За три години Универзалната сала ќе биде целосно реконструирана и функционална?

За три години Универзаланта сала ќе им биде вратена на скопјани – реновинара и функционална. 

За 3 години Универзалната сала ќе биде целосно реконструирана и фукционална– изјави за Канал 5 министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојевска. Министерството за Култура ги доби ингеренциите за реконструкција на објектот. Договорот за предавање на право на реконструкција ВЕЌЕ е потпишан од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а веќе од УТРЕ ќе се започне НЕГОВОТО примопредавње.

„Имавме неколку состаноци со експерти и луѓе инволвирани во ваква проблематика така да работите ќе одат навистина многу побрзо да можеме во тој рок што го предвидовме, максимум до три години да биде целосно реконструирана со сите фази и да ја отстапиме назад на град Скопје.“

Костадиновска- Стојчевска вели дека реконструкцијата би започнала веднаш по завршувањето на административните постапки и целосната документација, за кои очекува дека ќе завршат брзо.

„Не би сакала да карикирам со рокови меѓутоа кога ќе ги дозавршиме административните процеси кои што знам дека сега ќе одат побрзо, бидејќи најголемиот чекор е направен ќе бидете известени.“

Универзалната сала со години е симбол на солидарност и на културата во Скопје, но таа повеќе од години е претворена во градилиште. Иако почна да се реновира во септември 2021 година додека градоначалник се уште беше Петре Шилегов, градежните работи беа прекинати веднаш по доаѓањето на Арсовска, поради нејзината оценка дека проектот се гради неправилно и дека е небезбеден. Потоа беше одлучено ингеренциите за нејзино реконстуирање да се предадат на Министерството за култура, процес кој официјално започнува по подолг временски период.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

(СТАВ) Прашање до сите правници и професори во Македонија и Грција...

Знаете ли што значи правната фраза - ERGA OMNES? Доаѓа од латинскиот израз кој означува - ЗА СИТЕ. Ако договорот од Преспа во чл.1, точка 3 вели дека е ERGA OMNES, однос важи за сите, како тогаш...  

...не важи за сите граѓани во Македонија и во светот ( според правното значење на erga omnes )?

Ако го погледнете договорот од Преспа кој е депониран во Обединетите Нации, ќе видите дека ERGA OMNES-от сепак не е „ERGA OMNES“, односно во чл. 1, точка 3, подточка f вели дека користењето на името Северна Македонија НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за оние правни и физички кои не се основани со некој државен закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за своите активности!

Дали договорот меѓу Грција и Македонија има сериозни правни недоследности, или едноставно кажано е - дефектен?

Ужас во Букурешт: Тинејџери до смрт претепуваат човек (Вознемирувачко видео)

Камера во возило кое вчера се движело низ центарот на Букурешт го снимило моментот кога момче (16) и четири години постар негов другар, со стапови до смрт претепале маж (46).

Сѐ се случило во понеделникот околу 17 часот и 30 минути среде улица, пред многумина минувачи.

На грозоморното убиство му претходела расправија меѓу маж и двајца тинејџери во парк. Според романските медиуми, жртвата дошла во паркот за да ја заштити својата поќерка која наводно била нападната од девојките на осомничените за убиството.

Предупредување: вознемирувачка снимка

Наводно, девојките закажале пресметка во паркот, а секоја од нив повикала некој свој на помош. Убиениот е очув на една од девојките во конфликтот. Кога пристигнал во паркот, започнала вербална расправија со тинејџерите, а потоа тие грабнале стапови и почнале да го тепаат до смрт.

Несреќниот маж успеал да побегне од паркот до улицата, но осомничените го стигнале и продолжиле да го тепаат. Според очевидци, тие го удирале по глава додека не престанал да се движи, а потоа побегнале.

Иако медицинските екипи пристигнале брзо, човекот не можел да се спаси. По два часа полицијата успеала да ги лоцира и уапси осомничените за убиството, а тие на распитот наводно го признале делото и биле приведени.

притисни ентер