За речиси една година заловени и третирани 224 бездомни кучиња најдени на подрачјето на Тетово - Канал 5

За речиси една година заловени и третирани 224 бездомни кучиња најдени на подрачјето на Тетово

Од јуни 2024 до 31 декември 2024 година тие заловиле 204 кучиња од кои 164 се третирани и вратените од каде што се земени, додека 40 се вдомени.

За речиси една година заловени и третирани 224 бездомни кучиња најдени на подрачјето на Тетово

Друштвото за грижа за бездомни животни Ана Агро од тетовско Ратае кое има договор со Општина Тетово за спроведување на Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездомни животни информира дека со анекс на договорот ќе продолжи со активности во текот на 2025 година.

Од јуни 2024 до 31 декември 2024 година тие заловиле 204 кучиња од кои 164 се третирани и вратените од каде што се земени, додека 40 се вдомени.

- Во 2025 заловени се 20 кучиња кои го имаат поминато истиот хуман третман, а од нив 17 се вратени на локација и три се вдомени, истакна Горан Тошевски, сопственик на Ана Агро.

На новинарските прашања зошто се случуваат и понатаму напади од бездомни кучиња и покрај третманот, од прифатилиштето посочуваат дека бројот на оставени животни е огромен. Според нив, кога ќе се залови куче преку чип вграден во кожа се утврдува точно од каде потекнува и утврдиле дека неодговорни сопственици од други места ги оставиле во Тетово.

- Ние во досегашната работа имаме најдено неколку кучиња од други градови, каде што има неодговорно сопствеништво. Го купил кучето, гласи на физичко лице, му прошол меракот, го пуштил. Од тие дел се вратени, дел се казнети, сме нашле од Велес, од Струга. Потреба има и од повеќе од внимавање, прво одговорно сопствеништво, сите институции што се во државата треба да пазат. Пуштањето од други градови ние не можеме да го допреме. Полиција и инспекција треба да следат таа работа, изјави Ане Апостоловски, ветеринар.

За третманот за социјализација вели дека ја прави лиценциран доктор, кој определува дека може да се врати од каде што е заловено.

- Тест за социјализација се одвиваа на начин што поминува со велосипед покрај кучето, одзади, од напред, од страните на кучето. Ја цени агресивноста на кучето. Доколку процени дека кучето не е агресивно, се враќа на локација. Ако е агресивно има други третмани, или се до-социјализира или се евтанизира ако е многу агресивно. Немаше еутанизирани, образложи ветеринарот.

Според нив, 30 отсто од кучињата се вдомуваат што го проценуваат како добар одзив од граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димовски: Пари, но и авантуризам и идеологија се чести причини за вклучување во тероризам

Дали македонските граѓани се лесна мета за врбување во терористички и паравоени организации но и колку наши жители се ставени во функција на странски терористички ќелии? 

Димовски: Пари, но и авантуризам и идеологија се чести причини за вклучување во тероризам

Овие прашања се актуелизираат по апсењето на четворица македонски државјани под сомнение дека планирале атентат во Грција како дел од меѓународна терористичка организација.

На оваа тема Афродита Рамос разговараше со Злате Димовски - професор од Факултетот за безбедност.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство

Законско решение за борба против насилствата врз жени и семејното насилство постои, но потребна е негова итна имплементација.

По последните случаи со насилство врз жени се бара итно усвојување на новиот закон за борба против семејно насилство

Ова го бараат од Националната мрежа против насилство врз жени, особено по последниот случај во Охрид со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска и неодамнешниот фемицид во Богданци, во кој од својот партнер беше убиена 17-годишната Билјана Ќириќ. Според Елена Димушевска од националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, институциите и досега можеле навреме и координирано да реагираат во повеќе случаи кои за жал завршија трагично, но нагласува дека предложените измени на овој закон, сепак ќе им дадат поголеми овластувања на полицијата и другите надлежни институции. За Димушевска клучно е и државата да оддвои доволно финансиски средства за превенција и заштита на жртвите.

– Предлог измените во законот ќе дадат поголеми овластувања на полицијата, ќе обезбедат подобра заштита за жените жртви – се предвидува можноста за она што сега е доста актуелно, а тоа се електронските алки односно електронско следење на движењето на насилникот во случаи кога има привремена мерка за заштита...Но повторно ќе напоменам, ова е само унапредување на нешто што е постоечко. Случаите на насилство и насилството во нашата држава се случува заради неитна реакција на оние коишто треба да реагираат. Дали понатаму заштитата за жртвите ќе биде унапредена зависи и од друг еден значаен фактор – а тоа е одвојување финансиски средства,-изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Измените на законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство се доставени до Собранието уште од 26 август, но до денеска не се усвоени и поркај притисокот од јавноста. Во новите измени се предвидени и електронски алки за следење на насилниците, но и поголеми овластувања на полицијата.

-Полициските службеници и стручните работници во центрите за социјална работа ќе треба да направат проценка на ризик најдоцна во рок од 12 часа. Полицијата ќе може на самото место да издаде усна наредба за итни мерки: отстранување на сторителот од домот, забрана за приближување и забрана за контактирање со жртвата.– Предлог за изменување на законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

-Токму за поголема координираност меѓу институциите во случаите со семејно насилство, се обврзаа министрите за внатрешни работи и социјална политика на состанок со обвинителот Савески, но според Димушеска, поголемото прашање е – дали лицата кои ќе интервенираат на терен се навистина професионалци и подготвени да им помогнат на жртвата. Таа нагласува дека институциите треба да реагираат и кога има родово-базирано, а не само семејно насилство.

– Прашањето е кој ќе ги импелемтира, кои се професионалците што ќе бидат дел од овие тела – дали тие ќе бидат во доволен број или дали тие ќе бидат доволно обучени за да направат проценка на ризик, затоа што знаете од проценката на ризик зависат сите следни чекори. Ако не се направи соодветна процена на ризик , тогаш и чекорите кои ќе се направат понатаму може да не обезбедат соодветна заштита за жртвата. Ова не смее да остане само за случаи на семејно насилство, како што го прочитав заклучокот од нивниот состанок, ние не смееме да останеме само на семејно насилство, ние мораме да дискутираме за родово базирано насилство, затоа што случајот во Охрид, во Битола, во Богданци се случаи на родово базирано насислтво, не на семејно, тие не живееле заедно,--изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Барањата за поголема заштита на жените кои се жртви на насилство беа истакнат и на мирен протест вчера во Охрид. Граѓаните преку марш од плоштадот до полициската станица во Охрид го искажаа своето незадоволство од непостапувањето на институциите и побараа во иднина да се стави крај на ваквите случаи. Граѓанската организација ниту една повеќе пак и платформата за родова еднаквост со блокада пред Влада во петокот побараа институциите навремено и брзо да реагираат при семејно насислтво и насислтво врз жени, а нов протест во главниот град е закажан за 25 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.

Заладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места

Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер