За утрешната боженствена утринска лиругија на Голем Крчин пријавени повеќе од 400 учесници - Канал 5

За утрешната боженствена утринска лиругија на Голем Крчин пријавени повеќе од 400 учесници

Голем интерес за присуство на утрешната боженствена утринска литургија, на врвот Голем Крчин, над долнореканското село Битуше, што се наоѓа на надморска височина од 2341 метри.

За утрешната боженствена утринска лиругија на Голем Крчин пријавени повеќе од 400 учесници

-За овој значаен настан до сега пријавени се повеќе од 400 учесници, што навистина е голема бројка, ако се има предвид и актуелната епидемиолошка состојба со пандемијата со Ковид-19. Сакам да напоменам дека утрешното искачување ќе биде во согласност со определените мерки за заштита и превенција од вирусот, кои сите учесници ќе бидат должни да ги почитуваат, изјави за МИА, сестра Ефимија од Раичката обител.

Настанот „Искачување и Божествена Литургија на врвот Голем Крчин", кое претставува најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, веќе стана традиција, што пред пет години ја почнаа монасите од Бигорскиот манастир и монахињите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец" од дебарското село Рајчица и кој од година во година привлекува се поголем број верници.

– Заради обезбедување на учесниците ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и професионални екипи на Црвениот крст од повеќе градови на нашата земја. Исто како и минатите години, цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да биде отслужена Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива, додава сестра Ефимија.

Објаснува дека патеката е од средно тешка до тешка и одењето трае околу четири часа и посочува дека се планирани сопопатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

Време на собирање и поаѓање е 23 август (недела) во 02:30 – 03:00 часот, па се очекува бројот на учесниците да биде поголем. Пристигнување на врвот е во утринските часови. Место на собирање е пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот посветен на светите Кирил и Методиј. Враќањето е организирано од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер