СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
2СДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо Михајлов
3 Психолог објаснува како да препознаете “burnout” (исцрпеност) кај децата: „Се гледа преку однесувањето“
ЗдравјеЗа пациентите со целијаклија административните процедури ги оставаат без безглутенско брашноПациентите со целијаклија бараат од Здравствениот фонд да не вадат медицински извештај за нивната состојба секоја година, бидејќи таа состојба е доживотна. Луѓето кои имаат целијаклија бараат од Фондот за здравствено осигурување и од Министерството за здравство да не им се бара на годишно ниво извештај од специјалист дека ја имаат оваа состојба бидејќи таа состоба е доживотна. Тие со тој извештај имаа право да земаат безглутенско брашно на товар на фондот со партиципација, но многу често не можат да најдат термин, а и го заземаат терминот за други на пациенти а земаат само извештај. Од здружението велат дека голем проблем имаат и граѓаните кои имаат алергија на глутен, а сами си купуваат брашно без глутен. Тие иако немаат целијаклија сепак имаат алергија која им предизвикува здравствени проблеми. И месечно даваат и над три илјади денари само за брашно. Целијаклија е хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен – белковина од пченица, јачмен, ‘рж и овес. Симпотми дијареја, губење на тежина, повраќање, болка во стомакот, анемија, главоболка, чиреви во уста, бавно растење кај децата, болка во мускули и зглобови и замор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваДејвид Гета со спектакуларен концерт во Скопје, Македонија прослави 35 години независностСо спектакуларниот концерт на светската диџеј и продуцентска ѕвезда Дејвид Гета, Скопје синоќа беше во знакот на големата музичка прослава по повод 35 години независност на Македонија.Бројната публика во арената „Тодор Проески“ уживаше во големото шоу, моќната продукција, светлосните ефекти и препознатливиот звук на еден од најуспешните светски музички артисти. Вечерта започна со настапите на Семпре и Диџеј Никифор, кои ја подигнаа атмосферата и ја подготвија публиката за главниот дел од програмата. Потоа на сцената се појави Дејвид Гета, кој приреди вистински музички спектакл и пред македонската публика ги донесе своите најголеми светски хитови. Од првите тактови до самиот крај, арената беше исполнета со енергија, светла и илјадници посетители кои пееја и танцуваа. Концертот е последниот настан од прославата на 35-годишнината од независноста. Тагови: Дејвид Гета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските властиПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен. Бајрами самиот се предал откако беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи за Мета информираат дека Бајрами утрово во 5 часот и 35минути , самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со незаконското работење на државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против бајрами и груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.Тагови: Перпарим Бајрами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: „Tалог“ кампањата што ја води Мицкоски и на Денот на независноста е по моделот на Ванчо МихајловИсто како на Илинден, наместо единство и прослава на државноста, вчера, на Денот на независноста Мицкоски ја продолжи кампањата „талог“, ги продолжи навредите и поделбите на граѓаните.Нема ништо државничко кај Мицкоски, ниту пак има чувство за значењето на 8 Септември – за Денот на независноста. Операцијата „Талог“ и сеењето омраза којашто Мицкоски ја спроведува е класична фашистичка кампања по моделот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од нашата историја. Прво забранија да се зборува за мигрантите. Изгласаа декрет во Собранието по теркот на Хитлер. Во Ново Село нападнаа деца поради транспарент со предупредување за отруената вода во Гостивар. Повикаа советник на СДСМ од Кавадарци во полициска станица поради Фејсбук статус за незадоволството на лозарите. Оваа форма на кампања Мицкоски ја тера само затоа што нема ниту еден резултат зад себе, во ниту една област. Економијата, земјоделството, здравството, образованиеѕо, социјлата...насекаде е хаос. Народот едвај врзува крај со крај. Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија, а минималната плата е закована на 26.000 денари, најниска во Европа. Цените отидоа до плафон, стандардот на граѓаните паѓа, луѓето живеат се потешко. Долгот Мицкоски го зголеми веќе за 4 милијарди евра само за две години. Еврипскиот пат е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и човечки вредности. Сè што се прави е копи-пејст рецепт од неговиот ментор Вучиќ. Додека нема ниту еден добра вест за граѓаните од оваа влада. Ниту една. Мицкоски веќе изгуби повеќе од 150 илјади гласови, сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг. Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани. Кога нема резултати зад себе, кога сите негови лаги се прочитани, само уште тоа му остана на Мицкоски, поделби и сеење омраза. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter