Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
ЖивотЗаеднички особини и својства на луѓето кои изневеруваатПриватни детективи од САД откриваат дека повеќето неверни мажи кои ги следат, најмени од нивните партнерки, честопати повторуваат исти вообичаени работи пред да одат кај љубовницата.Истражителот Реј Рано од Конектикат вели дека следењето мажи може да биде многу досадно, па лесно се сфаќа „шемата“ од показатели коишто редовно му укажуваат дека прељубникот е на пат кон љубовницата. Раскажува само за дел од нив. - Ако тргнал да се види со својата љубовница, мажот обично претпочита чист автомобил... Редовно оди во пералница за автомобили... Неверојатно е колку често го прават тоа. Жените не толку. Жените ретко го перат автомобилот пред неверството, бидејќи најчесто мажите се оние кои сакаат да возат. Многу ретко гледам момчето да влезе во автомобил на жена, рече Рано за „Локд ин“ (Locked In). Тој појаснува и како ги снима своите „мети“ без да забележат - на пр., ја лепи камерата во пластична чаша за кафе. - Ако седнам во кафуле или влезам во супермаркет - каде и да треба да бидам, само го симнувам капачето (од чашата) и така изгледа како да шетам со кафе в рака. Всушност, снимам сѐ, изјави тој. Откако ќе собере доволно докази, видеата и сликите одат кај тој или таа што му плаќа. Според истражување на „Ју-гов“ (YouGov) од 2022 година, 54 отсто од Американците откриле дека биле изневерени во моногамна врска - емоционално, физички или и двете. Приватниот детектив Арон Бонд вели дека дури и пред да го најмат за неговите услуги, луѓето кои се сомневаат во својот партнер ги забележуваат истите знаци. - Кога партнерот ќе почне да се однесува поинаку со мобилниот телефон, тоа е знак дека можеби нешто не е в ред. Ако почне да го носи телефонот насекаде, дури и низ дома, или измислува изговори кога го / ја замолувате да Ви го даде телефонот, тоа може да биде знак дека тој / таа е во неверство, вели тој. Следен признак на неверните луѓе е тоа што покажуваат помал интерес за партнерот. Заеднички поминатото време е сѐ помало, не покажува многу возбуда кога ќе Ве види, се повлекува, не сака да зборува за настаните од својот ден итн. - Ако чувствувате дека Вашиот партнер одеднаш Ве избегнува и не сака повеќе да ги прави вообичаените работи со Вас... Тоа се предупредувачки знаци. Партнерите често ги избегнуваат своите сопружници или им кажуваат помалку за својот ден, бидејќи е невозможно да се запомнат сите лаги, објаснува професионалниот детектив. И зголеменото и намаленото либидо може да биде признак за тајната. - Прељубниците честопати се помалку заинтересирани за секс дома, бидејќи веќе го имаат надвор. Но, понекогаш може да бараат и повеќе секс дома затоа што се чувствуваат виновни. Тие го користат водењето љубов за да ја сокријат својата измама, вели Бонд. Натаму, стресот од изневерувањето и чувањето сè внатре - може да предизвика многу негативни емоции коишто потоа ќе се излеат на површина во облик на вербални напади кон сопружникот. - За да се ослободат од тензијата што ја чувствуваат внатре, ќе се обидат да се убедат себеси дека Вие сте проблемот и од никаде стануваат критички настроени кон вас, појасни Бонд. Сепак, тој предупредува оти секоја врска е различна и дека овие знаци може понекогаш да укажуваат и на други, сосем различни проблеми. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Испишуваме ново поглавје во јавната хигиенаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен. - До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите. Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците, а на таа запуштеност ѝ се става крај со работа и конкретни дела. Со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
МакедонијаСтојковски: Од 200 до 300 нови пациенти годишно се лекуваат на Клиниката за онкологија Расте бројот на заболени од канцер во Македонија. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се лекуваат 20 000 онколошки пациенти. Од 200 до 300 нови пациенти има годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикиниСрпската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста. Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура. Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59