3Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
Други спортовиЗа Скопскиот маратон досега пријавени преку 2.300 натпреварувачи За годинешниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 12 мај досега учество пријавиле околу 2.300 натпреварувачи од 32 земји.Организаторите се надеваат дека до почетокот на овој настан кој по деветти пат се одржува во македонската престолнина ќе ја надмине минатогодишната бројка од 3.600 натпреварувачи. - Овие бројки се моментални, очекуваме бројката на пријавени да расте и да ја надмине минатогодишната, вели директорот на Скопски маратон Кире Синадиновски. Како и претходните години и оваа година ќе се трча маратон од 42 километри, полумаратон од 21 километар, хуманитарна трка од 5.000 метри и детски мини маратон од 500 метри. Во рамките на хуманитарната трка ќе се одржи и „Тим Билдинг“, а годинава ќе бидат вклучени и средните училишта. Од пријавените натпреварувачи 140 ќе бидат дел од главната трка, 350 од полумаратонот, а околу 1.800 натпреварувачи ќе учествуваат на трката на пет километри. Стартот на маратонот ќе биде на улицата „Димитрија Чуповски“, додека целта ќе биде на плоштадот „Македонија“ кај споменикот „Воин на коњ“. Наградниот фонд годинава изнесува 10.500 евра, од кои 1.700 за прво место и дополнителни 300 евра за соборување на рекорд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Град Скопје со помош за Венецуела - Скопје, град на солидарноста!Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот.„Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела. Тоа Скопје не го заборава. Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка. Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти. Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела. Затоа Скопје денес е светски град. Скопје памети. Скопје сочувствува. Скопје помага.“- објави на Фејсбук, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветКуба сè уште во мрак: Милиони луѓе чекаат струјаКуба се бори да ја врати струјата откако колапсот на националната мрежа еден ден претходно остави милиони луѓе низ карипската островска земја без струја, објави Ројтерс.Струјата постепено се враќа Националниот оператор на мрежата „UNE“ соопшти рано во вторник дека повторно ја поврзал централна Куба, од западното пристаниште Мариел до покраината Санкти Спиритус. Сепак, источните и западните делови на островот остануваат без струја. Во главниот град Хавана, струјата беше вратена во околу една третина од градот до вторник наутро, но снабдувањето сè уште беше прекинато и големи делови од градот останаа во темнина. Трет голем прекин оваа година Властите сè уште не ја објасниле целосно причината за прекинот на струјата што се случи во понеделник. Тоа беше трет голем колапс на мрежата што ја погоди земјата оваа година, оставајќи исцрпено население од речиси 10 милиони луѓе без струја преку ноќ. Зголемен притисок од САД Најновиот колапс на мрежата доаѓа во време кога САД значително го зголемија притисокот врз Куба. Администрацијата на претседателот Трамп ги прекина испораките на гориво на островот и воведе строги санкции во обид да наметне промена во комунистичката влада на Куба. Куба и Обединетите нации ги оценија овие мерки како нелегални и како кршење на човековите права на жителите на островот. Извор: Индекс.хрТагови: куба струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter