За обнова на Појасот Газа потребни се повеќе од 50 милијарди долари - Канал 5

За обнова на Појасот Газа потребни се повеќе од 50 милијарди долари

Според прицените на Обединети нации, Европска Унија и Светска Банка потребни се повеќе од 50 милијарди долари за обнова на Појасот Газа, разурнатата енклава во 15 месечната војна помеѓу Израел и Хамас.

За обнова на Појасот Газа потребни се повеќе од 50 милијарди долари

Според привремената брза процена на штета ио потреби (ИРДНА) за обнова и реконструкција на Појасот Газа потребни се 53,2 милијарди долари во следните десет години, додека во првите три години ќе треба да се обезбедат 20 милијарди долари.

Според ИРДНА повеќе од 292.000 домови во Појасот Газа се уништени или оптетени, 95 отсто од болниците се нефункционални, додека локалната економија е намалена за 83 проценти. За поправка на зградите би биле потребни 29,9 милијарди долари, додека 19,1 милијарди долари би биле наменети за надомест на социјалните и економските загуби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сталоне се пошегува: Не можам уште да се пензионирам, морам да ја финансирам свадбата на ќерка ми

Американскиот актер Силвестер Сталоне се пошегува за време на гостувањето во емисијата „Live with Kelly and Mark“ во вторникот вечерта дека сè уште не може да се пензионира бидејќи мора да ја финансира свадбата на својата ќерка Софија.

Сталоне се пошегува: Не можам уште да се пензионирам, морам да ја финансирам свадбата на ќерка ми

Неговата изјава предизвика смеа кај публиката во студиото. Водителката Кели Рипа го праша актерот колку пари планира да потроши на свадбата на својата триесетгодишна ќерка, пренесе списанието „People“.

„Човече, речиси ми е непријатно да го кажам тоа, но не можам да се пензионирам“, одговори актерот, повторувајќи ја изјавата.

„Не, сериозен сум!“, додаде тој низ смеа. Софија ја објави својата свршувачка со своето момче, Мајкл Шихан, на 28 август. Тогаш таа сподели фотографии од романтичното запросување на Инстаграм со натпис: „Засекогаш со мојот најдобар пријател“.

YouTube video

Во емисијата, Слај го пофали својот иден зет, нарекувајќи го „одличен дечко“. Тој исто така откри дека Шихан побарал благослов од него пред да ја запроси Софија. „Навистина ја побара нејзината рака“, рече актерот, на што водителката се пошегува дека тој „сигурно бил преплашен“.

Во разговорот потоа се вклучи и водителот Марк Консуелос, потсетувајќи на познатата сцена од филмот „Роки 2“ во која ликот на Сталоне, Роки Балбоа, ја запросува Адријан. Тој на шега го праша актерот дали неговиот иден зет го поставил прашањето на начин сличен на оној во филмот.

Запознавање со идниот зет

Сталоне одговори со уште една филмска референца, шегувајќи се дека Шихан ветил оти нема да остава влакна во мијалникот – ветување што Роки ѝ го дава на Адријан во филмот. Актерот додаде дека неговиот иден зет бил многу самоуверен кога дошол да разговара со него, иако и неговата сопруга, Џенифер Флавин, морала да биде присутна за да ја одржи ситуацијата мирна.

Силвестер и Флавин се во брак од 1997 година. Тие ги имаат ќерките Софија, Систин (28) и Скарлет (24). Ѕвездата на филмовите за „Рамбо“ има и два сина со својата прва сопруга, Саша Зак: Серџо (47) и Сејџ, кој почина во 2012 година на 36-годишна возраст.

Во интервју за „Paris Match“ од 2012 година, Флавин (58) откри дека од трите ќерки што ги има со актерот, Софија најмногу личи на својот татко. „Тие имаат многу посебна врска. Размислуваат на ист начин, па дури и имаат исти манири. Софија е љубовта на неговиот живот“, рече таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна

И без да биде официјално побарано, од Бугарија пристигна одговор дека нема да ја екстрадираат Ива Михаилова на Македонија. 

Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна

Тамошното Министерство за внатрешни работи преку соопштение објави дека го добиле известувањето од Интерпол Скопје дека се бара со потерница, но велат дека досега бугарските власти не презеле никакви мерки за да ја лоцираат на територија на Бугарија и дека за неа нема црвено известување. Цитираат делови од уставот и европската конвенција со кои имаат право да не ја предадат на Македонија.

„Потсетуваме дека според член 25, алинеја 4 од Уставот на Република Бугарија „Граѓанин на Република Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила за Република Бугарија.“ Член 6, алинеја 1а од Европската конвенција за екстрадиција вели: „Секоја договорна страна има право да одбие екстрадиција на своите државјани.“.

Постапка за екстрадиција Македонија може да отпочне преку министерството за правда само доколку бараното лице е уапсено. Оттаму велат дека ако добијат такво известување од полицијата, веднаш ќе ја почнат процедурата.

Во меѓувреме претседателката Јотова се ангажирала за Ива Михаилова и алармирала бројни институции за случајот. Вели дека уште не се видела со неа поради тоа што не биле завршени медицинските прегледи во болницата.

„ Во моментов најважно е да биде добро прегледана и да и се помогне да девојката. Немаме време да ги набројам сите институции до кои стигнав, но стигнав дури до главниот комесар за човекови права во Обединетите нации за да го запознаам и да ја заштитам на некаков начин. А отсега натаму какви дејствија ќе преземе Бугарија, ќе бидете информирани. “

Заложбите за Михаилова од страна на политичарите предизвика и дипломатска реакција од Македонија за што вчера во МНР беше повикан бугарскиот амбасадор Радуков. Тоа што се штити од високи државни функционери беше оценето како провокација со која се подриваат напорите за доверба и добрососедство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и дете

Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во пукање насочено кон група луѓе кои излегувале од комеморација за локален политичар во населбата Катлехонг, југоисточно од Јоханесбург, соопшти денеска полицијата.

Масакр по комеморација во Јужна Африка: Четворица загинати, меѓу повредените има и дете

Осомничениот напаѓач е во притвор откако се предал на полицијата, пренесе АП.

Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Полицијата првично извести дека двајца мажи загинале на самото место, но бројот на жртвите денеска се искачи на четири, откако уште две лица починале во болница.

Истрагата ја води специјална единица на Јужноафриканската полициска служба, задолжена за политички мотивирани убиства.

Според извештаите на локалните медиуми, некои од жртвите биле членови на младинското крило на Африканскиот национален конгрес (АНЦ), најголемата партија во јужноафриканскиот парламент. Комеморацијата била одржана за локален лидер на АНЦ, кој бил убиен претходно овој месец во напад за кој постои сомневање дека бил политички мотивиран. Полицијата не го потврди идентитетот на жртвите, туку само наведе дека тие присуствувале на комеморација за „член на политичка партија“.

Во Јужна Африка се забележани високи стапки на криминал со употреба на огнено оружје, вклучително и пукања поврзани со локални политички ривалства.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер