За „Нов културен бран“ досега пристигнати 190 пријави, одобрени 52 - Канал 5

За „Нов културен бран“ досега пристигнати 190 пријави, одобрени 52

На првиот повик од конкурсот за манифестацијата „Нов културен бран“ се пристигнати 190 пријави, од кои 52 или околу 30 отсто се прифатени, соопшти денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

За „Нов културен бран“ досега пристигнати 190 пријави, одобрени 52
- Ветивме дека ќе воведеме нови стандарди на работење, транспарентност, отчетност, непристрасност и ефикасност на сите фактори во системот на култура, особено на националните и другите јавни институции, Ветивме дека ќе ја гарантираме автономијата во изборот на програмите и проектите и дека ќе воспоставиме практика, секоја одлука да биде изведена врз јасни критериуми и да биде образложена. Токму со Новиот културен бран во пракса го демонстрираме овие наши зацртани цели. Членовите на формираната Комисија за оценка на пријавите работење целосно автономно без какви било обиди за вмешување или влијание, изјави Алаѓозовски.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва реакција на Меган и Хари на писмото на кралот Чарлс: Малку сме изненадени

Портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс изјави дека биле изненадени кога виделе дека британското кралско семејство испратило писмо .

Прва реакција на Меган и Хари на писмото на кралот Чарлс: Малку сме изненадени

Портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс изјави дека биле изненадени кога виделе дека британското кралско семејство испратило писмо во кое го разјаснува официјалниот статус на принцот Хари и Меган Маркл како членови на кралското семејство кои не работат.

Портпаролот рече дека двојката била „малку изненадена што не им било кажано ова однапред“.

Но, кралски извори велат дека Хари и Меган биле свесни за писмото пред да биде објавено.

Комитетот RAVEC на Министерството за внатрешни работи, исто така, се состанува денес за да ја разгледа можноста за семејно осигурување финансирано од даночните обврзници, сега кога се вратија во Велика Британија.

Писмото од кралот Чарлс имало за цел да го разјасни статусот на принцот Хари и Меган, кои се вратија од Калифорнија минатиот месец со децата Арчи и Лилибет.

Тие сè уште нема да можат да ги користат титулите „Негово и Нејзино Кралско Височество“ и ќе останат „приватни граѓани“, според писмото испратено во име на кралот од лордот Чемберлен, висок службеник во палатата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Климатски активист направил хаос во Германија, а не Русите- со импровизирани ракети гаѓал далноводи (ВИДЕО)

Германската полиција уапси 48-годишен маж осомничен за неколку саботажи на националната електрична мрежа, изјавија извори за ДПА .

Климатски активист направил хаос во Германија, а не Русите- со импровизирани ракети гаѓал далноводи (ВИДЕО)

Мажот наводно бил приведен во близина на електраната Вајсвајлер во близина на Ахен, во западна Германија. На апсењето му претходела повеќедневна истрага за низа инциденти во клучни државни инфраструктурни објекти.

Климатскиот активизам како мотив

Потрагата по 48-годишниот маж започна откако тој испратил писма до медиумите и властите во кои ја презема одговорноста за нападите. Климатскиот активизам се наведува како мотив, а во своите писма тој остро го критикувал производството на електрична енергија од фосилни горива.

Се сомнева дека користел ракети од домашно производство за да испука тенка жица преку високонапонски далноводи за да предизвика краток спој. Наводно, тој извршил такви обиди на најмалку две локации во сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија и Бранденбург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска стартува новата сезона на Лигата на шампионите- почнува со спектакл во Мадрид

Започнува новата сезона на Лигата на шампионите. 

Денеска стартува новата сезона на Лигата на шампионите- почнува со спектакл во Мадрид

Натпреварите од првото коло ја отвораат лигашката фаза од најсилното европско клупско натпреварување, а распоредот за ова коло е растегнат во три дена, од вторник до четврток. Вкупно 18 натпревари ќе се играат во тој период.

Првиот ден носи неколку интересни дуели. Реал Мадрид игра на Сантијаго Бернабеу против Интер. Манчестер Сити, гостува кај Порто, додека Борусија Дортмунд, го пречекува Виљареал. Првите два натпревари започнуваат во 18:45 часот, а преостанатите четири се играат во 21:00 часот.

Лига на шампиони денеска, вторник, 8 септември

18:45 АЕК – ЛАСК,

18:45 Клуб Бриж – Астон Вила,

21:00 Реал Мадрид – Интер,

21:00 Борусија Дортмунд – Виљареал,

21:00 Лил – Реал Бетис,

Среда, 9 септември

Програмата продолжува во среда со уште шест натпревари. Барселона ја отвора новата европска сезона против Феенорд, Ливерпул го пречекува Атлетико Мадрид, додека Наполи и Арсенал се среќаваат во еден од најинтересните натпревари од колото.

18:45 Барселона – Феенорд,

18:45 Штутгарт – Викинг,

21:00 Ливерпул – Атлетико Мадрид,

21:00 Наполи – Арсенал,

21:00 Париз Сен Жермен – Слован Братислава,

21:00 Спортинг – Галатасарај,

Четврток, 10 септември

18:45 Фенербахче – Рома,

18:45 ПСВ – Шахтјор

21:00 Комо – Лајпциг,

21:00 Баерн Минхен – Боде/Глимт

21:00 Манчестер Јунајтед – Сабах,

21:00 Славија Прага – Ленс

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер