Забранет влез во Бугарија за државјани од трети земји

Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев издаде наредба со која се воведува привремена забрана за влез на територијата на Бугарија на сите граѓани од трети земји.

Со наредбата се воведува и процедура за ставање под карантин, како и специјални правила за лицата кои вршат дејност на испорака на стоки и услуги. Се забранува и влегувањето на граѓани, независно од нивното државјанство, а кои доаѓаат од западно европските држави на сите гранични премини и со сите видови транспорт. Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.

притисни ентер