Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
1Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
2Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
ЖивотЗа само две минути среде улица разбрала дека осумгодишната врска заврши- мажот ја изневерувал Сите парови ќе кажат дека довербата во врската е најважна за добра врска, а кога тоа ќе се прекине тешко е љубовта да опстане.Еден TikToker случајно сретнал брачен пар на улица и ги замолил да направат брз тест за доверба. Ситуацијата на крајот отиде во насока каква што никој не очекувал. „Можете ли да ги проверите телефоните едни со други и да видите дали вашиот партнер има апликација за запознавање?“ TikToker прашал момче и девојка, кои откриле дека биле во брак две години, а претходно биле во врска шест години. Дечкото веднаш ја погледнал својата сопруга и рекол дека смета дека „нема потреба“ за ова бидејќи нивната врска е изградена на доверба и лојалност. Сепак, девојката се насмевнала и го уверила со зборовите „зошто да не“, а потоа инфлуенсерот објаснил како овој тест може да се направи на друг начин. Имено, тој им претставил апликација која со внесување на неколку лични податоци може да провери дали некоја личност има профил на апликација за запознавање, како и пред колку време била активна. После тоа, TikToker ги внесе името, презимето и возраста на мажот, а резултатите ја разочараа неговата сопруга. Екранот покажал дека тој има профил на позната апликација за запознавање и дека бил активен пред пет месеци. Девојката во неверување го оттурнала, се свртела и побегнала од него. Тиктокерот ја повикувал, но таа не сакала да се сврти. @hustlersartillery They were married… #real ♬ original sound - uncle Покрај сопругата, разочарани биле и луѓето во коментарите, особено што девојката гордо го покажа свршеничкиот прстен за кој нејзиниот партнер тврдеше дека штедел долго време, уште од средно училиште. „Навистина се надевам дека ова е чин“, „Кога рече дека нема потреба да се проверува, знаев дека е лажго“, „Кутро девојче“, беа коментарите под објавата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook