Забранети: „ChatGPT“ не смее да зборува за овие луѓе - Канал 5

Забранети: „ChatGPT“ не смее да зборува за овие луѓе

„ChatGPT“ е исклучително корисен кога сакаме брзо да добиеме некои информации, но има и свои слаби точки.

Забранети: „ChatGPT“ не смее да зборува за овие луѓе

Има имиња кои кога ќе ги напишете на „ChatGPT“ , едноставно не функционира, односно добивате само повратна информација дека овој четбот во моментов не може да ви даде одговор за нив.

„ChatGPT“ го завршува разговорот веднаш штом спомнете некое од овие имиња, а сето тоа е резултат на специјалниот филтер што врши контрола пред четботот да испрати одговор до корисникот.

„OpenAI“ никогаш јавно не ги коментирал овие случаи, но најверојатно тоа се имиња на луѓе кои ја тужеле компанијата или побарале „трајно да се избришат“ од базата на податоци.

Ова се имињата по кои „ChatGPT“ го заврши нашиот разговор (како што се напишани на англиски):

  • Brian Hood
  • Jonathan Turley
  • Jonathan Zittrain
  • David Faber
  • Guido Scorza

Сè започна со првото име на оваа листа, кога австралискиот градоначалник Брајан Худ се закани дека ќе го тужи „ChatGPT“ во средината на минатата година, откако откри дека четботот лажно тврдел дека Худ бил затворен за корупција, а всушност тој бил свиркач во случајот за кој се работи.

Што се однесува до останатите на списокот, ситуацијата е горе-долу слична. Главно се работи за луѓето кои го тужеле „ChatGPT“ поради лажните информации што ги ширел за нив.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Водата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Водата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена, откако Агенцијата за храна и ветеринарство изрече забрана како превентивна мерка до добивање на резултатите од лабораториските анализи. Одлуката следува откако со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад'' потврдуваат дека помош со симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност, побарале околу 1000 пациенти.

-Досега хоспитализирани пациенти нема, има само амбулантски пациенти кои примат терапија и се пуштат дома. Меѓу пациентите има од сите возрасти меѓу кои и деца и тоа околу 320 деца за 3 дена. Се чека резултат од Институтот за Јавно здравје за дополителни информации,- -ЈЗУ Општа Болница „Д-р Ферид Мурад'' Гостивар.

Од полицијата велат дека презеле итни мерки и активности на терен во село Вруток, се сомневаат дека пумпите биле поставени за да се зголеми притисокот на мрежата.

-Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар,- -СВР Тетово.

Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески рече дека е рано во моментов да се дава правна квалификација на настанот додека се преземаат истражни дејствија за да се утврди за што точно станува збор.

-На подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се преземаат конкретни истражни дејствија во кои се вклучени сите потребни институции за да се утврди таа состојба. Треба да се види дали станува збор за евентуално кривично-правен настан или се работи за состојба од друг аспект. Така што, во моментов се преземаат истражни дејствија од страна на надлежниот јавен обвинител од ОЈО Гостивар,- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ.

Од Институтот за јавно здравје потврдија дека се земени примероци, и во текот на викендот ќе ги имаат резултатите, а во меѓувреме се спроведуваат и епидемиолошки анкети.

-Веднаш по добивањето на налогот од ЈО, ИЈЗ испрати своја екипа, земени се мостри истите се дадени на обработка на анализа, во очекување сме на резултатите согласно протоколите, потребно е да бидат поминати 48 часа во однос на микробиолошките анализи. Штом ги имаме резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството,- изјави – Марија Андоновска – Директор на ИЈЗ.

Забраната за употреба на водата ќе остане во сила сè до добивањето на резултатите со кои ќе се потврди дали таа е безбедна за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатини

Стотици спасувачи во југозападна Кина се во трка со времето откако свлечиште утрово го погоди градот Чонгкинг, при што беа уништени згради, а жители останаа заробени под кал и урнатини.

Видео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатини

Катастрофата е една од неколкуте предизвикани од обилните врнежи и од екстремните временски услови кои погодија делови од кина во последните недели. Поради ситуацијата, на местото беа испратени високи претставници за спасување од Пекинг.

Локалните претставници во Чонгкинг забележале повремени одрони на карпи и издале итно предупредување околу 8 часот утринава, а според извештајот, околу еден час подоцна се случило големо свлечиште кое поминало низ неколку станбени објекти и ги заробило жителите кои биле во процес на евакуација.

Властите соопштија дека спасувачката операција продолжува и дека сите информации за евентуални жртви ќе бидат објавени подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење.

Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне.

Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства.

Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер