За малку избегната тепачка на тениски натпревар: Ајде да се видиме надвор, ако имаш храброст! (ВИДЕО) - Канал 5

За малку избегната тепачка на тениски натпревар: Ајде да се видиме надвор, ако имаш храброст! (ВИДЕО)

Турнирот „Бастад“, кој се игра на земјена подлога во Шведска од 7 до 20 јули, влезе во финалето, но еден натпревар од 32-то коло ја засени спортската атмосфера - поради жесток вербален судир меѓу двајца тенисери.

За малку избегната тепачка на тениски натпревар: Ајде да се видиме надвор, ако имаш храброст! (ВИДЕО)

Аргентинецот Камило Уго Карабели (5-ти носител) го победи Чилеанецот Кристијан Гарин во два сета - 6:4, 6:4 - и со тоа се пласираше во осминафиналето (каде потоа го победи Ботик ван де Зандшулп). Сепак, она што се случи по натпреварот привлече поголемо внимание од самата игра.

Тенискиот натпревар започна во вторник, но беше прекинат од дожд, а Гарин водеше со 3:2. Продолжи во среда, а откако Карабели ги смени резултатите и победи, имаше сериозна размена на зборови меѓу двајцата играчи.

Според „Пунтодебрејк“, Карабели наводно го опцул противникот и го нарекол „бобо“, што на шпански значи „будала“. Гарин одговори прашувајќи: „Зошто ме нарекуваш будала, што ти е?“, а потоа додаде закана: „Ќе се видиме надвор да видиме дали имаш храброст!“

Судијата се обиде да ја смири ситуацијата барајќи од играчите да зборуваат на англиски, но тензиите не стивнаа. Карабели наводно му рекол и: „Никој не те сака, убав пат дома.“

Гарин, поранешен светски тенисер број 17 и четвртфиналист на Вимблдон, очигледно не можеше да го поднесе начинот на кој Аргентинецот ја прослави својата победа. Иако дуелот помина без поголеми судири до тој момент, крајот на натпреварот ги откри тензиите што тлееја во позадина што за малклу доведе до тепачка на теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во сериозен ризик.

Тренчевска: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра!

Тоа се над 14% од целиот буџет!

Во ризик е исплатата на пензиите.

ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост.

ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да украде пари од граѓаните, се друго растураат.

Ја задолжија државата со 4 милијарди нов долг за само две години - секоја недела ново задолжување за криминални партиски тендери.

Луксузи, нов авион, скапи партиски настани, 5,5 милиони евра за прослава - за граѓаните ништо, нула денари, нула мерки.

Како неговата влада гарантира дека пензиите ќе се исплаќаат на време кога нема никаква проекција, нема рок до кога ПИОМ ќе зависи од Буџетот.

Од први јули, оваа година, придонесот на ПИОМ е зголемен за 1% односно, процентот што одеше во Агенција во вработување го прераспределиле во Фондот за пензиско.

И повторно дупката е зголемена на 1 милијарди евра.

Дополнително, арамијата Мицкоски го доведува во ризик и вториот пензиски столб.

Најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“.

Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии.

Ова е класична импровизација и неодговорно поигрување со иднината и сигурноста на граѓаните и на идните пензионери.

Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда.

Затоа бараме јавен одговор: како дупката од 1 милијарда евра ќе се пополни? Од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум.

Без јасен план и конкретни мерки, уверувањата на ВМРО се само политичко покритие за власт која пензиите ги користи како парола, а финансискиот товар го префрла врз граѓаните.

Се работи за стотици илјади луѓе, кои работеле, учествувале во полнењето на пензискиот систем.

За пензионерите кои денес зависат од својата пензија за лекови, храна и сметки, и заслужуваат сигурност.

За идните пензионери, кои денес работат, плаќаат придонеси и со право очекуваат еден ден да имаат сигурна и достоинствена пензија.

Пензиите не се милостина од Мицкоски. Пензиите се право. Пензискиот фонд е обврска на државата.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи се осудени на по 25 години затвор за воени злосторства, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства

Судот: Не е докажано дека сториле злосторства против човештвото.

Во Специјализираниот суд во Хаг заврши изрекувањето на првостепената пресуда за четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи – кои беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со најмалку 407 приведени лица, од кои најмалку 102 биле убиени.

Тачи и Красниќи беа осудени на по 25 години затвор за воени злосторства во Косово и Метохија, додека Весели доби казна од 18 години, а Селими од 13 години затвор.

Судскиот совет соопшти дека обвинителството не успеало да докаже оти обвинетите извршиле злосторства против човештвото.

Атмосферата во Хаг е напната,поддржувачи на таканаречената ОВК се собрани пред судот, додека Албанци на еден плоштад во Приштина го следат изрекувањето на пресудата на голем екран.

Судскиот совет на Специјализираните совети во Хаг ги прогласи поранешните водачи на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели – за виновни за воени злосторства извршени врз цивили и лица кои не учествувале активно во непријателствата.

Според одлуката на Судскиот совет, обвинетите се виновни за военото злосторство на произволно лишување од слобода на 385 лица, сурово постапување кон 49 лица, мачење на 303 лица и за военото злосторство убиство на 96 лица.

Како што беше констатирано при изрекувањето на пресудата, обвинителството надвор од разумно сомневање ја докажа одговорноста на четворицата обвинети за гореспоменатите злосторства и нивното учество во остварувањето на заедничка криминална цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Деклотетот на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез секогаш ги радува своите обожаватели кога објавува нови фотографии на социјалните мрежи, а ниту овој пат не беше поинаку. 

Фото: Деклотетот на Џеј Ло

Сите ги сакаат селфињата на „жешката“ Латиноамериканка.

Најмногу внимание привлекуваат нејзините лежерни изданија – какви што објавување во текот на летото, кога таа ден по ден воодушевуваше со својот избор.

Летото се ближи кон крајот, но славната Џеј Ло не се откажува од лежерните парчиња облека и од истакнувањето на својата извајана фигура, па така на една од фотографиите позираше во широка бела кошула и широки бели панталони што ѝ го истакнуваа струкот.

Но, сепак најголемо внимание привлече, длабокото деколте, бидејќи мегапопуларната пејачка нема ништо облечено под кошулата.

Летово атрактивната пејачка редовно ги радуваше фановите со фотки на кои во преден план бешѓе нејзиното деколте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер