Задар му го нанесе седмиот пораз на Партизан оваа сезона во АБА лигата - Канал 5

Задар му го нанесе седмиот пораз на Партизан оваа сезона во АБА лигата

Кошаркарите на Задар забележаа победа над Партизан во последниот дуел од 10.коло на АБА лига. За најтрофејниот клуб во регионалната лига ова беше дури седми пораз оваа сезона, а Задар синоќа стигна до петтиот триумф по што се искачи во горната половина на табелата.

Задар му го нанесе седмиот пораз на Партизан оваа сезона во АБА лигата

Партизан падна на претпоследното место со ист број бодови како последно пласираната Сутјеска.
Резултати од 10.коло:
Задар – Партизан 65:61,
Крка – Сутјеска 58:66,
Мега Цибона 76:72,
Будуќност – МЗТ Скопје 65:55,
Црвена звезда – Игокеа 81:87,
Цедевита – Олимпија 82:58 и
Тајфун – Металац 76:63.
На табелата води Будуќност со 18 бодови, па следуваат Црвена звезда, Цедевита и Мега Лекс со по 17 бода. Игокеа, Задар и Крка имаат по 15, со 14 освоени бодови се Мзт Скопје Аеродром, Унион Олимпија, Цибона, Тајфун и Металац, а по 13 имаат Партизан и Сутјеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар.

СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.

Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност.

Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса.

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните.

Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа состојба.

Институциите остануваат целосно посветени на решавање на проблемот. Веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а согласно проценките на надлежните служби, во најбрз можен рок се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење во Гостивар.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка микс двојка на Грен слемот во Њујорк

Најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и најдобрата свестка тенисерка во моментов, Арина Сабаленка ќе ги здружат силите на последниот грен-слем турнир во сезоната УС Опен во Њујорк.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка микс двојка на Грен слемот во Њујорк

Српскиот тенисер и најдобрата тенисерка во светот заедно ќе настапат во конкуренција на мешани двојки на УС Опен, потврдија организаторите на турнирот во Њујорк.

Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката, со оглед на тоа што од едната страна на теренот ќе биде еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а од другата – тенисерка која веќе ги има освоено најголемите трофеи во женскиот тенис.

Челникот на Тениската асоцијација на САД, Крег Тајли, истакна дека новиот формат на мешани двојки претставува можност спортот уште повеќе да им се доближи на навивачите. – Секогаш кога можете да ги споите жените и мажите во ист тим, го прикажувате тенисот во неговото најдобро светло. Токму тоа го овозможува првенството во мешани двојки. Горди сме што повторно ги собираме најдобрите светски играчи во формат што ќе понуди возбудлива забава за нашите навивачи – изјави Тајли.

Натпреварите во мешани двојки на УС Опен ќе се играат од 24 до 26 август, пред почетокот на главниот дел од турнирот.

Во главната ждрепка ќе учествуваат 16-те најдобри двојки, а натпреварите во почетните кола ќе се играат до освојување на два сета. Сетовите ќе се освојуваат со четири добиени гема, додека при резултат 3:3, победникот ќе се одлучува со тај-брејк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп домаќин на Нетанјаху и Зеленски,ќе се разговара за војните во Иран и во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп е домаќин на израелскиот премиер Нетанјаху и украинскиот претседател  Зеленски.

Трамп домаќин на Нетанјаху и Зеленски,ќе се разговара за војните во Иран и во Украина

Ќе се разговара за војните во Иран и во Украина кои се во критична фаза.

Средбата со Нетанјаху ќе биде прва по почетокот на војната со Иран, која предизвика тензии меѓу двајцата лидери. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на Иран, безбедносната состојба на Блискиот Исток, Појасот Газа и можностите за обновување на дипломатските напори.

Трамп и Нетанјаху ќе разговараат и за спроведувањето на договорот меѓу Израел и Либан, како и за нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави.

Украинскиот претседател Зеленски ќе се обиде да обезбеди продолжување на американската поддршка за Украина, во услови на интензивирани руски воздушни напади и застој на мировните иницијативи.

Иако администрацијата на Трамп ги намали директните испораки на оружје за Киев, САД и натаму остануваат еден од најважните партнери на Украина, обезбедувајќи разузнавачка поддршка, како и пристап до сателитскиот систем Старлинк.

Средбите се следат со големо внимание бидејќи би можеле да дадат насоки за идната американска политика кон двете најголеми актуелни меѓународни кризи – војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер