За првпат во земјава е спроведена постапка за стимулација на нервот вагус - Канал 5

За првпат во земјава е спроведена постапка за стимулација на нервот вагус

За првпат во јавното здравство во нашата земја, денеска се направи една интервенција што означува почеток во работа во една сосема нова сфера во неврохирургијата и неврологијата, а тоа е т.н. постапка за стимулација на нервот вагус .

За првпат во земјава е спроведена постапка за стимулација на нервот вагус

Постапката се користи за подобрување на квалитетот на животот на пациентите кои имаат епилепсија, изјави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клиниката за неврохирургија.

Станува збор за пациенти кај кои терапијата нема никаков ефект и кои имаат многу чести епилептични напади и не можат да ги вршат нормалните животни функции.

– Со оваа метода се намалува и фреквенцијата и силината на нападите и сега оваа група пациенти има сериозна шанса да се врати во нормалниот живот, нагласи Филипче.

Во земјава има околу 15 илјади пациенти кои имаат епилепсија, а 30 проценти не реагираат на терапија.

– Тоа значи дека имаат толку чести напади, што едноставно не може да извршуваат нормални животни функции. Еден од пациентите, има по десетина напади во ден, а сега со оваа стимулација на нервот вагус, што минува во вратот и тука се поставува електрода, импулсот оди назад и на тој начин се смирува мозочната активност, односно се редуцираат нападите. Оваа метода во изминатите две децении интензивно се работи и е ново поле во невро науката, појасни Филипче.

Тој изрази благодарност до д-р Вашчаревиќ од Институтот за неврохирургија во Белград, кој заедно со останатиот тим на Клиниката, директорот на Клиниката за неврохириргија во Скопје, Владимир Рендевски и сите колеги кои ќе работат на ова поле.

Директорот на Клиниката за неврохирургија Рендевски посочи дека ова претставува нова врата во функционирањето и напредокот на Клиниката, од што бенефит ќе имаат сите пациенти.

– Сите пациенти со тешки форми на епилепсија, кои претходно одеа на лекување во странските центри, отсега ќе може да бидат тука и оперативно третирани и секако понатаму, во соработка со Клиниката понатамошниот нивни третман ќе биде правен во нашите простории, што ќе биде големо олеснување за нив, изјави Рендевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од милион користени телефони продадени како нови: Штета од 300 милиони евра

Полицијата спроведе рации во 19 европски земји поради сомневања за измама со мобилни телефони продавани преку интернет, со која е предизвикана штета проценета на околу 300 милиони евра, соопштија обвинителите на ЕУ.

Повеќе од милион користени телефони продадени како нови: Штета од 300 милиони евра

Европското јавно обвинителство (EPPO) наведе дека криминални организации продале повеќе од милион користени мобилни телефони претставувајќи ги како нови, се вели во соопштението за јавноста објавено во вторникот.

Од саботата, низ Европа се спроведени повеќе од 160 претреси, што резултираше со апсење на седум осомничени лица во Австрија, Германија и Шпанија – вклучително и двајца водачи на организацијата – извести EPPO.

Според извештаите, измамата предизвикала и загуба на приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ поголем од 30 милиони евра за неколку земји од ЕУ.

Азвор: Аваз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобус

Штрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. 

Штрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобус

Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони.

Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните.

Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо.

Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.

Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер