За оваа територија Канада и Данска водат “војна“ со необично наоружување (фото) - Канал 5

За оваа територија Канада и Данска водат “војна“ со необично наоружување (фото)

Овој ненаселен остров долг 1.3 километри и широк 1.2 километри, кој не поседува никакви видливи природни ресурси но е сепак претставува "трн во окото" за Данска и Канада.

За оваа територија Канада и Данска водат “војна“ со необично наоружување (фото)
Уште од 1930 година, оваа карпа е дел од територијалниот спор меѓу Канада и Данска.

Имено, според светскиот атлас, островот Ханс е сместен на средината од 35 километри долгиот проток Нарез, кој го раздвојува Гренланд – автономната данска територија – од Канада.


Поради меѓународните права, сите земји можат да побараат територија која се наоѓа на оддалеченост до 20 километри од нивниот брег.

Како таков, Ханс технички е сместен во данските и канадските води.

Во атласот пишува дека Меѓународниот суд на Лигата на народите во 1933 година островот го нарекува данска територија.

Но бидејќи Лигата на народите се распаднала и после тоа е заменета со ОН, првобитната одлука не носи голема тежина.

Набргу потоа престанале расправиите околу островот, бидејќи започнала Втората светска војна, па Студената војна. Но во 1984 година ситуацијата повторно се разгорела.

„Таа година данскиот министер задолжен за Гренланд го посетил островот и поставил данско знаме, под кое оставил порака на која пишувало: Добре дојдовте на данскиот остров“ – заедно со шише бренди.

И од тогаш Канада и Данска водат таканаречена "виски војна" околу островот Ханс.



Иако двете земји и понатаму не можат да се сложат, за територијалниот статус на островот, владите и понатаму водат „виски војна“, а очигледно задржале и добра смисла за хумор.

Петер Таксо Јенсе, данскиот амбасадор во САД изјави дека кога “данската војска е на островот, тие оставаат шише со ракија, а кога Канаѓаните ќе дојдат, тие оставаат шише со виски, со пораката: Добре дојдовте во Канада.

Денес се разгледува план со кој островот би бил претворен во заедничка територија со која би управувале и Канаѓаните и Данците, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот Исток

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигнува на Блискиот Исток во следните 24 часа, каде што ќе им се придружи на двете веќе присутни ударни групи.

Дали САД се подготвуваат за нов напад? Трет носач на авиони пристигнува на Блискиот Исток

Со неговото пристигнување, вкупно три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени во регионот. Веста ја објави „Њујорк тајмс“ и ја потврди американски воен претставник.

Распоредувањето на силите следеше по нападот со беспилотни летала на Иран врз Бахреин, втор таков напад за само три дена. Со ова заврши двомесечното затишје во непријателствата, додека мировните преговори со Вашингтон остануваат блокирани. На нападот во неделата му претходеше инцидент во петокот, кога американските сили пресретнаа два ирански беспилотни летала испукани кон државата од Персискиот Залив.

Пентагон и Централната команда на САД (CENTCOM), одговорни за воените операции на Блискиот Исток, сè уште официјално не го потврдија точниот датум на пристигнување на носачот.

Дипломатски прекин и зголемено воено присуство

Обновените судири се случуваат во контекст на целосен дипломатски застој и зголемено американско воено присуство во регионот. Тие се дел од поширок конфликт со Иран, кој започна кон крајот на февруари со координирани напади на САД и Израел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна го исклучи потпретседателот Џ.Д. Венс од мировниот процес и на социјалните мрежи изјави дека на Вашингтон повеќе не му е потребен договорот со Техеран.

Иако дополнителен носач на авиони пристигнува во регионот, американската војска неодамна ги негираше извештаите во израелските медиуми дека се прават подготовки за евентуално продолжување на операциите против Иран. Тие ги опишаа тврдењата за промени во распоредувањето на регионалните сили како „чиста шпекулација“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави видео: „Ги нападнавме американските бази во Бахреин со беспилотни летала“

Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД.

Иран објави видео: „Ги нападнавме американските бази во Бахреин со беспилотни летала“

Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД и сојузничките земји од Персискиот Залив на два фронта: анти-хутиските сили се повлекоа од брегот на Црвеното Море, додека Иран изврши напади со беспилотни летала врз американските воени бази во Бахреин.

Саудиската воена кампања против Хутите во Јемен претрпе голем пораз откако јеменските сили поддржани од Ријад, кои се борат на страната на меѓународно признатата влада, се повлекоа од областа околу теснецот Баб ел-Мандеб за да ја зајакнат одбраната на Аден, привременото седиште на владата на југот од земјата.

Ирански напади

Објавата означува очигледен крај на шестнеделната владина контраофанзива насочена кон потиснување на Хутите од устието на Црвеното Море и обезбедување на витална рута за испорака на нафта.

Во меѓувреме, иранските напади врз Бахреин, дом на Петтата флота на американската морнарица во Персискиот Залив, веројатно дополнително ќе го зголемат притисокот врз американскиот претседател Доналд Трамп да ја реши војната што започна пред девет месеци.

Трамп во последните денови изјави дека може да се воздржи од напад врз Иран освен ако САД не се соочат со нови провокации од Техеран или од Хутите во Јемен, иако ќе ја задржи американската поморска блокада на Иран, објави Ројтерс во саботата.

Откако непопуларната војна придонесе за поразот на републиканците на среднорочните избори за Конгресот, Трамп почна да ја намалува важноста на постигнувањето дипломатско решение. Војната меѓу САД и Иран се смири по раната фаза, но со застојот на дипломатијата, изгледите за итно решавање на поширокиот конфликт или војната во Јемен се мали.

Напредок на Хутите

Повлекувањето на јеменските владини сили од областа Баб ел-Мандеб, преземено за зајакнување на одбраната на Аден, би можело да отвори простор за Хутите понатаму да напредуваат кон тој град, кој е седиште на меѓународно признатата влада откако ја протераа од главниот град Сана пред повеќе од десет години, истакнува Ројтерс.

„Јужните вооружени сили објавија спроведување на операција за прераспоредување од аеродромот Дубаб и областа Баб ел-Мандеб, западно од покраината Таиз“, објавија владините сили. „Овој чекор беше преземен за да се заштити главниот град Аден и соседните провинции како приоритет, како и да се зајакнат фронтовските линии и да се потиснат постојните закани.“

Во септември, Хутите го окупираа брегот на Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Офанзивата на саудиската воена кампања минатиот месец ги освои клучните позиции околу теснецот, но Хутите не беа целосно протерани од областа.

Хутите одговорија со засилување на нападите со беспилотни летала и ракети врз Саудиска Арабија, напаѓајќи ги главните аеродроми и напаѓајќи енергетски постројки, што предизвика скок на цените на глобалните пазари на нафта.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојка

Охридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. 

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојка

Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер