За Нова година секој според џебот, но празнична трпеза мора да има - Канал 5

За Нова година секој според џебот, но празнична трпеза мора да има

Последно одбројување до Новата година, граѓаните ги прават последните подготовки за прослава. За поеуфооричните највсел, за други сосема обичен ден во годината. 

За Нова година секој според џебот, но празнична трпеза мора да има

Со граѓаните со кои поразговаравме рекоа дека новогодишната ноќ ќе ја минат дома, а трпезата ќе им биде според можностите, но традиционално, не смее да остане празна.

-Нигде, дома. Што ќе имате на трпезата? –Од се по малце. Високи ли се цените на пазарите? Па, сега за кого како. За мене не е, нормални се.

-Ние дома, каде? И што ќе имате на трпезата? –Не знам што ќе спреми снаата. Цените високи ли се? –Па, високи се, ама мора да купиш.

-Дома ќе бидам, со бабичката, не ми се шета нигде, а напролет ќе почнеме со шетање. Да одбележиме денот, малку прасечко, да тргне годината напред.

-Дома. Па, печење, салати. Месо обавезно. Секој година си расте инфлацијата.

И додека сите се подготвуваат за дочекот на новата 2026 година, граѓаните кои ги анкетиравме се со поделени мислења за тоа дали Новата година ја има истата еуфорија како порано. Велат се зависи од возраста, друштвото и местото.

-Мислам дека е исто, нема некоја разлика. Нова година, ново... за кого како. Зависи кај ќе славиш.

-Секако. Беше многу поголем и жар, и се. Сега се е спласнато. Како некоја депресија да владее меѓу народот.

Во однос на цените, од Владата рекоа дека засега немаат намера да воведуваат краткорочни мерки и дека со инфлацијата ќе се борат со зголемување на домашното производство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицина

Нобелова награда за медицина  попладнево добија тројца научници за откритија во оптогенетиката.

Тројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицина

Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им е доделена на научниците Карл Дајсерот, Питер Хегеман и Георг Најџел.

Нобеловата награда за медицина денес им беше доделена на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за истражување на мозочната активност што опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Добитниците на наградата беа објавени на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм, со што започна неделата на доделување на Нобеловите награди, пренесува АП.

Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони долари.

Нобеловиот комитет ја пофали работата на тројца научници на откритија поврзани со оптогенетиката, која овозможува активирање или деактивирање на активноста на поединечни нервни клетки во живиот мозок.

„Овој метод сега се користи во лаборатории ширум светот за да се откријат тајните на мозокот“, напиша Комитетот на мрежата X.

Хегеман и Нагел открија протеин познат како каналродопсин, пред Дајсерот „да го претвори тој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина“, објасни Нобеловиот комитет. Нивната работа ги постави темелите за нова ера во невролошките науки, додаде Комитетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува

Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.

ВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува

Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче.

Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега?

Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано?

И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот?

Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче.

Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало.

Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник.

Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел?

Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи.

Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Убавата Емили блесна на филмска премиера

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите со својот изглед во тесен црн фустан со длабоко деколте и му даде силна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм „Sacrifice“.

Фото: Убавата Емили блесна на филмска премиера

Позната по своите провокативни пози, разголени модни изданија, а сега и по врската со Гаврас, Емили ужива во вниманието што го привлекува.

Францускиот режисер Ромен Гаврас се појави во поопуштено издание, во широк црн капут и сина кошула, при што цело време ја прегрнуваше Емили.

Емили ја надополни својата смела комбинација со чантичка со златен синџир и високи чевли што се врзуваат околу ногата, додека заедно пристигнуваа во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“.

Премиерата на неговиот најнов филм „Sacrifice“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември.

Ова остварување претставува и негово деби на англиски јазик, а во главната улога се појавува Ања Тејлор-Џој како религиозен фанатик кој планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер