Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
2Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
КултураЗа љубителите на книги се отвора прв книжевен клуб во БогданциПод мотото „Ајде да читаме”, во општина Богданци вечер се отвора прв книжевен клуб, на иницијатива на богданските читатели, членови на градската библиотека.Првата средба е закажана во 19 часот во просториите на Домот на културата „Бранд Петрушев”, а услов за да се биде дел од клубот е членство во библиотеката, како и желба за читање книги. - Идејата ја имаме одамна, затоа по иницијатива на читателите од нашата општина и со намера да се разработи и промовира библиотеката, која функционира во рамки на Домот на културата, одлучивме да ја реализираме. Книжевноста беше една дејност која ни фалеше, покрај досегашните секции со кои сме активни, а тоа се ликовната, драмската и музичката. На средбите во книжевниот клуб, кои за почеток ќе се одржуваат еднаш месечно, ќе учествуваат наставници и професори по јазици од основното и средното образование, ученици и останати читатели кои се редовни корисници на библиотеката, а повикот е упатен и до сите богданчани од сите возрасти. Овде може да се сретнат сите љубители на пишаниот збор и да поразговараат на тема „книги”, тема која за жал сѐ помалку е актуелна во денешно време, вели Бранко Сапламаев, директор на ЈОУДК “Бранд Петрушев”. Од установата најавуваат дека во планот за работа во претстојната година е промоција, надградба, унапредување и збогатување на градската библиотека со повеќе примероци од книгите, како и нови наслови, но и зголемување на бројот на членови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКарагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“ Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи. Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор. Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите. „Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер. На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
СветСтејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран. САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи. Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи. Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник. САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местотоГолем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16