 година во Рим, Италија. Семинарот, организиран во соработка со Италијанскиот парламент, годинава има особено значење бидејќи се одбележуваат 30 години од активностите на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток. На настанот учествуваат парламентарци од земјите-членки на НАТО, претставници на влади, меѓународни организации, дипломатски Пратеничката Славјанка Петровска, член на Делегацијата на Собранието на Република претставници и безбедносни експерти, кои дискутираат за актуелните безбедносни и геополитички предизвици во јужното соседство на Алијансата, како и за нивното влијание врз евроатлантската безбедност. Во фокусот на дискусиите се променетата геополитичка состојба во Блискиот Исток, Северна Африка и Субсахарска Африка, влијанието на војната на Русија против Украина врз поширокиот регион, растечката улога на земјите од Заливот, како и прашањата поврзани со поморската безбедност, енергетските рути и заштитата на критичната инфраструктура. На свеченото отворање на семинарот се обратија на италијанскиот министер за одбрана Гуидо Крозето, претседателот на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток Џанџакомо Каловини и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Маркос Перестрело де Васконселос. На сесијата посветена на партнерствата на НАТО во јужното соседство се обратија специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО за јужното соседство Хавиер Коломина и специјалниот претставник на Европската Унија за Заливскиот регион Луиџи Ди Мајо. Вториот ден од семинарот беше отворен со обраќања на Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот дом на Италијанскиот парламент и Дубравка Шуица европската комесарка за Медитеранот. Во дискусиите стана збор и за поврзаноста меѓу источното и јужното крило на НАТО, влијанието на авторитарните режими врз безбедноста, односите меѓу евроатлантскиот простор и земјите од Заливот, како и состојбите во Африка и можностите за зајакнување на регионалната безбедносна соработка. Во рамки на програмата е предвидена и посета на Командата на Италијанската морнарица во Рим, каде ќе се одржи сесија посветена на безбедноста на клучните поморски коридори и подводната критична инфраструктура во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, како и посета на поморската база во Чивитавекија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook