ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
1ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
3СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!
МакедонијаЗабележано движење на снежна маса (лавина) на подрачје на НП Шар Планина - нема пријави за исчезнати луѓе Националниот парк Шар Планина преку соопштение ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри.Тие објаснуваат дека зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. Овие фактори, во комбинација со рељефните карактеристики на теренот, создаваат услови за нестабилност на снежната покривка и појава на лавини. - По добиена дојава од операторот за слободно скијање со ратраци „Ескимо спорт“ за забележана лавина на подрачјето на паркот, екипа на Националниот парк Шар Планина излезе на терен и изврши увид на локацијата каде што е потечена лавина. Претходно, екипа на операторот „Ескимо спорт“ извршила пребарување на лавинскиот терен со употреба на лавински уреди, при што е констатирано дека во лавината нема затрупани лица кои со себе поседуваат лавински уреди, а до овој момент нема пријави за исчезнати лица. За среќа, настанот поминал без човечки жртви, соопштуваат од Националниот парк. Паралелно со теренскиот увид, била спроведена и експертска анализа на стабилноста на снежната покривка од страна на стручен тим од образовна институција специјализирана за безбедност во планинскиот туризам. - Согласно извршената проценка, утврден е висок степен на лавинска опасност – степен 4, според европската скала за оценување на лавинскиот ризик (5 – многу висок, 4 – висок, 3 – значителен, 2 – умерен, 1 – низок).Националниот парк Шар Планина ги предупредува сите посетители да постапуваат со зголемена претпазливост, да избегнуваат движење во потенцијални лавински зони, како и да не се движат во повисоките делови на планината без придружба на квалификувани и стручно обучени лица. Истовремено, се апелира посетителите навремено и точно да ја пријавуваат својата посета преку официјалната веб-страница на паркот, се вели во соопштението. Стручните служби на Националниот парк Шар Планина, во соработка со туристичките оператори и експертите за лавини, континуирано ќе ја следат состојбата на терен и навремено ќе ја информираат јавноста за сите промени поврзани со лавинската опасност. - Потсетуваме дека зимските убавини на Шар Планина претставуваат исклучителна природна атракција, но истовремено бараат високо ниво на одговорност, информираност и строго почитување на безбедносните принципи и правилата за движење во заштитено подрачје. Дополнително, важно е да се нагласи дека лавинската опасност е тешко предвидлива појава, која бара значителна експертиза и внимателна проценка на теренските и временските услови, потенцираат од НП Шар Планина. Од таму со апел до сите посетители личната безбедност да ја стават на прво место и да придонесат кон безбедно, одговорно и одржливо користење на планината. Тагови: снег Шар Планина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министерСДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче. Нека кажат на кои докази го темелат тоа? Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС? За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место. Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина. Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаНиколоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на СтрумицаНиколоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата. На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните. Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината. Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари. На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран. Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација. Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста. Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета. Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов. Кој е наследникот на таа традиција? Груевски. Велеше Ванчо - македонски син. На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила. Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски. Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција. Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост. СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“. Атентатот врз демократијата нема да остане без име. Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда. Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот. Оваа група ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook