За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл - Канал 5

За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл

-Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл.

За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл

Полициски службеници од СВР Скопје на 5/06.07.2025 година во периодот од 17.00 до 01.00 часот спроведоа зајакната акциска контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај, Превентива и Темел“ со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што, како што информираат од МВР се преземени вкупно 51 мерка.

-Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, две мерки за минување со моторцикл на црвено светло, три мерки за незастанување на даден знак Стоп од Униформиран полициски службеник...Одземени се два мотоцикли поради измината важност на сообраќајната дозвола од над шест месеци, информираат од МВР.

За време на сообраќајната контрола санкциинирани се и 104 други видови на сообраќајни прекршоци. МВР, исто така, информира дека во текот на изминатата вечер контролирани се осум угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што констатиран е еден прекршок, легитимирани се 66 лица, а извршени се прегледи на лица 23 лица и осум патнички возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. 

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер