Забележал бездомник во метро, а потоа почна ужасот (ВИДЕО) - Канал 5

Забележал бездомник во метро, а потоа почна ужасот (ВИДЕО)

Кларенс Џејси се движел по платформата на метрото во Њујорк кога видел бездомник како спие на студениот бетон.

Забележал бездомник во метро, а потоа почна ужасот (ВИДЕО)

Тој се доближил и забележал дека нешто се движи под ќебето со кое несреќникот се покрил. Немал поим каков хорор ќе сними.

Кларенс се обидел да му се јави на бездомникот, што се слуша на видеото кое е прегледано повеќе од 21 милион пати, пишува Дејли Стар.

Кога човекот конечно стана од под ќебето, десетици стаорци излетаа и истрчаа кон железничката пруга.

Предупредуваме дека сцената може да биде вознемирувачка за некои читатели.

@six4bk718 #NYC #MTA #nyctransit #subway #fypシ #foryou ♬ original sound - heathcliff Beavenhausen

За среќа, бездомникот не е повреден, а голем број корисници на социјалните мрежи не можеле да се соземат од шокот.

„Колку е тажно и страшно човек да живее во овие услови“, „Зошто му беа стаорците под ќебето“, гласат дел од коментарите.

Поединци го нарекоа бездомникот „крал на стаорците“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега

Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари.

Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава.

Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот.

Сè беше јавно и транспарентно објавено.

Јавноста беше информирана колку чини прославата и за што се трошат парите.

Така е домаќински и правилно.

Сега со Мицкоски и ВМРО 5,5 милиони евра се потрошени.

Дваесет и три пати повеќе пари!

Пари од Државната лотарија, од нераспределената добивка која требало како дивиденда да заврши во државниот буџет.

Затоа, лагата дека ова не се буџетски или народни пари не поминува. Тоа се пари на граѓаните. И мора да има одговори каде се потрошени и да има одговорност.

Мицкоски прво излажа дека прославата ќе чини „нула денари“. Потоа се обиде да ја сокрие сметката, докуметните, анексите, договорите, фактурите.

Наместо отчетност и транспарентност, криење, молк за провизиите и за тоа во чии џебови завршија 5,53 милиони евра.

Ете ја разликата.

Мицкоски организираше една вечер за 5,53 милиони евра – скриено, нетранспарентно и преку сомнителна шема со Државната лотарија.

Тоа е разликата кога државата организира домаќински и кога организира банда.

Овде мора да постапи Јавното обвинителство.

Обвинителот Ненад Савески треба веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација и да ја следи трагата на парите.

Не мора само Мицкоски да го повикува на телефон за да постапува, не мора да чека да седне до него.

Одговорност мора да има.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на дизелот во Германија достигнаа рекордно ниво

Полнењето на резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. 

Цените на дизелот во Германија достигнаа рекордно ниво

Цената на дизелот во Германија достигна ново рекордно ниво. Просечната цена по литар вчера изнесуваше 2,471 еврa, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,453 евра, поставен само еден ден претходно. Полнењето на резервоар од 50 литри сега чини 123,55 евра. Во меѓувреме, цената на бензинот благо опадна, од 2,314 на 2,308 евра по литар.

Поскапувањето е предизвикано од воената ескалација на Блискиот Исток и во Персискиот Залив, што доведе до нагло зголемување на цените на суровата нафта. Проблемите со снабдувањето дополнително се влошуваат поради дефекти и оштетувања на енергетските постројки. Автомобилскиот клуб „ADAC“ проценува дека цените на нафтата и девизниот курс на еврото само делумно ги објаснуваат исклучително високите цени на германските бензински пумпи.

Владата разговара за мерки за олеснување

Овие нови рекордни цени вршат притисок врз сојузната влада. Канцеларот Фридрих Мерц најави брзи мерки за олеснување, иако сè уште нема консензус во рамките на владејачката коалиција за нивната конкретна форма.

Генералната секретарка на „CDU“, Франциска Хоперман, за првпат изнесе конкретни бројки во четвртокот вечерта за време на емисијата „Мајбрит Илнер“. Таа изјави дека намалувањето на цената за 21, 23 или 25 центи по литар би било забележливо. Се очекува прашањето да се разгледува на почетокот на октомври.

Партиите од Унијата предлагаат намалување на даноците за енергија или на ДДВ-то за гориво. Од друга страна, министерот за финансии Ларс Клингбајл се залага за воведување европски данок на екстра-профитот на нафтните компании. Сè уште не е постигнат конечен договор.

Совети за заштеда на пари при полнење гориво

Возачите кои сакаат да заштедат пари треба да полнат гориво непосредно пред пладне. Од 1 април, на бензинските пумпи им е дозволено да ги зголемуваат цените само еднаш дневно – во 12:00 часот – додека можат да ги намалуваат повеќепати во текот на денот. Според податоците на „ADAC“, бензинот и дизелот генерално се најевтини во утринските часови. Цените забележливо растат токму напладне, а потоа постепено опаѓаат во текот на остатокот од денот.

Се препорачува и споредување на цените, бидејќи тие можат значително да варираат помеѓу пумпите во иста област. Горивото обично е значително поскапо на бензинските станици покрај автопатот, па дури и кратко скршнување од рутата може финансиски да се исплати.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Холивудски пар воодушеви во Торонто

Холивудската ѕвезда, актерката Пенелопе Круз во кожа и тантела, нејзиниот сопруг, шпанската актерска ведета Хавиер Бардем не го трга погледот од неа, холивудски пар воодушеви во Торонто.

Фото: Холивудски пар воодушеви во Торонто

Шпанските актерски ѕвезди Пенелопе Круз и Хавиер Бардем блеснаа на премиерата на филмот „Бункер“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ги толкуваат главните улоги.

Двојката, која важи за еден од најхармоничните парови во Холивуд, повторно привлече внимание на црвениот тепих, само неколку дена откако заедно блеснаа на Филмскиот фестивал во Венеција.

Пенелопе и Хавиер ги толкуваат главните улоги во филмот „Бункер“, поради што публиката со нетрпение го очекува неговото пристигнување во кината.

Нивното заедничко појавување во Венеција, а потоа и во Торонто, дополнително го поттикна интересот за филмот, кој веќе се вбројува меѓу најочекуваните остварувања во кои славните сопружници играат заедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер