За лични документи од 2021 до 2025 мвр платило 29 милиони евра, а граѓаните платиле 73 милиони евра, открива ЦГК - Канал 5

За лични документи од 2021 до 2025 мвр платило 29 милиони евра, а граѓаните платиле 73 милиони евра, открива ЦГК

За изработката на лични карти, пасоши и возачки дозволи граѓаните во последниве пет години од свој џеб платиле над 70 милиони евра, иако МВР обрасците за истите документи ги набавило за 29 милиони евра 

За лични документи од 2021 до 2025 мвр платило 29 милиони евра, а граѓаните платиле 73 милиони евра, открива ЦГК

За изработката на лични карти, пасоши и возачки дозволи граѓаните во последниве пет години од свој џеб платиле над 70 милиони евра, иако МВР обрасците за истите документи ги набавило за 29 милиони евра – покажало истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за периодот од 2021-ва до 2025-та година. Причина за разликата од 44 милиони евра, од центарот велат дека се непознати, оти од МВР им посочиле дека договорите врз кои се реализира целиот систем се водат како доверливи и не се достапни за јавноста. Според истражувањето, изработката на обрасците ја вршела иста странска компанија, со која договор бил склучен во 2005 година, со важност од 11 години, но останува нејасно на кој начин соработката била продолжена до денеска.

Врз основа на кој закон се склучени тековните договори, неприфатливо е според нас е што МВР не го кажува ни законскиот основ, дали врз закон на јавни набавки или безбедност за одбрана, и ако е така врз кој член, за да ние како јавност знаеме дека оваа тајност е оправдана, во спротивно, се поставува дилемата за рационално и ефикасно трошење на јавните пари-- Сабина Факиќ – Центар за граѓански комуникации.

Од МВР пак, на прашања на Канал 5 посочија дека постапката за набавка на обрасци се спроведува согласно одредбите од законот за јавни набавки, во која се утврдуваат цените за нивната набавка.

-Цените кои граѓаните ги плаќаат за обрасци се утврдени согласно решение и одлука на Влада. Воедно, ве известуваме дека не се работи за таен договор, туку за повеќе постапки кои содржат различни класифицирани сегменти. – МВР.

„Под лупа“ на ЦКГ се најдоа и авионските евакуации од Блискиот Исток по стартот на конфликтот во организација на МНР. Тие забележуваат дека министерството исплатило целосен аванс од 967 илјади евра, наспроти законските прописи од 20% од сумата, а воедно, ангажираната компанија не дала никаква банкарска гаранција, па, велат, останува нејасно, врз кој законски основ е одобрен целосен аванс.

-Интересно е дека понудата која е побарана, е доставена на 6 март, во 14 часот, во тој истот ден, понудата е прифатена, договорот е склучен, фирмата издала фактура и МНР ја платило првата фактура за првите два лета. Ваквото постапување не е во согласност со законот за јавни набавки. Законот е дециден. Точно, можете да спроведете постапка која е итна во случај кога безбедноста на граѓаните е загрозена, но немате право 100% да ги реализирате трошоците за таа набавка. Оттука, тоа што за четирите лета, во три фактури е плаќано неколку дена пред летовите да се реализираат не се согласност со законот. -Сабина Факиќ – Центар за граѓански комуникации.

Од МНР ги демантираат ваквите наводи во извештајот на ЦГК. Од таму велат дека постапката била спроведена согласно законските прописи, врз основа на заклучоци на Владата, со единствена цел, како што наведуваат, навремена и безбедна евакуација на нашите граѓани. Првично биле доставени биле покани до 9, но ниту една компанија не се пријавила на повикот.

-Дури по неуспешното завршување на првата постапка, беше отпочната постапка со единствениот субјект кој во тие околности можеше со сигурност да ја реализира услугата. Условот средствата да бидат исплатени пред реализацијата на летовите не беше утврден од Министерството, туку претставуваше објективен услов, наметнат од локалните превозници и специфичните пазарни услови во регионот на Блискиот Исток во услови на воена криза. – Министерство за надворешни работи.

Велат од министерството, од каде посочија дека остануваат целосно отворени за проверка на сите аспекти од постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и нетабилно

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи.

Утре променливо облачно и нетабилно

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Побарана забрана за предавање и повеќе други мерки за претпазливост за професорка осомничена за поткуп

Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши.

На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот кај неа, таа не му впишала оценка во индексот и во електронскиот систем дека не положил туку директно побарала пари во износ од 300 евра, за да му напише шестка со која тој би го положил наведениот испит.

На 29 јуни во нејзината канцеларија, ги примила парите од студентот, така што му дала инструкции да ги остави на помошната маса, помеѓу скрипта и еден лист бела хартија, а во индексот му запишала преодна оценка.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост – забрана на напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на осомничената да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со студентот, како и забрана за вршење на работни активности на факултетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на Мицкоски

Додека вчера овие луѓе беа ништо - без структура, без име, без јасна порака, денес одеднаш излегуваат со „јасна платформа за иднината на Мицкоски”.

СДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 - платформа за иднината на Мицкоски

Ова не е случајност. Ова е проектот ЗНАМ 2.0.

Мицкоски прво се обиде да ја провлече оваа платформа преку СДСМ, за да создаде поделба внатре во партијата.

Кога тоа не му успеа, сега го прави самостојно. Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа.

Сега се претставуваат како опозиција. По изборите ќе посакаат да станат дел од „тендер коалицијата“.

Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити.

Затоа и се одржуваат разговори под “Chatham House” правила - сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас.

Еднаш народот беше измамен со првиот ЗНАМ. Тие прво ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи.

Втор пат нема да се случи.

ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски.

Мицкоски ги лажеше своите гласачи за името, за Преспа, за повисоки плати, за ЕУ, за подобра економија, за поголеми инвестиции.

Она што го испорача е катастрофа во сè што се фати - ја уништи економијата и ја изолира земјата.

Доста е повеќе со сателитите на Мицкоски и организираната криминална група.

Доста е повеќе со продажбата на Македонија и интересите на граѓаните заради лични болни амбиции и лична материјална и финансиска корист.

Еден е Фронтот за вистина и правда!

Набрзо ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер