3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЖивотЗа секунда нејзиното трудничко стомаче го снема! (видео)Снимка што ги шокираше луѓето на мрежата.Многумина се запрепастија од вештината на оваа жена. Кет Шулц е трудница, која сите ги остави без зборови. Таа редовно вежба во сала и крева тегови иако е во понапредна бременост. Меѓутоа, она што таа го направи во следново видео ги шокираше луѓето на социјалните мрежи. @kat_shultis keeping that pelvic floor engaged = not looking pregnant when i do abs🤪😂🤌🏼 #pregnantlife #pelvicfloor #comedy ♬ original sound - sped up songs 💗 Каде отиде бебето? Снимката започнува така што Кет го гали трудничкото стомаче во сала за вежбање додека стои пред огледалото. Како што наведува во објавата, таа во тој момент била во 28-мата недела од бременоста. Кет во еден момент го вовлекува нејзиниот заоблен труднички стомак испуштајќи звук како кога ќе се дупне обичен балон. Нејзиниот стомак целосно го снемува за секунда претворајќи се во мала испакнатина. Оваа снимка ги изненади луѓето, па тие се запрашаа што се случи со бебето. - Леле! Јас не можам да го направам ова со стомакот иако не сум бремена. - Не разбирам... што се случи? Каде отиде бебето? - Го прегледав видеото десет пати и сè уште не ми е јасно што направи. - Мили Боже! Се исплашив за бебето. - Дали те боли додека го прави тоа? - Бремена сум само 16 недели и не можам да го држам стомакот, а камоли да направам вакво нешто. - Кутрото бебе! Којзнае како се чувствува во стомакот додека го правите ова. - Може ли да го повредиш бебето додека го изведуваш тоа? - беа само дел од коментарите на нејзината објава. Одговарајќи на бројни прашања, Кет објасни дека ова е сосема безопасно за нејзиното бебе. - Ова всушност е одлично како подготовка на вашето тело за пораѓај. Вака го ангажирате целиот горен дел од телото за време на бременоста – објаснила таа. Иако се чини дека таа го вовлекува стомакот, всушност се работи за вежба позната како Блумова метода. При изведување на оваа вежба, трудницата при дишењето ги шири и собира стомачните мускули. Бебето во утробата практично е „турнато“ подлабоко во нејзиниот стомак додека вдишува воздух и истиснато нанадвор кога издишува. Се препорачува бремените жени кои не се обучени и не знаат како правилно да ја изведат оваа вежба, да не го прават тоа. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисијаВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка.. Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен поранешен министер на СрбијаРаде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови! Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб. Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањВо среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 20 гр. сув вргањ 150 - 200 мл. топла вода 500 мл. павлака за готвење 1 мало шише бело суво вино 40 - 50 гр. пармезан 1 коцка говедска супа 1 лажица путер 1 лажица маслиново масло 1 чешне лук сол, бибер, свеж магдонос мајчина душица Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter