ЗдравјеЗаблуди во врска со здравата храна Внимавајте на прикриените калории и шеќери во следниве намирници! Посебно важно е да се избегнува диеталната храна. Вљубениците во здравата храна и фитнес инструкторите популаризираа нов начин на исхрана форсирајќи смути и протеински пијалоци за кои многумина веруваат дека се здрави. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека одредени видови смути може да содржат и до 400 скриени калории. На нивната листа се најде и јогуртот кој се смета за здрав оброк и пробиотик неопходен за здравјето на организмот. Но, се чини дека овој напиток и не е толку здрав како што се чини, бидејќи содржи живи култури. За да се намали неговата калориска вредност, од јогуртот се отстрануваат маснотиите, но се додава шеќер за да се подобри вкусот. Сувото овошје е исто така омилена здрава ужина. Но, како што предупредуваат нутриционистите, важно е да внимава на внесената количина. Јаткастите плодови се богати со влакна, витамини и други хранливи материи. Сепак, малкумина од нас знаат дека содржат повеќе шеќер и калории од свежото овошје. Исто така, многу диетални намирници содржат конзерванси и нездрави масти, па не се добри за здравјето. Оние што веруваат дека диеталните сокови ќе им овозможат да ослабат и позитивно ќе влијаат на нивното здравје, грешат, тврдат експертите. Бидејќи овие напитоци освен што може да ве згојат, може и да ви го покачат крвниот притисок и да влијаат на цревните бактерии. Повеќето луѓе прибегнуваат кон вештачки засладувачи како замена за шеќерот, бидејќи ги сметаат за поздрави во однос на белиот шеќер. Но, стручњаците советуваат да го намалите внесот на секакви шеќери, вклучително и оние што се сметаат за здрави. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Соседски патроли“ во Карпош – заедничка акција за побезбедна заедницаВо рамки на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вечерва во Општина Карпош беше спроведена акцијата – „Соседска патрола“.Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на ПС Карпош, Стефан Тасевски, началникот на ОКР, Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца. Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во општината каде што во вечерните часови најчесто се собираат младите, како што се паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Во рамки на вечерашната партола, беа остварени непосредни разговори со младите, при што им беа упатени препораки за совесно и одговорно однесување во јавниот простор, чување на урбаната опрема и почитување на јавниот мир. Посебен акцент беше ставен на советите за превенција од меѓуврсничко насилство и злоупотреба на алкохол и други ризични однесувања. Акцијата „Соседски патроли“ е активност која е дел од редовните превентивни активностите на Полициската станица Карпош и се спроведува во заедничка соработка со Општина Карпош, со цел јакнење на партнерството помеѓи институциите, родителите и локалната заедница. Општина Карпош останува посветена на креирање безбедна средина за сите граѓани преку активности и соработка со сите надлежни институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХеројот на Светското првенство се одмара дома додека го чека трансферот на кариерата По извонредниот наспат на Светско првенство, голманот на мундијалската сензација, Зеленортски острови, Возиња го чека својот трансфер на кариерата, и е се поблиску до приклучување кон Интер Мајами, каде што би можел да игра покрај Лионел Меси.Возиња ги доживува најдобрите денови во својот живот. Четириесетгодишниот голман од Зеленортските Острови беше еден од најголемите херои на Светското првенство, а неговите спектакуларни одбрани му донесоа светска слава. Тој моментално е на одмор во својата татковина и сподели детали од одморот на социјалните мрежи. Vozinha is enjoying his best life back home in Cape Verde 🇨🇻❤️ pic.twitter.com/1BDTW4VwsZ — Cleverly 💐 (@Cleverlydey4u) July 9, 2026 На турнирот пристигна со само 50.000 следбеници на социјалните мрежи, но денес има речиси 30 милиони, со што е голман со најмногу следбеници во светот. По истекот на договорот со португалскиот клуб Шавеш, искусниот голман моментално е слободен играч и го очекува својот следен чекор. Возиња ја започна својата професионална кариера во Батуке во Сао Висенте, пред да се пресели во Португалија. Настапуваше за Жил Висенте, Леишоеш и Г.Д. Чавес – клубот чии бои ги бранеше во изминатите три сезони. Според достапните информации, Интер Мајами покажа интерес за искусниот голман. Иако е во своите четириесетти години, Возиња покажа дека сè уште може да брани на највисоко ниво, па интересот на американскиот клуб не претставува изненадување. Пред само неколку дена, Возиња размени дрес со Лионел Меси, а наскоро би можел да му стане соиграч на Аргентинецот во МЛС-лигата.Тагови: Интер Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveawayСо новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway: Дозвола, надоместок и јасно утврдени услови за организирање.Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел од новините што ги воведува новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, кој почнува да се применува од 14 јули. Целта на новото законско решение со кое за прв пат се воспоставува регулирана рамка за приредување на подарувања (giveaway), е да се утврдат јасни правила, обврски и услови за организаторите, како и поголема транспарентност и правна сигурност за учесниците. Согласно новото законски решенија, за приредување giveaway задолжително ќе се издава дозвола, која се добива по поднесување барање до Министерството за финансии најдоцна 30 дена пред денот определен за започнување на играта. Доколку организатор на подарувањето е трговец- поединец, кон барањето за издавање дозвола доставува правила на подарувањето, докази за потеклото на наградите, документ за регистрација издаден од Централниот регистар, информација за економско-финансиската состојба врз основа на последната годишна сметка, доколку вршел деловна активност, доказ за платен надоместок за поднесување на барањето во износ од 100 евра во денарска противвредност, како и доказ за подмирени јавни давачки по основ на даноци, царини и придонеси. Доколку организатор е трговско друштво, покрај наведената документација за трговец-поединец, кон барањето задолжително доставува и документ за регистрација издаден од Централниот регистар, како и потврди од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за добивање или одземање дозвола за приредување игри на среќа, ниту привремена или трајна забрана за вршење на дејност за приредување игри на среќа. Доколку барањето го поднесува трговско друштво во име и за сметка на друго трговско друштво, потребно е да се достави документацијата што се однесува на трговското друштво во чие име и за чија сметка се поднесува барањето. Законот воведува и обврска организаторот да плати надоместок за приредување на играта во висина од 18 проценти од вкупната вредност на фондот на наградите. Надоместокот се плаќа пред започнување на играта, во рок од три дена од приемот на дозволата, а доколку не биде уплатен во законскиот рок, дозволата се одзема. Новина е и тоа што правилата на играта задолжително треба јавно да бидат објавени пред започнување на подарувањето, а резултатите, односно добитниците, да бидат објавени најдоцна во рок од три дена од денот на извлекувањето или определувањето на добивките. Паричните и стоковните награди мора да бидат исплатени, односно преземени, во рок утврден со правилата на играта, кој не може да биде подолг од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите. Со Законот детално се пропишува и содржината на правилата на играта. Тие задолжително треба да содржат податоци за организаторот, производите или услугите што се рекламираат, условите за учество, времетраењето на играта, начинот на извлекување и определување на добитниците, вредноста на наградите и вкупниот награден фонд, начинот на нивно доделување, постапката за приговор, како и забрана за учество на вработените кај организаторот и членовите на нивните потесни семејства. Времетраењето на една игра на среќа од типот giveaway не може да биде подолго од една година. Со новиот Закон, за првпат се воведува законска дефиниција за подарување (giveaway). Тоа претставува игра на среќа во која влогот за учество се состои од активности како лајкување, тагнување, споделување или објавување содржини, а која се организира од трговско друштво или трговец поединец заради рекламирање на производи или услуги, на вообичаен или електронски начин, преку интернет, мобилни уреди или други платформи. Законот ги дефинира и поимите „лајкување“ и „тагнување“ како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта. Со воспоставувањето на овие правила се создава единствена законска рамка за организирање на giveaway активности, се утврдуваат јасни обврски за организаторите и се обезбедува поголема транспарентност, правна сигурност и заштита на учесниците при приредување на ваков вид игри на среќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook