3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура
ЗабаваЗабранета намирница во домот на семејството НовакФантастичните достигнувања во тенисот на Новак Ѓоковиќ честопати се објаснуваат како резултат на упорниот тренинг, талентот, но и грижата за здравјето кое се базира на специфичната исхрана.Самиот Новак постојано одбиваше да се декларира како веган или вегетаријанец. Според него сето тоа се етикети кои подоцна погрешно се толкуваат - пренесува „Лепа и среќна“. Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, но тенисерот не ги избегнува јаглехидратите. Неговиот ручек најчесто се базира на тестенини, но без глутен. Кога станува збор за слатките, постои една позната анегдота кога по освојувањето на турнирот во Австралија 2012 година, одеднаш зел чоколадо, па изел само една коцка, а остатокот од таблата останал недопрен. Затоа на теренот секогаш има урми, одлични се поради нискиот гликемиски индекс. Од овошје богато со шеќер јаде и банани, а секој ден зема по две лажички мед манука. Во неговата исхрана вклучени се и јаткастите плодови и семките. Токму тие состојки се дел од колачите на Јелена. Таа советува да експериментирате сами, да измешате мелени јаткасти плодови по вкус, да додадете урми и кокосово масло, малку и бобинки - јагоди, малини. Какаото и индиските ореви можат да бидат одлични додатоци. Смесата измешајте ја и формирајте бомбици, а потоа оставете ги да се изладат. Извор: blic.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕксплозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута. ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец. Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар. Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив. 🚨🇮🇷 Another day, another oil tanker IN FLAMES in the Strait of Hormuz, with Iran's Revolutionary Guards releasing footage of the burning vessel. Tehran says the tanker was attempting to pass through the strategic waterway without authorization. Writer: Oliver https://t.co/wqbwoEpDXV — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 14, 2026 Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно на нишан?Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз. Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби. Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите. Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом. Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп. Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица. Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала. Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор МацураВо позадина на случајот Алта Банка стојат бизнис интереси на СДС и ДУИ, Бесими ја отворил темата на Влада а фирма на сватот на Ахмети зела 5 милиони евра кредит.Случајот Алта Банка е доказ за начинот на владеење на СДС И ДУИ предводени од Ахмети и кланот Заеви. Случајот Алта Банка е доказ и Дека државата и граѓаните на СДС и ДУИ не им биле важни а единствен интерес им биле бизнис шемите, нетранспарентните зделки, енормнто богатење на поединци преку ноќ како и провизиите и полнењето на сопствените џебови врз грбот на народот. Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Фирмата на сватот на Ахмети добива 5 милиони евра кредит од Алта Банка Србија. Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски сектор. Контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола подоцна преименувана во Алта банка Македонија купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети. Во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак“ на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка“ во Белград. И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, во финалниот чин, компанијата „АС Сењак“ на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка“, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија. Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград. За во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак“ му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија“ и инкасира милиони. Дали кредитот од 5 милиони евра и купувањето на акциите биле меѓусебно поврзани? Дали преку кредитирањето на фирма од бизнис-кругот на Ахмети, Мацура индиректно го финансирал сопственото влегување на македонскиот пазар? Колку чинеле акциите и колкава финансиска добивка остварил продавачот? Филипче и СДС да престанат да сеат магла во јавноста и да кажат дали на 24 октомври 2023 година, кога Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница, знаеле за деловните релации со компанијата на сватот на Ахмети? Дали тогаш СДС и ДУИ имале сознанија за потеклото на капиталот на банката и евентуални сомнежи? Зошто молчеле за деловната соработка меѓу круговите на ДУИ, Давор Мацура и Алта банка? Нема недопирливи! Секој сомнеж мора да биде проверен, а секоја утврдена незаконитост да биде санкционирана. ВМРО-ДПМНЕ бара транспарентност, институционална одговорност и целосно расчистување на случајот.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00