За три дена во Тетово казни и предупредувања за 100 неправилно паркирано возачи - Канал 5

За три дена во Тетово казни и предупредувања за 100 неправилно паркирано возачи

 Апелирам до сите сограѓани, до сите тетовчани заедно работиме да имаме почисти и пофреквентни улици. 

За три дена во Тетово казни и предупредувања за 100 неправилно паркирано возачи

За три дена над 100 предупредување и казни до граѓаните кои непрописно се паркирале во Тетово. Ова е резултат од засилените контроли на неправилно паркираните возила кој го соопшти градоначалникот Билал Касами по заедничкиот увид во активностите заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“, Мирко Мартиновски и началникот на СВР Тетово, Ријад Али. Засилените контроли следат откако на 1 март, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дојде да договорат со општината како да се намали сообраќајниот метеж.

- Апелирам до сите сограѓани, до сите тетовчани заедно работиме да имаме почисти и пофреквентни улици. Улиците се за да се поминува со возила, тротоарите се за пешаците и поради тоа треба да внимаваме затоа што сите сме корисници на овие улици и тротоари и сите сакаме да тие бидат фреквентни и да бидат проточни. Според информациите кои ги имаме добиено од СВР Тетово само за три дена како се реализира оваа акција имало над 100 предупредување и казни до граѓаните кои непрописно се паркирале, рече Касами.

Засилената присуство на полицијата и соработка со нив дава резултати, оценуваат и од ЈП „Градски паркинг“.

- Најголемиот проблем за нас од Паркинг службата е двојното паркирање по улиците. За двојното паркирање мора да има интервенција од полицијата бидејќи тоа е сообраќаен прекршок, а ние како паркинг служба немаме ингеренции да отстрануваме возила и казнуваме вакви прекршоци. Оваа недела за половина намален е бројот на изречените казни од страна на паркинг службата во делот на пајак службата и поставување блокатори, токму поради зголеменото присуство на полицијата на тетовските улици“, вели Маринковски.

Со овие контроли ќе се продолжи со истиот интензитет и во наредниот период со цел на улиците и тротоарите да нема непрописно паркирани возила.

- Затоа ги замолувам возачите да паркираат на местата каде што е тоа предвидено. А ако се од градот, не мора да излезат со возило, ќе биде добро за нивното здравје ако пешачат малку повеќе, така ќе придонесат и за своето здравје и да се намали метежот во сообраќајот, советува градоначалникот Касами.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по посетата Тетово рече дека овој план е ад-хок решение, пред воспоставување на системот „Безбеден град“ каде со камери ќе се откриваат и казнуваат сообраќајни прекршоци, во чија прва фаза е и Тетово.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер