Забрана за влез на товарни возила во Република Грција поради очекувано невреме

МВР ги известува граѓаните на Македонија дека утрово од 05.00 часот до утре на полноќ (24.00 на 06.01.2020), според добиените информации од грчките погранични служби, е воведена забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција.

Забраната важи на граничните премини „Богородица", „Стар Дојран" и „Меџитлија", со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег. /МИА

Сити пронајде замена за Едерсон

По седум години поминати во Манчестер Сити, голманот на тимот Едерсон најверојатно ќе си замине од „Етихад“, а „граѓаните“ веќе пронашле негова замена.

Бразилецот е еден од најважните играчи на Манчестер Сити во последните години и е одговорен за многу трофеи на Сити. Како што пренесуваат некои медиуми, дошло до заситеност и Едерсон размислува за потенцијален трансфер во друг клуб.

Дека Манчестер Сити е сериозен клуб говори и тоа што веќе нашле потенцијална замена доколку се случи Едерсон да го напушти клубот. Резервна опција најдоа во Милан, односно голманот Мајк Мањан. Францускиот репрезентативец имаше одлична сезона и со години е еден од најталентираните голмани.

Мањан кариерата ја започна во ПСЖ, па се пресели во Лил, а пред три години го облече дресот на Милан.

Хала Томасдотир избрана за нова претседателка на Исланд

Претприемачката Хала Томасдотир денеска беше избрана за нов претседател на Исланд, според конечните резултати од изборите на кои нејзината ривалка, поранешната премиерка Катрин Јакобсдотир го призна поразот.

Катрин Јакобсдотир (48) денеска и честиташе на својата противкандидатка и победничка Хала Томасдотир (55), која освои 34,3 отсто од гласовите.

Поранешната премиерка освои 25,5 отсто од гласовите. Во април таа поднесе оставка како премиерка на лево-десната влада за да се кандидира за претседателка.

Резултатите и даваат на Хала Томасдотир, која беше втора на претседателските избори во 2016 година, посилна поддршка отколку што очекуваа анкетите пред гласањето.

Медиумите ја опишуваат како бизнисменка која била една од основачите на Универзитетот во Рејкјавик, а сега се занимава со инвестиции.

Таа ќе биде втора жена претседателка на Исланд. Вигдис Финбогадотир стана првата демократски избрана жена за шеф на државата во 1980 година.

Претседателот има главно почесна функција во Исланд која е парламентарна република, но тој е гарант за почитување на Уставот и националното единство.

Претседателот има право на вето на текстовите во парламентот и може да распише референдум.

Во Исланд, земја со 380.000 жители, претседателските кандидати традиционално се кандидираат како независни, без партиска припадност.

Може да се кандидира секој граѓанин што ќе собере 1.500 потписи.

Новата претседателка на 1 август ја презема функцијата од многу популарниот Гудни Јоханесон, кој ја извршуваше функцијата од 2016 година и не се кандидираше за уште еден мандат.

Видео: Колку едно трепкање, робот го соборува светскиот рекорд во местење Рубикова коцка

Роботот од јапонската компанија „Mitsubishi Electric“ постави нов светски рекорд во решавање на Рубиковата коцка постигнувајќи време од неверојатни 0,305 секунди.

Гинисовата книга на рекорди го препозна овој резултат, кој е за 0,075 секунди подобар од претходниот рекорд.

Овој импресивен резултат е повеќе од десет пати побрз од најдобриот рекорд остварен од човек: Тој рекорд е во сопственост на Корејецот Макс Парк со време од 3,13 секунди. Парк го постави својот рекорд минатиот јуни на натпревар во Калифорнија, решавајќи 3x3x3 ротирачка коцка.

Времето од 0,305 секунди, кое го постигна роботот, е еквивалентно на трепнување на окото. Овој рекорд го одразува драматичниот напредок на полето на роботиката во последните години. Во 2009 година, светскиот рекорд за робот кој решава Рубикова коцка беше една минута и четири секунди.

„Mitsubishi Electric“ го постигна овој подвиг користејќи „компактни, моќни сервомотори кои реагираат на сигналот“, кои му овозможуваат на роботот да ја ротира коцката за 90 степени за само 0,009 секунди. Главниот ограничувачки фактор за постигнување уште побрзи времиња се физичките карактеристики на самата коцка.

притисни ентер