За лидерите на „Вреди“, албанската репрезентација е „наша“, Славески прашува која е логиката

„Ако матична држава на нашите сограѓани етнички Албанци е Македонија, а не Албанија, според која логика фудбалската репрезентација на Албанија може да биде национален тим?“.

Ова е прашањето кое на социјалните мрежи го поставува претседателот на Советот на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, откако дел од лидерите на коалицијата Вреди тимот на Албанија го нарекоа „нашата репрезентација“.

„Национален тим? Зошто кога консензуално се договоривме и прифативме дека нашите сограѓани етнички Албанци не се малцинство во Република Македонија, некои нивни лидери самите ги промовираат во малцинство?! – пишува Славески.

Тројцата лидери на Вреди ги објавија коментарите за мечот меѓу Албанија и Италија на европското првенство од пред два дена, по голот на фудбалерот Недим Бајрами, кој е роден во Швајцарија, а по потекло е од тетовско..

„Пишуваме историја со момчето од Тетово. Мрежата на Италијанците се затресе за само 23 секунди! Секогаш со нашата репрезентација“,напиша Касами.

„Албанија го стартува со чудо Европското првенство 2024! Во 23. Секунда недим од полог го започна мечот со гол за нас“,објави Таравари..

„Во победа и пораз, продолжуваме со нашата репрезентација!“,коментираше идниот прв вицепремиер, Изет Меџити.

Со поддршка за репрезнтацијата на Албанија се огласи и Зијадин Села, кој објави и фотографија од трибините...

Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за Државни патишта

Обвинителството да ја испита досегашната работа на ЈП за државни патишта и македонски железници инфраструктура побара денеска министерот за транспорт и врски Александар Николовски.

Ваквото барање на новиот министер доаѓа по објавувањето на ревизорскиот извештај за реализација на капиталните инвестиции, каде беше наведено дека вредноста на проектот за изградба на Коридор 8 од железничката инфраструктура кон исток скокнала за 220 милиони евра, што според Николовски 1 километар железница чини 24 милиони евра и го прави најскап километар некогаш изграден во светот. Дополнително според него, спорно е и тоа што претходната влада ја распишала тендерската постапка кога земјава се наоѓала во предизборен период, а рокот за поднесување на понуди истекува денес.

„Се работи за железничка пруга која треба да оди од К. Паланка до граница со Бугарија, која поминува низ град, со која треба да се рушат десетици куќи и најбитното завршува во тунел кој што нема крај.“ -изјави Александар Николовски – министер за транспорт и врски.

Николовски најави смена на раководството во ЈПДП и МЖ инфраструктура. Дополнително се надева дека кинески Синохидро до крајот на 2026, по една деценија ќе ја заврши изградбата на автопатот Кичево Охрид, а по промената на раководството во државни патишта најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10 Д. Не ја исклучи ниту можна и за репреговарање на договорот.

„Сите опции се отворени, треба да сме одговорни кон народните пари, исплатени се веќе 250 милиони евра, неодговорно е да се раскине договор тоа што е одговорно е да се седне и да се разговара.“- -изјави Александар Николовски – министер за транспорт и врски.

Според ревизорите Бехтел и Енка не ги градат коридорите со утврдената динамика. Дополнително во извештајот се нотираат и низа други слабости во управувањето со капиталните инвестиции и ЕУ фондовите. Според ревизија проектите се влечат со години, а трошоците за нивна реалцизација растат.

Јанчев: Кавадарци ке добие нов модерен парк

Кавадарци ке добие модерен парк по сите стандарди.

Во истиот покрај зеленило и простор за одмор и релаксација ке има паркинг, реквизити за најмладите како и кошаркарско и ракометно игралиште, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Историја, Географија и Граѓанско, повторно како посебни предмети во училиштата

Учебници за сите основци и за дел од средношколците од септември, посебни предмети и нов електронски дневник, најавува новата министерка за образование, Весна Јаневска. 

Концепцијата за образование од времето на Мила Царовска, кога предметот општествени науки го замени наставниот предмет историја, нема да се укинува како што беше претходно најавувано, туку ќе биде реформирана. Во учебната 2025/26 година ќе биде со надградена концепција со нови наставни програми и планови, со нови учебниви за учениците, а посебните предмети, како што рече Јаневска, ќе почнат да функционираат уште оваа година.

Денеска беше промовиран и нов електронски дневник, во кој како што рече Јаневска, нема да може преку ноќ да се менуваат оценките или да се бришат изостаноците, како што било случај претходно. Нагласи дека до наставниците ќе бидат обучени како да го користат новиот дневник, а додека да се стави во употреба новиот, ќе функционира стариот е дневник.

Новата министерка најави дека уште утре ќе има средба со СОНК за да почнат првите преговори околу динамиката за подобрување на сите услови на вработените во образованието, вклучително и за потпишувањето колективен договор за покачувањата на платите, кој би се реализирал до крајот на мандатот.

притисни ентер