За нив не постојат тајни!Три хороскопски знаци кои обожуваат озборување - Канал 5

За нив не постојат тајни!Три хороскопски знаци кои обожуваат озборување

Едноставно - тие се премногу љубопитни!

За нив не постојат тајни!Три хороскопски знаци кои обожуваат озборување

Колку и да тврдат дека ништо не ги интересира и се обидуваат да ја скријат љубопитноста, вистина е дека следните знаци се најдосадни и најупорни кога сакаат да дознаат некоја информација.

Овен - За Овенот може да се каже дека е кралот на комуникацијата. Обожува да е во центарот на внимание, а посебно да води монолози во кои секогаш воодушевува со информациите кои ги поседува. Убедливо тој има најсвежи вести и озборувања. Некогаш тоа го прави поради љубопитност, а често поради желба се да дознае прв. Сепак, тој во потрагата по вестите тој тоа го прави спонтано и итро, па нема никогаш да навалува и досадува.

Бик - Бикот врз основ на движењето на вашето тело, мимиката и гестикулацијата може многу нешта да дознае и токму таа проценка му помага да дознае буквално се. Тој не мора да слуша трачови, ниту да ги следи вашите пораки на телефон - доволно е малку подобро да ве анализира.

Стрелец - Кога е во прашање нешто што сака да дознае, Стрелецот може да помине низ невозможно само за да дознае како да ја оствари зацртаната цел. Обожува да комуницира и секогаш е во центарот на настаните. Стрелецот без проблем отворено ќе праша се што го интересира. Припадниците на овој знак низ животот негуваат бројни пријателства, имаат доста познаници и лесно градат мрежи од луѓе од кои секогаш имаат корист.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влезе и Трајче Пеливанов

Петмина кандидати влегуваат во трката за избор на нов шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), потврди за Канал 5 првиот човек на Советот на јавни обвинители Башким Бесими. 

Пет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влезе и Трајче Пеливанов

Рокот за лично доставување на кандидатури заврши во саботата, а во последен час конкурирал Трајче Пеливанов, поранешниот обвинител на СЈО, кој пак сега е дел вишото скопско обвинителство. Иако рокот за пријавување официјално е истечен, Бесими објаснува дека во наредните денови ќе се разгледува и дали има кандидатури испратени по пошта, пред кандидатите понатаму да ја претстават својата програма пред членовите на советот. Според поранешната претседателка на антикорупционерите Слаѓана Тасева, новиот прв човек на ОЈО ГОКК треба да биде неутрален и непристрасно да делува при спроведувањето на правдата.

–Тука треба да биде назначен некој што е многу подготвен да работи првин во оваа сфера – да работи во сферата на организираниот криминал и во сферата на борба против корупцијата затоа што овие две форми на криминал стануваат секој ден се пософистицирани. И мора да биде неутрален и мора да постапува независно, затоа што независноста на јавниот обвинител всушност понатаму е витална за независноста на судот и тој мора да ги почитува правата на сите странки во постапката, вклучително и правата на лицата кои се осомничени.- Слаѓана Тасева, универзитетски професор и поранешна претседателка на ДКСК

Покрај Пеливанов, на огласот од претходно се пријави и неговиот колега од вишото обвинителство Јован Цветановски, познат во јавноста по тоа што одново ја отвори истрагата за злоупотребите при набавка на мазут, а за кого има и обвинение за злоупотреба на службената положба. За оваа позиција ќе се борат уште и обвинителката Искра Хаџивасилева, која го води случајот против судијата Ѓоко Ристов, обвинителката Лидија Раичевиќ, која претходно беше и кандидат за државен јавен обвинител, како и обвинителот Фатон Азизи, кој го води случајот на обвинителството во предметот „Адитив“. Мандатот пак на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази истекува на 8 ноември, а тој веќе соопшти дека нема да се рекандидира. Изборот на новиот раководител на ОЈО ГОКК е предвидено да се одржи на 28 октомври, кога членовите на советот на јавни обвинители ќе гласаат за наследник на Абази. Според актуелниот закон, првиот човек на ова обвинителство има мандат од четири години со право на уште еден избор. Од друга страна пак, во собраниска процедура се наоѓаат и измените со кои се предлага мандатот на шефот на ОЈО ГОКК да трае шест години, без право на реизбор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника

70 годишниот починат маж од компликации од нилската треска е осмата жртва на вирусот. Тој по потекло е од Драчево, една од мапираните места со нилска треска во Скопје. 

Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника

На 25 август бил примен во инфективната клиника во исклучително тешка состобја и бил на интезивно лекување, потврди директорот на клиниката доктор Фадил Цана. Починатиот имал и други хронични заболување кои биле дополнителн товар во лекувањето.

Во моментот на клиниката се лекуваат осум луѓе, двајца од нив се во тешка состојба. Сите се мажи од Скопје, а има еден пациент и од Свети Николе на возраст над 60 години. Во претходните четири дена нема нови хоспитализации на клиниката со вируост на нилска треска.

Во среда ќе се врши прскање против ларви од комарци прскањето ќе биде на водни површини, информираат од Град Скопје. Тие се апел до пчеларите де ги заштитат пчелите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа.

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа – учесници во креирањето на независната македонска држава, меѓу кои поранешни функционери и јавни личности на панел-дискусија ги споделија своите искуства, откривајќи и нови моменти од закулисјето на настаните кои довеле до прогласувањето независност. Денешната претседателка а тогашен член на Уставната комисија – Гордана Сиљановска Давкова како и вториот министер за правда – Туше Гошев посочија дека владеење на правото останува предизвик за државава.

-Таа не се гради само со демократските избори и конституирањето на институциите, туку со градење функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и слободи, и се разбира со почитување на највисоките стандарди не само на домашното туку и на меѓународното право.- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија

-Можам слободно да кажам дека со воведувањето на пропорционалниот модел на избор на пратеници во Собранието, мислам дека се стави мораториум на еден дел од Уставот на Република Македонија. // Во конкретниот случај имаме украден суверенитет од политички партии, политичките партии го зимаат суверенитетот од граѓаните. - Туше Гошев – поранешен министер за правда

Во првите мандати се пропуштија неколку шанси за создавање на попријатен амбиент за сите граѓани во земјата – смета еден од првите луѓе на тогашната Партија за демократски просперитет на етничките албанци во земјава - Насер Зибери.

-Мислам дека релацијата права – лојалност е секогаш битна за стабилност и просперитет во една земја, мислам дека во тој период имаше недостаток и на едниот елемент и на другиот. - Насер Зибери – член на поранешната партија за Демократски просперитет

Пратеникот од првиот Собраниски состав – Петар Гошев тврди дека во договорот со Бугарија е направена иста грешка како и во пресудниот Конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, кога до крај не се определиле виталните интереси на републиките.

-Тоа е истото кога во член 12 од Договорот со Бугарија е договорено дека ние имаме заедничка историја. Фино! А што е заедничка историја? Не е договорено. Епа сега тоа ќе се расплетува, отплетува до не знам кога.- Петар Гошев , пратеник од првиот собраниски мандат

Според поранешниот министер за надворешни работи – Благој Ханџиски, уште на првите седници на Собранието како што вели, веќе знаел дека меѓународното признавање, прашањето за името и односите со соседите на Македонија ќе останат долгорочни проблеми за решавање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер