ЖивотЗа Марија се мислеше дека шеиците ѝ го скршиле 'рбетот во Дубаи: Еве што се случило – се разбудила од кома и проговорилаМарија Ковальчук, манекенка која на 12 март беше пронајдена тешко повредена покрај пат во Дубаи, се разбуди од кома и го даде првото интервју.По неколкунеделна кома, бројни операции и борба за живот, Марија Ковальчук конечно се освести и почна да се присетува на кобната ноќ. Она што го раскажа дополнително ги вознемири нејзините најблиски и ги потврди нивните сомнежи дека не станува збор за несреќа, туку за брутално насилство. Во ноќта на нејзиното исчезнување, Марија била во друштво на тројца луѓе: Милена Долганова, Артем и Александар. Според нејзините зборови, атмосферата брзо станала вознемирувачка. – Разбиваа шишиња, подот беше покриен со стакло. Почнав да чувствувам сериозен страв. Се обидов да побегнам на балконот и да побарам помош, но Артем и Александар ме вратија назад. Во еден момент успеав да излезам од собата и да избегам од хотелот, но тргнаа по мене – раскажа Марија во првото интервју по несреќата. Марија тврди дека веќе била во паника, а настаните што следеле ѝ се нејасни. Нејзиното семејство верува дека токму тогаш ѝ се нанесени најтешките повреди, кои вклучуваат повеќекратни скршеници и оштетување на рбетниот столб. Пет операции за четири месеци Од моментот кога беше пронајдена, Марија помина низ пекол. Во болница лежеше без свест со недели. Досега има извршено пет тешки операции, а лекарите предупредуваат дека најтешкиот дел дури допрва следи – долг и неизвесен опоравок. Иако сега може да зборува, нејзиното тело сè уште е исклучително слабо, а движењата ѝ се ограничени. Планирани се најмалку уште две хируршки интервенции, по што следи интензивна рехабилитација. Сомнежи на семејството И покрај сè што кажа, официјалните институции во Дубаи сè уште не ја исклучуваат можноста дека се работи за обид за самоубиство. Според нивните наводи, сведоци ја виделе како во состојба на хистерија шета околу градилиште и се искачува на недовршена зграда, од каде наводно паднала. Сепак, нејзините најблиски остро ја отфрлаат оваа верзија и тврдат дека некој се обидува да го заташка случајот. – Нашето дете не се обидело да се самоубие. Нема ниту еден доказ дека самата скокнала. Напротив, веруваме дека била фрлена, а потоа оставена да умре. Марија сега сведочи и точно знае од кого треба да се плаши – велат членовите на семејството. Траги од насилство, празнини во истрагата и бројни прашања без одговор Додека Марија се бори за секој чекор, семејството ја бара вистината. Телото ѝ било покриено со модринки, скршеници и рани. Исчезнала ноќта кога требало да патува за Тајланд. Не се јавила никому, не се качила во авион, а пронајдена е дури подоцна – неподвижна и во тешка состојба, пишува Блиц Жена. Прашањата се натрупуваат: кои се луѓето со кои била? Зошто ѝ ги зеле личните работи? Зошто официјално се форсира верзијата за самоубиство кога постојат директни тврдења за насилство? Едно е јасно – Марија веќе не молчи. Прозборе. И сега нема враќање назад. Тагови: Дубаи несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter