За Заев ставовите на Пендаровски и Филипче се израз на слобода

За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа, и не би требало да правам огради или слично. 

Премиерот Зоран Заев во врска со изнесените ставови на претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче за вакцинирањето на нашите граѓани во Србија, денеска изјави дека за него тоа е слобода, но сепак оцени дека реакцијата на Пендаровски не била соодветна.

-За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа, и не би требало да правам огради или слично. Јас знам за тоа министерот ме консултираше. Нападот е навистина несоодветен, јас го почитувам претседателот многу, имаме одлична соработка, но знаете не ни е лесно на никој. Прашањето којшто правиме во сите овие моменти да час поскоро најдеме вакцини, да ги донесеме, имунизацијата да се спроведе и слично, рече Заев.

Како Влада, рече тој, од самиот старт објаснивме дека слободниот избор на граѓаните е слободен избор дали ќе оди во пријателска соседна земја ќе ја прими вакцината.

– Но државата да учестува во таа работа нема да учествува, па макар и со издавање дозволи за време на полициски час. Не, затоа што државата е во нешто за кое што неможеме да носиме одговорност. Не дај боже нешто да се случи, како тоа ќе преземеме ние одговорност за оваа работа, рече Заев.

Според премиерот, Србија покажала огромен пријателски чин и тоа не можеме да го занемариме.

-Значи тие ги отворија границите и за граѓаните на Северна Македонија и на други земји да се вакцинираат и тоа е ок. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја солидарност и помагање е за поздравување. Но, истовремено не можеме ние да одиме, не знам цела една служба државна да ја носиме да се вакцинира. Тоа е недозволиво за државата. Ние сме држава. Може секој поединец и вработен во јавната администрација, но поединечо да оди, рече премиерот Заев.

Рече дека тој дал инструкции дека како институции не, но како граѓанин може секој да оди.

-Ние видовме родители на пратеник, родители на политичари, може има и некој политичар што отишол, не го знамее тоа, но тоа индивидуално го направил, не како институција, не како држава, рече Заев.

Второ нешто што е важно, според него, е што сега претседателот и министерот зборувале јавно за нешто за што не се согласувале, што не беше случај во минатото.

-Беше мисловна именка така претседателот и министерот да се искомуницираат кога не се согласуваат за нешто, па и не може за се да се согласуваме. На крајот здраво е да имаме и несогласувања, но тоа не значи дека не се дволно почитуваме, рече Заев.

Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк

Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика!

„Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе го поразиме стравот од различностите и ќе ги замолчиме националистите на 8-ми мај, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое нема да има поделби“, порачуваат во видео обраќање до целата прогресивна јавност Фатмир Битиќи и Санела Шкријељ кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2.

Битиќи ветува иднина во која за секого ќе има место, во која секој ќе биде достоинствено прифатен.

„Македонија е многу повеќе од било која политичка партија, таа е на сите нас, Бошњаци, Албанци, Македонци, Срби, Турци, Роми, Власи, Торбеши - на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, и тоа многу повеќе отколку што бевме во првиот круг на претседателските избори. Ве повикувам, застанете рамо до рамо со нас во градењето на општество во кое секоја различна нишка е вткаена во ткивото на единството. Каде што ќе нема повеќе поделби врежани во камен, ќе нема ѕидови кои не раздвојуваат“, порачува во своето обраќање кандидатката за пратеничка, Шкријељ

На крајот од видео обраќањето, потпретседателот на СДСМ и коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, Битиќи порачува – „во нашата Македонија етничката припадност, верата и идеологијата се вкрстуваат - не како борбени линии, туку како сојузници во заедничката и споделена европска иднина.“

Обраќањето е споделено и со видео пораки на мајчиниот јазик на кандидатите за пратеници, албанскиот и босанскиот јазик, преку што ја потврдуваат заложбата за Едно општество за сите.

Најубаво куче на светот е авганистански 'рт што доаѓа од Чиле

 Годинашното Светско шоу за кучиња на Саемот во Загреб, Хрватска, се одржа викендов. Победата и титулата најубаво куче на светот ѝ припадна на единка од расата авганистански 'рт која доаѓа од Чиле.

За прогласување на најубавите кучиња на светот беше одговорен професорот Никша Лемо, познат хрватски судија за сите раси, ветеринар и светски познат одгледувач. Женката по име Заида Бинт Мути Фон Хаусман го освои одличјето, заедно со својот сопственик и одгледувач Рамон Подеста Валенцуела. Инаку, Заида веќе има и бројни успеси на слични изложби. Зад себе овојпат „остави" еден кусоопашест англиски овчар и шкотски териер.

Здруженија и активисти за заштита на животните предупредуваат на големи злоупотреби на кучињата.

Се наведуваат, во таа смисла, и случаи на парење кучиња во сродство, кога може да се родат болни кученца, а се предупредува и на поткупливи судии... Загрижените љубители истакнуваат дека тука нема љубов кон животните, а има подло искористување и нечесна заработка. /МИА

Ковачки од Берово: 5,5 милиони евра за општината

Се обврзуваме на реконструкција на патот Берово – Струмица, Берово – Виница, Берово – Пехчево – Делчево и 5,5 милиони евра за општината.

800 милиони евра директна помош за нашите земјоделци, за нашите сточари.

800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово.

Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај.

Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево.

Почитувани граѓани,

На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3


притисни ентер