Забележана рекордно ниска активност на Сонцето – Дали тоа е спас од глобалното затоплување? - Канал 5

Забележана рекордно ниска активност на Сонцето – Дали тоа е спас од глобалното затоплување?

Сонцето деновиве го достигна својот историски најнизок соларен минимум.

Забележана рекордно ниска активност на Сонцето – Дали тоа е спас од глобалното затоплување?

Поточно, овој викенд Сонцето без пеги траеше повеќе од 271 ден, вклучувајќи ги и последните 34 дена по ред. Нашата sвезда не била никогаш толку без сончеви пеги од почетокот на модерната ера на вселенските истражувања.

Претходната рекордна година без пеги беше 2008 , кога Сонцето беше јасно 268 дена, пишува „Spaceweather “.

Но, што значи ова и дали недостигот на соларни активности е некако поврзан со глобалното затоплување или климатските промени?

За да одговориме на ова прашање, прво мора да објасниме што е сончевиот минимум. Познато е дека Сонцето се движи во 11-годишни циклуси, кои се слични на отчукувањата на срцето, односно имаат изразен активен и слабо активен период; кои се познати како соларен максимум и минимум.

За време на секој од овие циклуси, Сонцето претрпува различни промени во својата активност: нивоата на сончево зрачење, количината на материјал што Сонцето ги испушта и бројот на сончеви пеги се зголемува (или намалува).

Сончевите пеги се всушност невреме на сончевата површина, придружено со интензивна магнетна активност и ерупции на топол гас. Поентата на најголемата активност на Сонцето се нарекува соларен максимум.

Според Меѓувладиниот панел на ООН за климатски промени (ИПЦЦ), научниот консензус е дека варијациите во сончевата активност играат многу мала улога во климатските промени. По повеќе од 40 години сателитско следење, откриено е дека сончевата енергија се зголемила за помалку од 0,1 проценти во овој период.

Од друга страна, од 1750 година, затоплувањето предизвикано од стакленичките гасови како резултат на согорувањето на фосилните горива е повеќе од 50 пати поголемо од малото затоплување што доаѓа од самото Сонце во истиот временски интервал, пренесува НАСА.

Сонцето во моментов минува низ соларен минимум, односно ниско ниво на соларна активност. Некои научници дури шпекулираат дека ова може да биде почеток на периодичен соларен настан наречен висок минимум, додека други веруваат дека нема доволно докази за да се поддржи ова тврдење.

За време на високиот минимум, сончевиот магнетизам се намалува, а сончевите пеги се појавуваат многу ретко. Големите падови можат да траат неколку децении, па дури и цел век. Најновиот ваков настан се случил за време на т.н. ,,мал леден период” , кој траел од 13-тиот до средината на 19 век и кога имало малку сончеви пеги меѓу 1645 и 1715 година.

Неколку неодамнешни студии ги разгледаа ефектите што новиот голем минимум би можел да ја има врз глобалната температура. Овие студии сугерираат дека високиот минимум би можел да ја олади планетата за околу 0,3 степени Целзиусови, што во најдобар случај ќе го забави глобалното затоплување предизвикано од луѓето.

Во отсуство на висок минимум, што е поверојатно, научниците веруваат дека нивото на активноста на сончевите дамки и сончевите ветрови ќе имаат минимална улога во затоплувањето или ладењето на планетата, пишува Scientific American.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата.

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија.

Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во Македонија, нешто што не им успева, бидејќи граѓаните ја препознаваат стабилноста во државата.

Зошто Филипче и СДС се толку гласни за Алта банка? Чека ли спремен бизнисмен близок до Заев за багателна цена да ја откупи банката? Инаку, зошто би сакале СДС да пропадне некоја банка, по стилот на Еуростандард?

Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата, рече Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва го вооружува Техеран со моќните системи С-400, во тек се преговори

Иран и Русија се во преговори за испорака на напредните руски системи за воздушна одбрана С-400 на Техеран, изјави висок ирански функционер.

Москва го вооружува Техеран со моќните системи С-400, во тек се преговори

Функционерот рече дека Иран е „оптимист“ дека рускиот претседател Владимир Путин конечно ќе ги испорача системите што Иран ги бара со години, објави британскиот Телеграф.

Според функционерот, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, вчера го испратил својот шеф за безбедност, Мохсен Резаи, во Кремљ со лично писмо, во кое главното барање било испорака на С-400, руски ракетен систем земја-воздух со долг дострел.

Двете страни разговарале и за изградбата на нов гасовод меѓу Русија и Иран.

Кремљ соопшти дека целта на посетата на Резаи на Москва е „понатамошно развивање на билатералната соработка“ меѓу двете земји.

Фајненшл тајмс претходно објави дека Русија се согласила да испорача 90 ракетни лансери на Иран, кои се наменети да бидат монтирани на хеликоптери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е подигнато на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. 

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција, на која ги претстави клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација.

Министерот посочи дека по оценката „ограничен напредок“ во периодот од 2021 до 2024 година и „одреден напредок“ во 2025 година, годинашната оценка претставува потврда за спроведените реформи.

„Зад ова поместување стојат донесени закони, воспоставени системи и услуги што граѓаните сè повеќе ги користат. Стојат и луѓе што секојдневно работат овие промени да станат функционални“, истакна Андоновски.

Електронски услуги – повеќе обврски да се завршуваат целосно електронски

Во делот на електронските услуги за граѓаните и компаниите, Андоновски посочи дека, според Извештајот, до крајот на август на Националниот портал биле достапни 338 услуги. Следниот приоритет е постапките да можат да се завршуваат целосно електронски, без дополнително одење во институциите.

„Знаеме што значи одењето по документи. Излегување од работа, патување до друга општина, чекање и дополнителни трошоци. Понекогаш цел ден потрошен за една административна постапка. Секоја услуга што успешно ја префрламе во електронска форма треба да реши дел од тој проблем“, нагласи министерот.

Тој додаде дека критериумот за следниот период е јасен: „Повеќе услуги што можат да се завршат целосно електронски, од поднесувањето на барањето до добивањето на документот“.

Интероперабилност – институциите да разменуваат податоци, наместо граѓаните да носат документи

Како втора клучна област, министерот ја издвои размената на податоци меѓу институциите. Тој посочи дека месечните трансакции на платформата за интероперабилност се зголемиле од 700 илјади во 2024 година, на 1,4 милиони во 2025 година и 5,2 милиони во 2026 година.

„Институциите мора да разменуваат податоци, не граѓаните документи. Од граѓанинот не треба да бараме да биде посредник меѓу две државни институции“, порача Андоновски.

Министерот нагласи дека поврзувањето на регистрите мора да биде проследено со квалитетни податоци, јасни правила и приспособување на административните постапки.

„Нашата обврска е да го поставиме системот. Од секоја институција очекуваме активно да учествува и да ги приспособува своите постапки. Само така поврзувањето ќе значи побрза услуга за граѓанинот“, истакна тој.

Електронско управување со документи – нови 20 институции ќе се приклучат на еДМС

Европската комисија нотира дека до крајот на јуни 2026 година, централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива – еДМС го користеле 44 институции. Неговото воведување е препознаено и во делот за реформата на јавната администрација.

„Барањето може да пристигне електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија и се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со еДМС работиме на целиот тек на предметот: приемот, распределувањето, постапувањето, потпишувањето и архивирањето“, објасни Андоновски.

Тој нагласи дека системот треба да обезбеди јасен увид во движењето на предметите, поорганизирана работа и поголема одговорност на администрацијата, најавувајќи негово дополнително проширување.

„Нашата цел е електронското работење да стане секојдневна практика во администрацијата. Затоа проширувањето на еДМС останува меѓу нашите приоритети. Оттука, можам да најавам нови 20 институции на платформата во наредните месеци“, изјави министерот.

Сајбер-безбедност – воспоставен владин тим (MKD-GOV-CSIRT) и вложувања во одговор на инциденти

Во областа на сајбер-безбедноста, Комисијата го нотира воспоставувањето на владиниот тим за одговор на компјутерски инциденти, како и вложувањата во платформа за одговор и во стручни капацитети. Андоновски посочи дека усвоената законска и стратешка рамка поставува основа за поорганизирано постапување и зајакнување на подготвеноста на институциите.

„Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност. Граѓаните со право очекуваат нивните податоци да бидат заштитени, а системите да бидат достапни кога им се потребни“, истакна тој.

Министерот најави продолжување на вложувањата во кадри и капацитети за навремено препознавање на заканите и координирана реакција.

„Во оваа област резултатот бара континуитет. Затоа ќе продолжиме да вложуваме во тимовите и во способноста на институциите да ги заштитат своите системи“, порача Андоновски.

Вештачка интелигенција – над 90 милиони денари за „Везилка“ и нови можности за истражувачите и компаниите

Како петта област, министерот ги издвои вештачката интелигенција и проектот „Везилка“, координиран од ФИНКИ. Извештајот ја препознава националната антена за вештачка интелигенција, а во Поглавјето 25 ја издвојува „Везилка“ како проект што ја поврзува Македонија со европскиот екосистем преку партнерството со „Фарос“.

Андоновски посочи дека Владата и Министерството вложуваат повеќе од 90 милиони денари во проектот, како и капацитети и поврзувања што треба да овозможат практична примена на вештачката интелигенција.

„Сакаме македонските истражувачи, студентите и компаниите да добијат повеќе можности да развиваат и да применуваат решенија со вештачка интелигенција. Сакаме и малите компании да можат да ја користат технологијата за подобри производи, поголема продуктивност и пристап до нови пазари“, истакна министерот.

„Талент имаме. Нашата задача е да создадеме услови тој талент да работи, да истражува и да создава тука, во Македонија“, додаде Андоновски.

Министерот се осврна и на апликацијата „м.Услуги“, промовирана по периодот опфатен со Извештајот, нагласувајќи дека продолжуваат подобрувањата врз основа на забелешките на корисниците и развојот на дигиталниот паричник. Преостанатите препораки на Европската комисија, како што посочи, се прифаќаат како работни обврски, со фокус на поедноставување на постапките, проширување на заедничките системи и подобрување на пристапноста на услугите.

„Европската оценка е важна потврда. Секојдневното искуство на граѓаните е нашата трајна мисија по која сакаме да нè оценуваат. Помалку одење по шалтери. Побрзи постапки. Побезбедни услуги. Повеќе можности за нашите компании и млади луѓе“, порача Андоновски, се наведува во соопштението.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер