Задолжителна регистрација и 20 евра за патување во земјите од Шенген зоната од 12 октомври - Канал 5

Задолжителна регистрација и 20 евра за патување во земјите од Шенген зоната од 12 октомври

Од октомври електронска регистрација, а од идната пролет дозвола која ќе чини 20 евра, ќе биде задолжителна за патување во земјите од Шенген зоната, вклучително и за граѓаните на Македонија...  

Задолжителна регистрација и 20 евра за патување во земјите од Шенген зоната од 12 октомври

Наместо најавуваните 7, таксата за влез во земјите членки на Европската Унија ќе чини 20 евра. Брисел објави и дека системот за влез/излез со кој бара регистрација на биометриските податоци на граѓаните ќе почне во октомври годинава а целосно функционален ќе биде до април догодина. Со тоа се воведува и ЕТИАС електронска дозвола за која граѓаните ќе треба да аплицираат пред патување во ЕУ и е потребно за влез во сите 30 членки на Унијата и Шенген зоната. А помеѓу земјите на чии граѓани им е потребно одобрението, наведена е и Македонија.

И додека од Македонската национална асоцијација на туроператори и туристички агенции засега нема коментар, дел од сопствениците на туристички агенции за Канал 5 велат дека секоја промена што носи нови финансиски надоместоци се одразува на туризмот и на џебот на македонските граѓани.

„Не само овој начин на плаќање за влез во ЕУ туку годинава се зголемија и туристичките такси, во хотелите се зголемија цените, се зголемија многу цените и на самите сместувања што дополнително го отежнува буџетот на нашиот народ, што дополнително ова ќе биде уште еден фактор плус што ќе придонесе веројатно за намалување на бројот на патувањата Знаеме дека секој си има одреден буџет кога планира било какво патување.“

По најавата за зголемување на надоместокот реагираше Асоцијацијата на европски авиокомпании и туристички сектор. Сметаат дека зголемувањето на таксата е неоправдано, нејасно образложено и потенцијално штетно за граѓаните и индустријата.

„Иако надоместокот можеби изгледа симболичен, неговото кумулативно влијание врз семејствата и туристите е сериозно, особено во контекст на растечките цени на сместување и другите трошоци.“

...наведуваат тие во заедничка реакција во која бараат од Европскиот Парламент да ја укине. Македонските туроператори велат и дека новата такса ќе им донесе тешкотии и во организирањето на групните патувања слично како со формуларите во времето на ковид пандемијата.

„Дефинитивно ова ќе биде тежок процес не само за патниците туку и за нас како агенции коишто ќе треба многу време додека се навикнеме и да се инкорпорираме во целиот овој начин на фактирирање поготово кога станува збор за оние групни патувања низ Европа.“

Инаку според упатството на официјалните веб страници на ЕУ, процедурата за аплицирање изгледа едноставна - онлајн формулар со лични податоци, броеви на пасош и одговори на безбедносни прашања. Одобрението треба да го добиете автоматски за неколку минути и важи три години. Исклучоци се децата под 18, лицата над 70, придружните членови на семејства на државјани на ЕУ и определени дипломати – тие не плаќаат такса, но сепак ќе мора да поседуваат валидно ЕТИАС одобрение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инциденти

Илјадници граѓани излегоа на улиците низ Франција во текот на вчерашниот ден, барајќи подобри услови за живот, повисоки плати и поголеми инвестиции во образованието.  

Над сто илјади луѓе на вчерашните протести во Франција, регистрирани и инциденти

Протестите на повеќе локации прераснаа во инциденти и судири со полицијата, а беа регистрирани и приведувања. Според податоците на полицијата, на демонстрациите учествувале повеќе од 100 илјади луѓе, од кои околу 24.000 во Париз. Синдикатот на младите, пак, изнесе повисока проценка, тврдејќи дека на протестите се приклучиле околу 200 илјади. Инциденти биле регистрирани во Париз, Лион, Бордо и Нант, каде што биле приведени над 120 луѓе. На демонстрациите биле ангажирани околу 70.000 полицајци, исто колку и за претходните три големи протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа.

Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат.

Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година.

Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција.

Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст.

Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност.

Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември.

Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели.

Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности.

Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој.

Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.

Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер