Заборавете на белило:Како облеката да ви биде бела како во рекламите - Канал 5

Заборавете на белило:Како облеката да ви биде бела како во рекламите

Во целата процедура, нема многу мудрост ниту работа.

Заборавете на белило:Како облеката да ви биде бела како во рекламите

Веќе сигурно знаете дека лимонот е добар апсолутно за се. Тој е одличен додаток на пијалаците, лимонадата е незаменлива а може да се користи и во некои производи за убавина кои можете да ги направите дома.

Но, дали знаевте дека ова кисело овошје може да направи вашата долна облека и постелнина да биде како што сте сакале одсекогаш, а никогаш не сте можеле да го постигнете овој ефект?

Со овој неверојатно лесен трик, вашиот сон за белата долна облека ќе стане реалност.

Сè е едноставно: кога ќе ставите бела облека следниот пат во машината, наместо белило ставате четвртина или половина чаша сок од лимон.

Значи, ако имате блуза или постелнина која ја изгубила совршено белата боја и ви станала сивкаста, користете лимон и вратете им го оригиналниот сјај!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер