Заедничка изјава на министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан

Заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Шесте земји од Западниот Балкан (WB60

Ние, Министрите за надворешни работи на Шесте земји од Западниот Балкан (WB6), во присуство на министрите на другите земји учесници во Берлинскиот процес, претставници на институциите на Европската Унија и Советот за регионална соработка, по нашиот состанок во Скопје, се согласивме за следново:

1. Надоврзувајќи се на Финалната декларација од Самитот во Загреб во 2000 година, Агендата на Самитот од Солун во 2003 година, Декларацијата и Агендата на приоритети од Самитот на ЕУ за Западниот Балкан од Софија во 2018 година, и земајќи ги предвид досегашните заложби за реформирање на нашите општества и овозможување на поцврста регионална соработка во светло на европската интеграција, ја повторуваме нашата постојана заложба за придржување кон, и промовирање на основните европски вредности: демократијата, владеење на правото, и почитта кон основните права, кои се истовремено и главните двигатели на економската интеграција, но и суштинската основа која поттикнува регионалнo помирување и стабилност.

2. Како интегрален дел од европскиот континент, и имајќи го предвид нашето заедничко минато но и заедничка иднина, го реафирмираме нашиот стратешки интерес за станување земји членки на ЕУ, додека градиме мирољубив, стабилен, и економски просперитетен регион во рамките на силна и обединета Европа. Со ова, одново потврдуваме дека обликувањето на нашите демократии во согласност со европските вредности и стандарди е во наш сопствен интерес, но и наша одговорност.

3. Адресирајќи ги најпрвин „основите" – како што се независното судство, борбата против организираниот криминал и корупцијата, реформата на јавната администрација, стабилното управување со економијата, слободата на изразувањето и слободата на медиумите, заштитата на човековите права и малцинствата, како и добрососедските односи – ја зајакнуваме нашата сопствена политичка и економска стабилност и се приклонуваме кон останатиот дел од европскиот континент. Овие основи ќе станат уште поважни за време на преговорите за членство.

4. Ја подвлекуваме важноста на зајакнувањето на демократските институции, на зајакнувањето на инклузивноста во демократскиот процес, и се заложуваме да преземеме натамошни реформи за да осигураме дека принципите на поделба на власта, спреги и кочници, како и слобода на изразувањето и заштитата на правата на лицата кои се припадници на малцинствата, вклучително и Ромите, се почитуваат и во пракса. Признаваме дека на овој пат се потребни поцврсти мерки.

5. Ја изразуваме нашата подготвеност за проактивен ангажман со цел директен придонес кон остварувањето на визијата за посилна Унија во глобалниот свет; негувајќи го европскиот начин на живот, заштитен од виталната и отпорна европска демократија; просперитетни економии кои осигуруваат и општествена еднаквост и напредок; визијата за климатски-неутрален континент; и за користење на најдоброто од модерната технологија на денешната дигитална ера.

6. Движејќи се напред, регионот треба силно да ја демонстрира својата зрелост, и да здобие и промовира сопствеништво, инклузивност, како и амбиција да создава додадена вредност за сите. Нашиот регион бил, и ќе биде доверлив партнер во справувањето со заедничките предизвици на Европската Унија, врз база на автентична волја за реформи и испорачување на конкретни резултати.

7. Конфигурацијата на шесте земји од Западниот Балкан (WB6) веќе постигна многу, и произведе редица успешни и просперитетни регионални иницијативи, како на пример – Регионалната економска област, Заедничкиот пазар за електрична енергија, Регионалната спогодба за роаминг меѓу WB6, итн. Сега е време за дополнително продлабочување на опсегот на соработката меѓу земјите од регионот и да ја засилиме ориентацијата кон резултати.

8. Во насока на ова, се обврзуваме за дополнителнa примена на Регионалната економска област, врз основа на правилата на ЦЕФТА и правилата и принципите на ЕУ, согласно Спогодбите за стабилизација и асоцијација (SAAs). Доколку регионот не работи заеднички, тогаш ни пристапувањето кон ЕУ нема да функционира. Регионалната соработка е услов без кој не се може, доколку сакаме да го забрзаме нашите процеси за пристапиување кон ЕУ.

9. Во оваа смисла, го поздравуваме обновениот фокус на ЕУ кон нашиот регион и ги поддржуваме тековните размислувања и разговори во насока на подобрување на пристапниот процес, особено во контекст на Комуникацијата на Европската Комисија од 5 февруари 2020 година за унапредување на пристапниот процес. Веруваме дека ова внесува нов политички квалитет, го обновува кредибилитетот на процесот, а додава и нова динамика и предвидливост. Во таа насока ја потенцираме важноста да се комплетира визната либерализација за сите WB6 во најскор можен рок. Исто така, во исчекување сме и на разгледувањата на Советот за ова прашање, како и за позитивна одлука за започнување на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија на Европскиот Совет во март.

10. Приоѓајќи им на обновените заложби со добра волја, веруваме дека тие ќе ги зајакнат кредибилитетот и довербата, и ќе придонесат кон еден подинамичен, попристаплив, и пообјективен пристапен процес, од заеднички бенефит за ЕУ, за земјите членки, како и за земјите кандидати за членство во ЕУ и другите потенцијални кандидати. Ова ќе доведе и до de facto пристапување кон ЕУ.

11. Гледајќи го пристапниот процес како инструмент со којшто се надминува јазот во стандардите меѓу земјите членки и земјите аспиранти; тој ја обезбедува и основата, но и алатките кои ќе дозволат здрав натпревар, нудејќи поттик за зајакнат реформски ангажман. Инсистирањето на внимателни, мериторни и објективни критериуми од една, и јасно признавање на напредокот во реформите од друга страна, ќе го придвижи процесот напред и ќе ја зачува вредноста на прогресивните промени.

12. Нашите напори за интегриран регион можат да ни дадат дополнителен мотив за нашата европска интеграција. Сакаме да испратиме силна и јасна политичка порака за важноста од кредибилен процес на проширување, и за важноста на остварлива ЕУ перспектива за целиот регион, како и да подвлечеме дека нашите напори за зајакната регионална соработка се условени и од заеднички, одлучни напори за забрзан европски процес за пристапување. Пробивот на овој пат е неопходен, што e можно поскоро.

13. Го делиме ставот дека Берлинскиот процес (БП) и другите регионални иницијативи не се замена за проширувањето на ЕУ. Овие иницијативи служат за консолидација и одржување на динамиката на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Го поздравуваме Заедничкото претседателство на Република Бугарија и Република Македонија, модел кој за првпат употребен во рамките на Берлинскиот процес, што нуди јасни перспективи за засилена регионалнa сопственост.

14. Поврзаноста и понатамошното спроведување на Регионалната економска област остануваат клучни компоненти на Берлинскиот процес. Го поздравуваме јасниот фокус на Заедничкото претседателство, придвижуван од желбата за „продлабочување наспроти проширување", како и за негување на сеопфатен пристап кон меѓусебното поврзување (connectivity). Ова има за цел да ја подобри економската кохезија и поврзаност во регионот од секој аспект (транспорт, непосредна комуникација (people-to-people), нови технологии, дигитална интеграција, енергија, економија, млади, животната средина, образование итн.).

15. Исто така, ги поздравуваме и зацртаните приоритети на Заедничкото претседателство. Напорите за промовирање на засилена регионална интеграција, поврзаност, и олеснето движење на производи, услуги, капитал и луѓе ќе ги одржат нашите економии витални, а нашите индустрии компетитивни. Овој процес треба да биде воден од принципот на вклученост на сите, што претставува додадена вредност на целиот процес. Продолжуваме со поддршката за континуирана соработка со цел создавање на најсоодветни инструменти кои водат кон конвергенција меѓу ЕУ и регионот, на политички, економски, и правен план, како и на планот на граѓанското општество.

16. Обративме внимание и на размислувањата и дискусиите на Тинк-тенк форумот (ТТФ), ко-организиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис "– Скопје, и Канцеларијата на Европскиот совет за надворешни односи во Софија, кој се одржа пред министерскиот состанок. По нашата интеракција со претставниците од тинк-тенк заедницата, ќе го продолжиме дијалогот со регионалните граѓански организации, имајќи ја предвид нивната улога во креирање на јавни политики, како и во процесот на носење одлуки поврзани со ЕУ.

17. Во насока на испорачување конкретни резултати за Самитот во Софија во 2020 година, ги поддржуваме плановите на Заедничкото претседателство за остварување на поблиска соработка со сите наши партнери, вклучително и европските институции, Советот за регионална соработка, учесниците во Берлинскиот процес, меѓународните финансиски институции, како и останатите релевантни чинители и засегнати страни во процесот. Стремејќи се кон синергија и комплементарност, остварувањето на поблиска соработка со хрватското и германското претседателство со Советот на Европската Унија ќе биде од круцијална важност, со цел да се зачува европската перспектива за Западниот Балкан да се одржува високо на агендата на ЕУ, со што ќе се обезбедат опипливи резултати во однос на одржлива стабилност, мир, и просперитет во регионот.

Заедничка изјава на министрите за надворешни работи на шесте земји од Западниот Балкан

Како врз граѓаните влијаеше кампањата за претседателските и парламентарните избори?

Во фото-финишот на изборната кампања, колкаво влијание имаше таа врз одлуката на граѓаните за кого би го дале својот на 8ми мај и дали им се допадна начинот на кој што кандидатите ги презентираа своите програми пред нив? 

Ова е прашањето кое екипата на Канал 5 им го постави на граѓаните.

Дел од нив оценија дека кампањата била добро искористена, иако својата одлука за кого би гласале ја донеле уште пред нејзиниот почеток.

- Ми се допадна и многу беше фино и немаше никакви проблеми.Па треба да се направи промена, претседател да има за сите луѓе во државата, нема врска кој ќе биде само да биде како што треба за сите.

- Добро е искористена кампања како кампања има и позитивни и негативни страни. Воглавно е добро во однос на други некои збиднувања во светот овдека е сосема мирно. Па кампањата не влијае многу кај луѓето сите си се определени уште пред тоа.

- Сосема нормално. Дали ќе влијае врз вашиот глас? Не пошто знам за кого ќе гласам.

Сепак има и такви кои сметаат дека наместо за претставување на реални проекти, кампањата била користена за меѓусебни обвинувања и дека тоа нема да влијае врз нивната конечна одлука.

- Во ништо не верувам, што да ти се допадне од лошите доаѓаат уште полоши.

- Кампањата е досадна и сувишна не знам овие партиите што се замислуваат, јас мислам не влијае на никој тоа.

-По фаците или по програмите кои што ги немаат, по што?

- Не гласам и не сакам да гласам нема за кого да ви кажам искрено едните проверени, вториве и тие се мењаваат 30 години, што ќе гласам.

Инаку, на првиот круг на претседателските избори своето право на глас го искористија 905.958 граѓани, односно излезноста изнесуваше речиси половина.

Уште една сообраќајна несреќа со смртни последици

Уште еден живот прерано згасна на македонските патишта.

39 годишен скопјанец со своето семејство околу 3ч по полноќ излетале од од автопатот Кочани-Штип со возило Рено Лагуна кое го управувала сопругата. Таа и двете малолетни деца биле хоспитализирани со повреди. Ова се случи само два дена откако на патот Радовиш – Штип во несреќа загинаа уште две лица на 27 и 49 годишна возраст.

Периодот од април до август е најризичен, а тоа го потврдуваат статистиките со години наназад велат универзитетските професори за безбедност во сообраќајот, па очекувањата се дека така ќе биде и годинава, со висок ризик за трагични последици...

Во овој период од годината сообраќајот станува се поинтезнивен, а со тоа се интензивираат и сообраќајните незгоди, за жал и смртните последици од истите..

Елементите на пат, патната околина, непочитување на сообраќајни знаци, возење брзо и под дејство на алкохол, несоодветна сигнализација се само дел од ризик факторите. Професорот Зоран Јошевски смета дека ние како држава немаме системски пристап кон безбедноста во сообраќајот и дека не знаеме што се случува во истиот. Според него, репресивните мерки се во ред, но недостасуваат превентивните, како и системските промени.

-Ние сите чекаме да заврши годината, аха, ни се случија 130 загинати во сообраќајни незгоди, толку сообраќајни незгоди и врз основа на тоа влечеме статистики, аха, подобри сме за три проценти, за пет проценти, но оној кој изгубил близок свој во незгода, воопшто не му значи дали безбедноста се влошила или подобрила за 2 или 3 проценти. Ние треба да ги пресретнеме сообраќајните незгоди, врз основа на одредена, констатирана фактичка ситуација да видиме што ни се случува и кои ни се аномалиите дури и на локално ниво, доле да се спуштиме, секоја од општините има свои карактеристики, различни проблеми има, на пр. имаме општини каде што алкохолот ни е стварно проблем, а имаме општини каде брзината ни е поголем проблем и тука треба да се реагира превентивно.

Допрва доаѓаат и матурските прослави, па многу од допрва полнолетните, а и оние кои се уште се малолетни и без возачки ќе седнат позади воланот, од МВР апелираат до родителите на совесност.

-Прво станува збор за неискусни возачи, а исто така знаеме дека на тие прослави се консумира алкохол и се разбира кога се консумира алкохол не смее да се управува возило. За жал имаме многу санкции за возачи кои управуваат возило без положен возачки испит, најчесто малолетници кои добиваат автомобил од своите родители. Правејќи му ќејф на своето дете можете да го однесето во трагични последици,- - Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Во меѓувреме со потоплото време на улиците се враќаат и мотоциклите, велосипедите и тротинетите кои дополнително го прават сообраќајот предизвикувачки, па од МВР апелираат на севкупна претпазливост. А, веќе денеска, во Охрид беше прегазен велосипедист кој е со тешки повреден пренесен во болница...

Аналитичарите сметаат дека оваа кампања не донела ништо ново за гласачите

Спротиставени концепти и ветувања кои во реалност тешко дека би се оствариле. Вака дел од аналитичарите гледаат на изборната кампања за двојните избори.

Аналитичарот Благојче Атанасовски вели дека ветувањата се големи, од независно судство и ефикасна администрација, до капитални и инфраструктурни проекти, но неиздржливи за кондицијата на македонскиот буџет.

-Што се однесува до програмите на политичките партии мислам дека тие се едни те исти преповторени во измнитатите 30 години на македонската повеќепартиска независна демократија од аспект дека сите ветуваат независно судство, независна и ефикасна администрација, и секогаш кога ќе заврши четиригодишниот мандат без разлика дали станува збор за СДСМ или ВМРО ДПМНЕ гледаме дека ни 20-30 проценти од програмите не се исполнети односно тоа ни укажува дека даваат тотално нереални ветувања,- изјави – Благојче Атанасовски – Аналитичар .

Според комуникологот Бојан Кордалов вториот дел од кампањата остава впечаток како да е се решено во првиот круг од претседателските избори. Сепак кај граѓаните вели, големи се очекувањата дали ќе ги исполнат дадените ветувања.

-Видовме една кампања во вториот круг во која се препушти се како да е однапред познато, како целиот исход однапред да се знае, што во одредена мера е очекувано, меѓутоа во 21 век е, дигитализација, се стои и се се памети а влогот е навистина голем и она што се ветуваше во двата кампуса ќе треба да се направи особено од оние што треба да ја направат идната влада,- изјави – Бојан Кордалов – Комуниколог.

Ниту оваа изборна кампања не помина без провокации и меѓусебни обвинувања и кај македонскиот и кај албанскиот политички кампус. И Атанасовски и Кордалов се согласуваат дека иако се потпишаа кодекси за фер избори, на крајот на денот преовладувала негативната кампања која нема им да донесе глас повеќе на контото на партиите.

-Тоа значи само оцрнување на противникот, еден вид на задоволување на сопственото гласачко тело, а не придобивање плус гласови од неопределените. Мислам дека неопределените гласачи сакаат да слушнат многу позитивни работи доколку би го дале својот глас,- изјави – Благојче Атанасовски – Аналитичар.

-Политичките партии, особено оние што водеа масовна црна кампања си ја научија лекцијата. Се надевам дека ќе имаат шанса да се предомислат ипоправат во иднина а тоа е дека црната кампања не носи добивка. Тоа е дека црната кампања и заплашувањето ако се променат работите дека ќе настане потоп не даваат резултати. Единственото нешто кое ги врзува луѓето, граѓаните, всушност е надежта, е ветувањето дека нешто ќе направите подобро во интерес на граѓаните и ставање на луѓето во прв план,- изјави – Бојан Кордалов – Комуниколог .

Изборната кампања која започна со првиот круг на претседателските избори, а потоа и за парламентарните, по повеќе од еден месец завршува вечерва на полноќ.

притисни ентер