За прв пат во историјата на НХЛ, повеќе од милијарда долари се потрошени во еден ден

Клубовите од најсилната хокеарска лига на светот - НХЛ потрошија во текот на вчерашниот ден повеќе од милијарда долари за потпишување договори со играчи.

Според „Sportsnet“, ова е првпат толкава сума да се потроши за еден ден во северноамериканската лига.

Пазарот за слободни агенти во НХЛ беше отворен на 1 јули во 18 часот по македонско време.

Сезоната 2023/24 во НХЛ заврши пред една седмица. Шампиоснкиот трофеј го освои Флорида која во финалната серија го победи Едмонтон со 4:3.

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна дива депонија на ул. Џон Кенеди

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во скопската општина Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“.

Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад, по што екипите на Претпријатието спроведоа и рачно миење на микролокацијата. Активностите беа реализирани во соработка со ЈП Паркови и зеленило.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје го осудуваат тенденциозното непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини што во последниот период најчесто е забележано во непосредна близина на контејнерите наменети за одлагање на комуналниот отпад. Секое исфрлање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота.

Се зајакнуваат инспекциските контроли во Општина Аеродром, Митески најави казни за несовесните

Инспекциската служба на Општина Аеродром го интензивира своето присуство на терен, а најавени се и почести казни за несовесните граѓани и правни субјекти што ја нарушуваат хигиената на јавните површини.

Инспекциската служба на Општина Аеродром го интензивира своето присуство на терен, а најавени се и почести казни за несовесните граѓани и правни субјекти што ја нарушуваат хигиената на јавните површини, се паркираат на плочници и тревници и фрлаат отпад на места што не се предвидени за таа намена.

Ова беше потенцирано за време на обиколката што утрово ја спроведе заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески на неколку критични локации заедно со инспекторите, при што на самото место беа затекнати несовесно паркирани возила, чии сопственици ќе добијат соодветни казни.

Митески беше информиран за реонската распореденост на инспекторите и редарите, како и за нивните дежурства за време на викендите. Тој најави зајакнување на соработката со полицијата, особено во делот на добивање информации за лицата што вршат прекршоци, а со цел навремена реакција на терен.

Исто така, активно се работи на пуштање во функција на општинско товарно возило што ќе се вклучи во собирање и транспорт на кабастиот отпад од одредени локации. За сето ова, граѓаните ќе бидат навремено известени, по што ќе можат за симболична сума да ја добиваат и оваа услуга.

Митески најави и изнаоѓање начин за справување со запуштените приватни имоти кои со години не се одржувани од сопствениците, со што би се ставил ред на голем број локации што сега се обраснати со висока трева или претставуваат мини депонии.

Општината и натаму останува во служба на граѓаните, затоа што само на тој начин можеме да имаме здрава и чиста животна средина.

Општина Аеродром

Мицкоски од Гевгелија: Целта на Владата е да работи за граѓаните

Целта на Владата е да работи за граѓаните, започна реконструкција на спортската сала „Партизан“, а пуштен е во употреба и Булеварот до ГП Богородица.

Во продолжение интегралениот текст од денешното обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски за време на посетата на Општина Гевгелија:

„Добар ден. Често сум овде во Гевгелија. Често разговараме со градоначалникот, со пратеничката која што доаѓа од Општина Гевгелија, со луѓето кои што не поддржуваат, со гевгеличани, за тоа што се потребите на гевгеличани и што е она кое што го прави Општина Гевгелија за да ги задоволи тие потреби на гевгеличани.

Денеска имав можност да бидам дел на пуштањето на еден таков стратешки капитален проект, како што е новиот Булевар кон Граничниот премин Богородица и она кое што е многу значајно што кога почнуваше таа капитална инвестиција да се реализира ние бевме заедно со градоначалникот, пратеничката, со луѓето кои што не поддржуваат, а денеска сме тука со истите луѓе, плус министерот за локална самоуправа, луѓето кои што цело време се наша поддршка, наша инспирација за да работиме во интерес на граѓаните.

Целта на оваа Влада е да работи за граѓанитe, во случајот да работи за гевгеличани. Спомена градоначалникот за овој проект позади мене, нешто кое што претставува за самите гевгеличани една убава емоција. После толку години истиот почнува да се реконструира и навистина и оваа капитална инвестиција ќе додаде вредност во животите на гевгеличани. Но, не само тоа очекувам во август да почне и реализацијата на оној проект кој што цело време зборуваме, а тоа е реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции. За овие последни 4 месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани. Истовремено од она кое што успеав да го добијам како информација од градоначалникот дека за следната година 2025 имаме доволен број на проекти за исто така финансиските средства кои што ќе бидат реалоцирани од централниот буџет да бидат истите и финансирани.

Уште еднаш да посакам реализација на многу вакви капитални проекти. Тоа е она кое што е политика на оваа влада, тоа е она кое што ќе биде политика на Владата и министрите. Граѓаните го направија своето, сега е редно време и ние да им вратиме на граѓаните за тоа кое што го направија.

Македонија се сака со дела. Така ќе продолжиме да функционираме“.

притисни ентер