Заблескајте без да одите во салон за разубавување (видео) - Канал 5

Заблескајте без да одите во салон за разубавување (видео)

 Пет трикови што ги користат манекенките за да изгледаат беспрекорно

Заблескајте без да одите во салон за разубавување (видео)

Тоа што ви е потребно, веќе го имате.

За убавина и добар изглед, речиси секоја жена е спремна да плати скапи производи што ѝ гарантираат негувано и убаво лице. Иако ефикасноста на многу од овие производи не е доведена во прашање, сепак некои тајни се кријат во она што веќе го имаме во несесерот или во нашиот дом и не се користи само за нега, туку и во исхраната.

Британската инфлуенсерка и манекенка Меригрејс Тропеано, која ја следат 1,2 милиони луѓе на мрежата Тикток, реши на дамите да им ги открие тајните за нејзината убавина и триковите кои ги научила додека работела како модел, а кои можат многу да помогнат во негата и подготовката на лицето за шминкање, без да одите кај професионалец.

1. Мраз за лице

Како што наведува инфлуенсерката во својата објава, препорачливо е пред шминкањето, лицето да го поминете со коцка мраз. На овој начин ќе ја намалите подуеноста и ќе го решите проблемот со порите. Таа поминува со коцка мраз по целото лице, вклучувајќи ги и усните.

2. Користење на коректор

Повеќето дами знаат дека коректорот ги покрива сите несовршености на лицето, а често го користиме за подочниците и пределот околу очите. Во тој случај, најдобро е да го оставите да делува две до три минути пред да преминете на следниот чекор во шминкањето. Така, коректорот ќе се изедначи со природната боја на кожата, па ќе изгледате поприродно, а ќе успеете да ги покриете сите несовршености.

3. Пудра

Пред да ја нанесете пудрата на лице, прво со марамче земете од пудрата и нанесете на раката, откако ќе ја намачкате на лицето, фиксирајте ја пудрата со марамчето (видео). Ова ќе спречи пудрата да навлезе во ситните брчки и шминката ќе ви трае цел ден.

@marygracetropeano We brought it back 🤪 - Beauty hacks I learnt after becoming a model 📸✨ #hacks #model #lifehacks #model #modellife #modeltiktok #modeltok #modelcreator #fyp ♬ Fireball Challenge - 🕺🏼Hoodie fam🌏

4. Пилинг за усни

Пред да нанесете кармин, направете мешавина од малку мед и шеќер, која поволно ќе делува на вашите усни како пилинг. Направете пилинг на усните и почекајте 3-5 минути. Усните ќе бидат мазни и подготвени за нанесување кармин.

5. Магичниот вазелин

Вазелинот е познат по тоа што ја измазнува кожата и ја храни, а оваа манекенка наведува дека го нанесува на усните и рацете. Манекенката советува кремите на база на вазелин да ги вклучите во секојдневната нега.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

На денешната седница на Уставниот суд, на која се разгледуваше Иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик.

Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

На денешната седница на Уставниот суд, на која се разгледуваше Иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, предупреди дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Тој кажа дека отфрлањето на Иницијативата е извесно и очигледно според интенцијата од расправата на седницата на Уставниот суд:

„Најголемата опасност денес е Уставниот суд да ни потврди дека може да имаме нерамноправни услови за настап на изборите. Можно е денес да го погази начелото на рамноправност на политичките субјекти и начелото на политичкиот плурализам во Република Македонија”, потенцираше Мециновиќ.

Мециновиќ истакна дека проблемот не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања.

„Левица не бара финансии. Левица бараше и бара рамноправен пристап до медиумскиот простор, до рекламирањето на телевизиите, порталите и билбордите. Тоа не е грев, туку треба да се запрашаме зошто имаме власт која пробува својот авторитаризам да го наметне како норма”, објасни пратеникот од Левица.

Според него, доколку Уставниот суд ја потврди спорната законска одредба, ќе се создаде преседан што во иднина може да биде применет против секој политички субјект кој ќе го наруши комодитетот на големите партии.

„Веќе имавме преседан на минатите избори. Ако денес го потврдиме тој преседан, тоа значи дека секоја идна партија што ќе сака да им ги помати сметките на партиите на олигархијата ќе може да добие ваков третман. Тоа не треба да им биде прифатливо ниту на медиумите, ниту на политичките чинители, ниту на граѓанскиот сектор”, алармираше пратеникот.

Во своето обраќање, Мециновиќ ги критикуваше и аргументите што беа изнесени за време на расправата во Уставниот суд:

„Слушнавме апсурдни аргументи дека постои опасност од укинување на одредбите затоа што не се знаело дали партиите ќе се договорат. Уставниот суд политичка одлука ли носи? Опасноста од политички исход не може да биде пред оценувањето на уставноста, што е главната работа на овој Суд.”, кажа Мециновиќ.

Тој нагласи дека Левица на последните избори не добила ниту денар државно финансирање за платено политичко рекламирање и дека суштината на спорот е еднаквоста во изборниот натпревар.

„Јас како кандидат добив нула денари на минатите избори. Не се работи за финансирањето, туку за тоа зошто нашата политичка платформа не смее да има исти правила како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Зошто ние не можеме да ги претставиме своите идеи под исти услови како другите политички партии?“, праша тој.

На крајот, Мециновиќ порача дека борбата за фер избори е борба за демократијата и политичкиот плурализам во државата.

„Демократијата одново и одново се освојува. Таа не е нешто што еднаш ќе го добиеме и засекогаш ќе ни остане. Авторитарните власти, како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе пробуваат дел по дел да воведуваат нови правила за тие да останат во удобна положба, а идеите што им се спротивставуваат да не можат да се натпреваруваат на ист терен.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group.

Министерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group, со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за Дигитален иновациски хаб.

Меморандумот, од страна на Emirates Investment Group, го потпиша Н.Е. д-р Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на групацијата.

Целта на меморандумот е да се овозможи соработка во делот на подготовка на стратешки и инвестициски презентациски материјали, обезбедување советодавна поддршка, усогласување со најдобрите практики од ОАЕ и меѓународните практики, како и поддршка во процесот на привлекување меѓународни инвеститори, стратешки партнери и технолошки оператори.

Министерството за дигитална трансформација преку ваквите активности продолжува да работи на отворање нови можности за поголема меѓународна видливост на земјата во областа на дигиталните инвестиции, иновациите и напредните технологии.

Оваа соработка претставува важен чекор кон зајакнување на дигиталниот екосистем, создавање услови за нови партнерства и поддршка на иницијативи кои можат да придонесат за економски развој и подобро позиционирање на државата во глобалните технолошки текови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иванов: Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите

Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите, завршени експресните Градско-Фариш, Страцин-Крива Паланка, подготовки за Кочани-Делчево и Струмица-Радовиш.

Иванов: Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите

Со посветена работа од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот.

Како никогаш до сега во поновата историја на државата се случува голем бум на градежништво, како еден од главните драјвери на економскиот развој, се градат патишта, автопатишта, експресни патиштата.

Тоа го потврдуваат и од последните податоци на Државниот завод за статистика, кои велат дека за месец април имаме исклучително висок степен на реализација на капитални проекти што е за речиси една третина подобар за истиот месец од лани.

Ваквиот градежен бум се должи на две години интензивна, посветена и макотрпна работа на Владата за изнаоѓање на решенија, решавање на наследени и тековни проблеми, инвестиции кои ја развиваат економијата и го подобруваат животот на сите граѓани во Република Македонија.

Интензивно се работи на завршување на останатиот дел од автопатот Кичево-Охрид, од кој 37 километри се пуштени во употреба и граѓаните веќе ги користат.

Следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце, со што веќе се обезбедени средства, избрани се консултантот и изведувачот, кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Албанија и во Црна Гора.

Сериозен прогрес на градежните работи има и на автопатиштата од Коридорот 8 и 10Д. Со изведувачот е постигната нова динамика за изградба на автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола. Забрзани се постапките за експропријација и решени се преку 2500 постапки, остануваат уште мал број на постапки да се дорешат.

Се поништи одлуката на претходната Влада за изградба на тунел на трасата Гостивар-Букојчани со што заштедени се 252 милиони евра во Буџетот, додека на делницата Прилеп-Битола веќе од следната година очекуваме да се вози по едната лента.

Тука се и експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш за кои почнаа подготовките за нивна изградба. Тоа се проекти кои со години се ветувани и никој до сега, ниедна власт не направи ништо за изградба на овие патишта.

Кога сме кај експресните патишта не смееме да ги заборавиме Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка кој е дел од Коридорот 8, кои по долги години застој, Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно ги заврши и ги пушти во употреба.

Се инвестира и се гради во секој дел од државата, инфраструктурно се развиваме насекаде, со крајна цел, исполнување на стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот.

Душко Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер