За третина помалку заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19 минатата недела - Канал 5

За третина помалку заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19 минатата недела

Регистрирани сe 2.504 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 32,3% во однос на минатата недела (n=3.701). 

За третина помалку заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19 минатата недела

Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28.02.2022 до 06.03.2022г Тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.418; 56,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, Скопје – 312,7/100.000 и Демир Капија – 308,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=705, 28,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=103; 4,1%).

Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 46,9% во возрасната група од 0-9 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени" се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување за 31,5% во однос на претходната недела.

Пријавени се 44 смртни случаи во 17 градови во текот на изминатата недела, за 35,3% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (n=42; 95,5%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (1) и 30-39 години (1).

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19.

Заклучно со 05.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од од 28.02 - до 06.03.2022г, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицаец пука со калашников кон студенти на протест во Индија- го суспендирале (ВИДЕО)

Индиските власти суспендираа полицаец кој пукал со автоматска пушка во воздух за да го растера студентскиот протест за време на викендот во источната држава Бихар.

Полицаец пука со калашников кон студенти на протест во Индија- го суспендирале (ВИДЕО)

Ова е најновиот инцидент во серијата младински протести што веќе доведоа до оставка на федералниот министер за образование, пишува Ројтерс.

Полицијата се соочува со обвинувања за прекумерна сила за време на протестите. Тие се обвинети, меѓу другото, за тепање студенти со палки и употреба на солзавец во обид да спречат поворка од десет илјади луѓе. На 20 јули, демонстрантите маршираа кон зградата на парламентот во Њу Делхи.

Студентите и други очевидци објавија видеа од инцидентот на социјалните мрежи, а полицијата ја потврди нивната автентичност. Тие прикажуваат полицаец во опрема за немири како трча кон демонстрантите во градот Сиван во саботата. Потоа тој насочил пушка АК-47 кон нив и испукал најмалку три истрели во воздух.

Висок полициски службеник од Бихар, Нилеш Кумар, рече дека никој не е повреден. Според него, автоматската пушка му била доделена на офицер од разузнавачката единица, која вообичаено се справува со опасни и закоравени криминалци.

„Полицаецот погрешно го користел АК-47. Тоа не може да се оправда на никаков начин“, изјави за Ројтерс во понеделник Нилеш Кумар, заменик-генерален инспектор на полицијата. „Тој направил грешка бидејќи станувало збор за студенти. Немало потреба од таква интервенција. Затоа бил суспендиран и против него ќе бидат преземени сите законски мерки.“

Причината за протестите беше протекувањето на прашања од националниот приемен испит за медицински факултети, кој се одржа во мај. Повеќе од два милиони студенти го полагаа испитот, а сега мора да го повторат.

Аналитичарите, сепак, веруваат дека причините за незадоволството се подлабоки и вклучуваат висока невработеност кај младите и стравот дека вештачката интелигенција ќе ги загрози работните места во ИТ секторот, по кој е позната Индија.

Во саботата, по речиси пет недели протести организирани од младите од партијата „Лекарски Џанта“, министерот за образование во владата на премиерот Нарендра Моди поднесе оставка поради скандалот со испитот.

Остри реакции во парламентот

„Ова е еден од најтешките напади врз демократијата во нашата историја. Никогаш порано студентите не биле тепани, влечени и третирани како криминалци само затоа што се бунтувале“, рече Маликарџун Карге, лидер на опозициската Конгресна партија, во парламентот. „Извештаите од Бихар зборуваат за употреба на пушки АК-47 против студенти. Одговорните не смеат да избегнат казна.“

Владините министри не ги коментираа обвинувањата, а седниците на двата дома на парламентот беа прекинати поради жестоката дискусија за инцидентот. Дејствијата на полицијата предизвикаа бројни критики.

„Не би било претерување да се каже дека јавниот простор за изразување несогласување се намалува во Индија“, рече во саботата судијата на Врховниот суд Уџал Бујан. Ова е невообичаена критика што доаѓа од активен судија на највисокиот суд во земјата. „Правото на изразување на своите ставови и мирен протест се фундаментални слободи на граѓаните.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина највисокиот човек во Гана- со години се борел со ретка болест

Абдул-Самид Сулемана, популарно познат како Авуче и сметан за највисокиот човек во Гана, почина во Универзитетската болница Тамале.

Почина највисокиот човек во Гана- со години се борел со ретка болест

Според „Гана веб“, Авуче (32) почина во раните утрински часови во понеделник, 27 јули 2026 година, во Универзитетската болница Тамале.

Неговата смрт се случи само неколку недели откако бизнисменот и филантроп Ибрахим Махама вети дека ќе ги плати сите негови медицински трошоци откако неговото семејство јавно апелираше за помош за итно лекување.

Здравствената состојба на Авуче наводно се влошила поради компликации од гигантизам.

Тој бил упатен од Баптистичкиот медицински центар во Налеригу ​​во Универзитетската болница Тамале на специјалистичко лекување.

Неговото семејство соопшти дека лекарите првично препорачале ампутација на неговата лева нога поради тешка инфекција што предизвикала гниење на дел од екстремитетот.

Сепак, по темелна проценка од страна на медицинскиот тим во болницата Тамале, таа одлука била поништена.

Лекарите заклучиле дека ампутацијата не е неопходна, и покрај претходните препораки дадени на семејството кога биле отпуштени од болницата Налеригу.

Во изјава од 11 јули, Рафик Махама изјави дека по дополнителни прегледи, лекарите одлучиле дека Авуче нема да ја изгуби левата нога.

Порано овој месец, Ибрахим Махама, преку својот помошник Рафик Махама, им кажа на Авуче и на неговото семејство дека ќе ја имаат нивната целосна поддршка.

Рафик Махама напиша на Фејсбук: „Во име на Ибрахим Махама, се обратив до Авуче и неговото семејство за да ги уверам дека ја имаат нашата целосна поддршка во овој тежок период.“

Додаде: „Ибрахим Махама вети дека целосно ќе ги покрие болничките трошоци на Авуче, вклучувајќи го лекувањето и операцијата.“

Тој исто така рече дека неговиот транспорт до Универзитетската болница во Тамале бил организиран на 8 јули 2026 година, каде што пристигнал безбедно и ги започнал потребните медицински процедури.

Се вели дека Авуче, по потекло од Гамбага во североисточниот регион на Гана, бил висок околу 2,34 метри (7 стапки 8 инчи), што го прави највисокиот човек во Гана.

Тој со години страдал од гигантизам, но не можел да добие специјалистички третман поради финансиски ограничувања.

Неговиот апел за помош привлече внимание низ целата земја откако се дозна дека итно му е потребна операција за да си го спаси животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемен број на лица кои побарале помош во Гостивар, двајца хоспитализирани

Зголемен е бројот на лица кои побарале помош во Гостивар... Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека само во текот на вчерашниот ден имало 127 нови регистрирани случаи

Зголемен број на лица кои побарале помош во Гостивар, двајца хоспитализирани

По една недела откако беше прогласена епидемија во Гостивар повторно расте бројот на заразени и прегледи на дневно ниво, меѓудругото, поради тоа што вирусите освен преку загадената вода се пренесуваат и од човек на човек. Но, во главно бранот стивнува, уверуваат од Институтот за јавно здравје. Епидемиологот д-р Драган Кочински вели состојбата е стабилна, но ризикот сѐ уште постои и затоа вода од чешма во Гостивар не смее да се пие, бидејќи не се исклучува можноста за друга епидемија по оваа, на жолтица, иако засега нема ниту еден потврден случај на т.н. болест на нечисти раце.

Техничката вода може да се користи за лична хигиена, но мора да се внимава да не се проголтува, ова важи за сите, но особена внимателност се препорачува при бањањето на децата. Сега водата во никој случај не смее да се пие ниту пак со неа да се приготвува храна, вели д-р Кочински.

Од почетокот на епидемијата се извршени над 4000 први прегледи, а поднесени се околу 830 формални пријави за заразна болест. Според извештајот од здравство досега се анкетирани околу 560 пациенти, што претставува покриеност од 68 проценти од пријавените случаи. Епидемиолошките анализи покажуваат дека во 99% од заразените заедничкиот именител - користената вода што била загадена со фекалии. Во последното деноноќие се регистрирани и две нови хоспитализации – по една на Инфективното одделение и на Педијатрија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер