За прв пат во Македонија е вграден механички срцев инплант

Во државната Кардиохирургија за прв пат се направи хируршка интервенција со вградување механичко или вештачко срце. Пациентот го живее вториот живот. Канал 5 ексклузивно го снимаше докторот Петар Ристески од Франкфуркт Германија.

54 годишен пациент е првиот пацинет на државната кардиохирургија кој доби механичко срце. За него немало друг излез освен да му биде трансплантирано срце, во ваква безилзена ситуција тимот на доктори од државната кардиохирургија заедно со доктор Петар  Ристески,  доктор кој работи во Германија Франфукрт на оваа проблематика вчера успешно ја направи оваа интервнеција.

За македонското здравство оваа интервнција има огрмоно значење. Голема заштеда на средства што се одлеваа надвор од Македонија, но и пациентот останува во својата матична земја, потенцира министерот Филипче. Од државната Кардиохирургија велат дека има долг список на овој тип на пациенти.

Ваквите интервнеции се прават кај пациенти што имаат слабо проширено срце и немаат можност за трансплантација од мртов донор. Според анализите оваа нова технологија предвидува сигурни осум години живот, но поради новитет и надоградбата на овој процес животот може да се продоложи на над една деценија.

притисни ентер