Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби
1Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби
3Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка
БалканЗа пет месеци Албанија ја посетиле над 2,3 милиони странски туристи, за 42% повеќе од ланиАлбанија и понатаму привлекува голем број странски посетители, кои во периодот јануари-мај годинава биле за 42 отсто побројни споредено со истиот период минатата година.Министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро во објава на социјалните мрежи ги наведува податоците за бројот на туристи во првите пет месеци годинава, кои, како што оценува, се добра најава за нова рекордна туристичка година. -Во овој период нашата земја ја посетиле 2.389.899 странски туристи, наспроти 1.677.691 истиот период лани, што е за 42 отсто повеќе споредено со првите пет месеци лани. Во мај годинава престојувале 705.079 странски туристи што е 17 отсто повеќе споредено со истиот месец лани, кога сме имале 604.430 странски туристи, наведува Кумбаро во објава на социјалните мрежи. Додава дека поради долгото крајбрежје, Албанија нуди многу, убаво уредени, плажи, од север кон југ, како во Велипоја, Шенѓин, Драч, Валона, Химара, Саранда итн. -Овие плажи ги посетуваат не само Албанците, туку и странски државјани, кои во летните месеци ја избираат Албанија како туристичка дестинација. Исто така, Ѓирокастро, Берат, Бутринти, Круја, Тирана, Скадар итн., се популарни дестинации за историски и културен туризам. Исто така, нашата земја има услови за целогодишен туризам, поради релјефот, кој нуди можности за туризам од југ до север, посочува таа. Според неа туристичките села на северот од земјава во последно време имаат голем број туристи, а се развива и инфраструктурата за авантуристички туризам. Албанија има и многу реки, лагуни и национални паркови кои привлекуваат туристи од целиот свет. Минатата година во Албанија престојувале 7,5 милиони странски туристи што се оценува како рекордна година. Нивниот број бил поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу ДабиРускиот функционер Кирил Дмитриев го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека им се спротивставува на мировните иницијативи на Доналд Трамп.Украинскиот претседател Володимир Зеленски отсекогаш бил против мировниот договор и против американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ). Зеленски отсекогаш бил против Трамп и против светот, и така и постапувал, напиша Дмитријев на социјалната мрежа „Икс“ (X), пренесува агенцијата „Тачно“. Тој, исто така, изрази уверување дека мировните иницијативи на американскиот претседател ќе бидат успешни, и покрај отпорот од страна на Киев. Вака Дмитриев го прокоментира објавувањето на интервјуто на Зеленски за Си-Ен-Ен (CNN), во кое тој наводно зборувал за опасноста од идејата на пратеникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, Русија да се вклучи во дискусиите за идната европска безбедносна архитектура, пренесува „РИА Новости“. Кушнер, по консултациите во Брисел, претходно најави дека Соединетите Држави имаат намера да ја вклучат Русија во преговорите за формирање нова безбедносна архитектура во Европа, како дел од решавањето на украинскиот конфликт. Следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Држави и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека страните имаат намера да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решение. Кремљ го потврди учеството на руската делегација во преговорите, која ќе биде предводена од помошникот на претседателот, Владимир Медински.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите„Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран.Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар на изјавата на Бленди Ходаи во однос на студентскиот оброк, порача: „Јас ја слушнав изјавата не само од оваа лице, туку и од други поединци. Во најмала мерка како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден, би рекол шокиран бидејќи на тој начин да се навредуваат како што тој го направи редовни професори, бидејќи и министерката за образование и јас како претседател на Владата сме сепак редовни професори и генерации, генерации студенти сме помогнале да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства, во најмала рака е непристојно. Јас жалам што тој не беше на оној состанок каде што беа легитимните претставници на студентските движења за кои што разговараме за студентскиот оброк, нешто што ние го работиме во Владата, во рамките на она за кое што јас зборував да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума која што ќе биде одобрена на месечно ниво, да продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии. И би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи. Тоа го покажавме и го потврдиме како Влада. Сите оние проекти кои што беа застанати од студентските домови, преку електронските уреди кои што ги обезбедивме за секој еден студент, сите ученички и студентски домови кои што допрва ќе се реализираат, новите универзитетски кампуси на неколку универзитети се само потврда дека оваа влада е пријател на студентите, и така ќе продолжи. Поединци се разбира може нема да се согласуваат со оваа политика, но непристојно е би рекол редовни професори на таков начин бидат понижувани и навредувани на отворена сцена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов. Судењето продолжува во нејзино отсуство. Денеска се сослушуваат вештаци. На предлог на одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter