ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
2ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаЗа време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомвриПоследни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во октомври. Според информациите од Собранието, во петок или во сабота ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Според бројот на учесници, изборната администрација, вклучувајќи ги и вработените во Државната изборна комисија (ДИК), локалните избори се најголеми и најмасовни. Карактеристично исто така за овие избори е што дијаспората нема да може да гласа, а ако некој од македонските државјани сака да го искористи своето право тоа ќе може да го направи само доколку допатува во земјата. ДИК, како што брифираат оттаму за МИА, со месеци наназад се подготвува за спроведување на овие осми локални избори во земјата. Веднаш по распишувањето на изборите во петок или во сабота, ДИК ќе одржи јавна седница на која согласно Изборниот законик ќе биде објавен календарот со сите рокови за избирачките дејствија, како и сите права и обврски за избирачките органи, учесниците на изборите и медиумите. До крајот на месецот ДИК ќе го заврши случајниот избор на членовите на избирачките одбори од редот на администрацијата согласно податоците од Министерството за јавна администрација. За 3.500 избирачки места треба да бидат избрани 21.000 лица од администрацијата кои ќе бидат во избирачките одбори (ИО), кои во текот на септември ќе поминат комплетна обука за спроведување на изборите и ќе им бидат поделени прирачници. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Вреди, како партии односно коалиција со најголем број гласови на минатите избори, во септември, согласно роковникот, треба да номинираат 14.000 членови за избирачките одбори. Составот на избирачките одбори се менува бидејќи на нивните членови им е истечен мандатот. Општинските изборни комисии (ОИК), пак, чиј мандат трае уште една година, согласно Изборниот законик, имаат важна улога на локалните избори, бидејќи тие ги примаат кандидатските листи и ги потврдуваат, а потоа и одлучуваат по евентуални жалби, како и за приговорите за лично избирачко право. Еден од поважните рокови и изборни дејствија е увидот во Избирачкиот список (ИС), кој започнува 15 дена по распишувањето на изборите и трае дваесет дена. Ова е период во кој избирачите со право на глас, односно оние со наполнети 18 години, ќе можат да ги проверат своите податоци во ИС и доколку имаат забелешки и барања за корекции да ги допстават до ДИК електронски или до подрачните канцеларии на Комисијата. Избирачите можат и сега да го сторат тоа, но ажурираниот Избирачки список за локалните избори до ДИК ќе биде доставен набрзо по распишувањето на изборите односно следната недела. Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025, кој е веќе објавен, изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи. Од ДИК за МИА велат дека се направат напори по сите основи да се рационализира за да се намалат трошоците. Политичките партии и коалициите, како и други граѓани најавија учество на изборите. Дел од кандидатите веќе и се познати на јавноста и тие се меѓу граѓаните, се претставуваат на социјалните мрежи, во телевизиски и медиумски емисии. Некои од независните кандидати на минатите избори се обидуваат да регистрираат политички субјекти за да може полесно да се вклучат на изборите. Од ДИК коментираат дека не може да стане збор за прерано почната кампања на кандидатите бидејќи реално се уште нема кандидати за изборите. Кандидатурите односно листите согласно Изборниот законик се потврдуваат 30 дена пред изборите, а кампањата почнува 20 дена пред тоа. Во однос на тоа кои политички партии можат да учествуваат на изборите, од ДИК упатуваат на законските одредби, како за субјектите така и за кандидатите. Условот за партиите е да се регистрирани, а потврдата, што треба кај нив да ја достават, да не е биде постара од шест месеци. За изборот на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), велат дека мислење треба да даде самата ДКСК и упатуваат на членот 8а од Изборниот законик. Согласно членот 8а од Изборниот законик, меѓудругото, е превидено исто така дека не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи. Од распишувањето на изборите Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовните плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страница во посебна база за буџетски трошоци во изборен период. Две недели, пак, по распишување на изборите Министерството поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесувањето на извештајот кој се објавува на нивната веб страница. Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите. Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година. Тагови: локалните избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром во движење - се одбележува Европската недела на спортотОпштина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие.Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, во кои заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“ се дружеа, спортуваа и испратија силна порака за значењето на физичката активност, дружењето и тимскиот дух. Општина Аеродром континуирано вложува во развојот на спортот и создава услови за младите да бидат активни, да ги развиваат своите способности и да градат позитивни животни навики. Посветеноста кон спортот дава резултати, што се потврдува и со значајните успеси на спортистите и спортските екипи од Аеродром на државно и меѓународно ниво. Посебна благодарност до сите основни училишта, наставниците по физичко и здравствено образование и до Сојузот за училишен спорт - Аеродром, кои континуирано, со голема посветеност и ентузијазам, работат со децата, ги поттикнуваат да бидат активни и кај нив ја развиваат љубовта кон спортот. Општина Аеродром продолжува да создава можности за спорт, рекреација и активен живот за сите генерации, со цел да поттикне здрава и активна заедница. Да се движиме, да спортуваме и заедно да ја шириме BeActive енергијата.Тагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ? РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Талогот од СДС се махери сами да си дадат автогол. Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании. На СДС им работи потсвеста, заеднички со бугарската политика ја обвинуваат владата за лажни лобисти кои тие гордо ги фалеа и им делеа ордени. Што е заедничко помеѓу актуелната бугарска политика и СДС? Одговорот е едноставен, заеднички работат и ја обвинуваат владата за лажни лобисти. За која АТС Груп зборува Богданка Кузеска? Дали зборува за истата АТС Груп, фирма која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска која сега е заменик генерален секретар на НАТО? Или за истата АТС Груп за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека резултат на членството на НАТО или да го цитираме „Членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“. Можеби СДС и Кузеска зборуваат за истиот Демировски и АТС за кој медиуми пишуваа дека иако обвинет за шпионажа поврзана со споделување доверливи информации за воена опрема, а претходно обвинет дека поткупил лица за да му достават доверливи информации, сепак добил дипломатски пасош во владата на СДС како другар на Заев? Дали можеби Кузеска зборува за истата АТС за која Фатмир Битиќи нивниот пратеник, екс вицепремиер добиваше ордени и изјави дека ја отвораат можноста за истата да учествува во НАТО-тендерите за набавки, процес во кој тогашното министерство за одбрана предводено до Славјанка Петровска, сега пратеничка на СДС, дало целосна поддршка? Или можеби СДС и Кузеска зборуваат за АТС за која Ковачевски како премиер и лидер на СДС викаше дека активно придонесува за колективниот систем на за одбрана на НАТО? Навистина веќе е дегутантно занимавањето на СДС со ширење лаги и дезинформации. Тешката безидејност во која се наоѓаат веќе станува хронична состојба на една партија окупирана од криминални структури, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаРасел со најбрзото време на првиот тренинг во АзербејџанВозачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го постигна најбрзото време на првиот тренинг пред 16-тата трка во сезоната на Формула 1 – Големата награда на Азербејџан. Тркачкиот викенд на уличната патека во Баку започна порано од вообичаеното, бидејќи самата трка беше преместена во сабота поради денот на сеќавање што се одбележува во Азербејџан во недела. Расел извозе круг за 1:45,387 минути, обезбедувајќи ја првата позиција со предност од четири десетинки пред второпласираниот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заостана само четири илјадитинки од секундата зад Верстапен, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го постигна четвртото најбрзо време.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook