За септември се одложи судењето на случајот „Онкологија“ - Канал 5

За септември се одложи судењето на случајот „Онкологија“

Првиот обид за почеток на судењето за скандалот „Онкологија“ пропадна откако на првото рочиште во судница не се појави онкологот Мери Пешевска.

За септември се одложи судењето на случајот „Онкологија“

Првиот обид за почеток на судењето за скандалот „Онкологија“ пропадна откако на првото рочиште во судница не се појави онкологот Мери Пешевска, една од обвинетите доктори што се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, поради стомачен вирус и температура, за што документација достави нејзиниот адвокат...

Освен неа, на обвинителна клупа се најдоа и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, кои се товарат за несовесно лекување на болни, како и екс-директорот Нино Васев, за кого има две обвиненија и за тешки дела против здравјето и за несовесно лекување.

Иако рочиштето не се одржа, адвокатите на онолозите веќе најавија дека ќе го оспоруваат словонечкото вештачење како доказ во предметот.. Според нив е незаконско, оти било изготвено од нелиценциран вештак, но обвинителството смета дека пракса е да се верува на земјата од која е побарана правна помош...

-Ќе го дискредитираме обвинението со наши вешти наоди и мислења и за тоа денеска побаравме комплетирање на доказите бидејќи темелно тоа го работиме и ни недостасуваат истории за четири пациенти. По однос на доставените вештачења, она вештачење од Марибор е изработено од стручно лице кое не евидира во листата на вешти лица во Словенија и тој податок по изготвено барање го добив во текот на вчерашниот ден,- Владимир Туфекџиќ – Адвокат на Симонида Црвенкова – Онколог.

-Тоа се процедури на државите до кои е доставена замолницата, еден од принципите на меѓународното право е да имаме доверба кон кои сме ја доставиле таа замолница дека доказите се прибавени на законит начин, така да наводите на одбраната се беспредметни,- Ана Гоговска – Јавен обвинител.

Адвокатот Јовица Страшески кој ја застапува Мери Пешевска пак најави и друга линија на одбрана... Според него, онколозите во случајот не треба да бидат обвинити, бидејќи, како што тврди, биле злоупотребени од еркс-директорот Васев...

-Не само од Мери, туку користел логови, се логирал од разни доктори, ставал печати негови на сите доктори и нејасно е зошто, од цела клиника буквално се одбрани само тројца доктори да се покрене обвинение. Истата постапка, тврдам, е за сите вработени, сите доктори и на сите доктори истава процедура е направена од страна на директорот, така да селективно се одбрани,- Јовица Страшески – Адвокат на Мери Пешевска.

Предметот „Онкологија“ е поделен во два дела и во двата случаја прво осомничен е Нино Васев. За денешниот во кој се опфатни обвинувањата за погрешно лекување нов обид за старт на судењето судјката Снежана Марковска закажа за 5 септмври, а во втотиот екс-директорот Васев заедно со екс – економскиот директор Нехат Нухи ќе одговораат за финански малверазции при што прибавиле значителна имотна корист, а државниот буџет го оштетиле за десетици милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо ја тужи Турција пред Европскиот суд за човекови права

Поранешниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, поднесе тужба против Турција до Европскиот суд за човекови права поради дисциплинските санкции што му беа изречени додека беше на чело на турскиот клуб. 

Мурињо ја тужи Турција пред Европскиот суд за човекови права

Судот во Стразбур ја прифати тужбата на разгледување и официјално побара изјава од турската влада, која има шест месеци да одговори, пишуваат турските медиуми.

Случајот произлегува од санкциите што му ги изрече Дисциплинскиот комитет за професионален фудбал (PFDK) на Турската фудбалска асоцијација за коментарите што ги даде по натпреварот против Трабзонспор во ноември 2024 година. Португалскиот стручњак потоа беше казнет со забрана за пристап до соблекувалната и казни во износ од неколку стотици илјади турски лири. Откако Арбитражниот комитет на Турската фудбалска асоцијација ја потврди првичната одлука, Мурињо одлучи да се обрати до Европскиот суд за човекови права.

Аргументи на тужбата

Во својата тужба, Мурињо наведува дека дисциплинските тела на Турската фудбалска асоцијација не се независни и дека неговите права на слобода на изразување се прекршени со казните што му се изречени. Тој исто така тврди дека не му била правилно доставена образложената одлука за казната, која, според него, му го одземала правото на фер судење.

Европскиот суд за човекови права забележува дека известувањето испратено до турската влада не го прејудицира исходот од спорот, туку го означува почетокот на официјалната постапка.

Жозе Мурињо беше назначен за тренер на Фенербахче во 2024 година, а го напушти клубот во август 2025 година. Во тој период, тој го водеше тимот во 62 натпревари и постигна просек од 2,02 поени по натпревар. Тој моментално е на клупата на Бенфика, а медиумите го поврзуваат со можно враќање во Реал Мадрид доколку претседателот Флорентино Перез обезбеди нов мандат на чело на клубот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

На авионот Боинг 787 на германската авиокомпанија Луфтханза му се скрши предниот трап за слетување попладнево додека беше на застанување на аеродромот во Франкфурт.

На патнички авион во Франкфурт му отпадна предниот трап (ВИДЕО)

Портпаролката на Фрапорт, компанијата што управува со најголемиот транспортен центар во Германија, изјави дека инцидентот се случил околу 12:45 часот и дека околностите сè уште се утврдуваат.

Во тек е истрага за да се утврдат сите детали, вклучително и дали некој е повреден. Според неофицијални информации, во авионот немало патници во времето на несреќата, а багажот се товарел. 787 е двомоторен широк трупен авион што Луфтханза го користи главно на долги релации и е релативно нов додаток на флотата на превозникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Во Основниот кривичен суд со воведни зборови на Обвинителството и адвокатите започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите.

Воведни зборови за случајот со злоупотреби на ИПАРД-фондовите

Со воведни зборови на Обвинителството започна главната расправа за случајот со злоупотреба на ИПАРД-фондовите, во кој поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев се товари за примање награда за противзаконито влијание, а поранешниот министер за локална самоуправа и правда, Џевдет Насуфи, во случајов управител на фирма е обвинет за давање поткуп и организирано влијание. Според обвинението, биле ветени и исплатени десетици илјади евра со цел да се обезбеди одобрување на ИПАРД-средства за фирма која не ги исполнувала условите.

Обвинителката Наташа Поп-Трајкова во воведните зборови истакна дека станува збор за коруптивен систем кој „има име и презиме“, и кој, освен што ја нарушил довербата во домашните институции, ја довел во прашање и довербата на меѓународните партнери во управувањето со европските фондови.

Одбраната на Стоилев и Насуфи целосно ги отфрли наводите на обвинителството,.. адвокатката на екс директорот изјави дека обвинението се темели на претпоставки, а не на директни докази, и потенцираше дека Стоилев не учествувал во бодувањето на проектите и не можел да влијае врз конечната одлука. Одбраната на Насуфи тврди дека тој ниту дал, ниту ветил парични средства, и дека средсвата кои биле одобрени биле намалени за околу 65 проценти, што според бранителот, ја исклучувало можноста за договор за поткуп.

За останатите обвинети, меѓу кои службени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и Управата за јавни приходи, обвинението тврди дека преку бодување и административна обработка овозможиле одобрување на проектот спротивно на правилата. На претходното рочиште, вработената во платежната егнција Јасмина Костадинова ја призна вината и беше осудена на 10 месеци затвор. Следното рочиште е закажано за 9 јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер