Забрана на дизел автомобилите во 4 региони во Италија? - Канал 5

Забрана на дизел автомобилите во 4 региони во Италија?

За две недели, поточно од 1 октомври 2025 година, во четири северни италијански региони, Ломбардија, Пиемонт, Венето и Емилија Романа, ќе стапи на сила забрана за движење на возила со дизел мотори од еколошкиот стандард Евро 5.

Забрана на дизел автомобилите во 4 региони во Италија?

Ограничувањата ќе важат во текот на работните денови до пролет 2026 година, а потоа секоја есен и зима, како дел од мерките за подобрување на квалитетот на воздухот.

Сепак, италијанската влада размислува за одложување на спроведувањето на оваа мерка.

Ограничувањата ќе важат за сите градови со повеќе од 30.000 жители во гореспоменатите региони. Во Емилија-Ромања, забраната ја опфаќа и пошироката област околу Болоња и општините Фјорано Моденезе, Маранело и Рубиера. Правилата важат и за локалните жители и за патниците што минуваат низ овие области во дизел возила Евро 5.

Работното време на забраната по региони:

Ломбардија (Милано) – од 7.30 до 19.30 часот

Други региони – од 8.30 до 18.30 часот

За време на викендите и празниците, движењето ќе биде дозволено.

Автомобилите Euro 5 произведени помеѓу 2011 и 2015 година во гореспоменатите региони бројат повеќе од еден милион. Сепак, системот Move-In им овозможува на возачите ограничен годишен број километри со инсталација на GPS уред; доколку ограничувањето не се надмине, возилото може слободно да се користи.

Иако забраната официјално беше воведена во 2023 година во согласност со пресудите на Судот на правдата на ЕУ за загадувањето, сегашниот министер за транспорт Матео Салвини повикува на нејзино укинување или одложување:

„Јас лично работам на измена на претстојниот Закон за инфраструктура за да се избегне оваа забрана што ќе донесе сериозни проблеми за семејствата, вработените и економијата, особено во долината По, се наведува во Извештајот.

Еколошката транзиција мора да биде придружба, а не строга забрана“, рече Салвини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, српскиот репрезенативец Урош Плавшиќ, е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение за напад врз обезбедувач на Военомедицинската академија (ВМА).

Уапсен кошаркарот на Србија, Урош Плавшиќ !

Како што пренесува „Спортињо“, инцидентот се случил во текот на ноќта меѓу 16 и 17 јули, кога Плавшиќ наводно ја прескокнал оградата на ВМА и стигнал до шалтерот за прием бр. 2, каде што физички нападнал воено лице кое било на должност. Обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот и веднаш ја известило Воената полиција за инцидентот.

Потоа, припадниците на Воената полиција го предале Плавшиќ на патрола на Министерството за внатрешни работи. Во инцидентот, припадникот на обезбедувањето се здобил со полесни повреди на главата и раката.

На Плавшиќ му е одреден притвор во траење до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз воено лице при вршење воена служба, а за понатамошните чекори ќе одлучи надлежното обвинителство.

Инаку, како штпо пренесуваат дел од српските медиуми само неколку часа пред апсењето, Плавшиќ и неговата сопруга, инфлуенсерката Јована Томиќ, организирале голема црковна венчавка и прослава за семејството и пријателите.

Двојката претходно стапила во граѓански брак пред една година, на интимна церемонија. Плавшиќ неодамна стана играч на романскиот клуб Клуж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди источниот дел на Турција. 

Силен земјотрес регистриран во источниот дел на Турција

Потресите беа почувствувани во неколку провинции, а засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди источната турска провинција Малатија рано утринава, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот се случи во 6:20 часот по локално време, со епицентар во областа Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД.

Потресот се почувствувал и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа. АФАД соопшти дека засега нема извештаи за материјална штета или жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тухел: „Виновен сум, но не жалам“

Селекторот на Англија, Германецот, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство.

Тухел: „Виновен сум, но не жалам“

Германецот изјави дека не жали за ниту една измена и дека ја презема целосната одговорност врз себе.

На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не смета оти одлуките биле погрешни.

„Ако некој треба да биде виновен, тоа сум јас. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Не жалам за моите одлуки; ги донесов врз основа на искуство, инстинкт и желба да му помогнам на тимот да победи. За жал, резултатот не беше таков каков што посакувавме“, рече Тухел.

Англија водеше со 1:0 сè до 85-тата минута, но Аргентина, предводена од Лионел Меси, успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето. Тухел објасни дека одлуката неговиот тим да премине на формација со петмина во одбраната била донесена за да се запрат нападите на Аргентина.

„По нашиот гол, Аргентина заигра со многу поголем ритам. Не успеавме да ги спречиме нафрлувањата ниту влегувањето на нивните играчи во шеснаесетникот. Затоа преминавме на систем со петмина во одбраната за да ги затвориме крилните позиции. Сепак, станавме премногу пасивни, додека Аргентина го подигна нивото на играта“, објасни тренерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер