За колку се продаде Ферарито на Шумахер? - Канал 5

За колку се продаде Ферарито на Шумахер?

Ферари Ф300 на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер беше продаден на аукција во август 2022 година.

За колку се продаде Ферарито на Шумахер?

Станува збор за болид од 1998 година во кој Шумахер оствари четири од шест победи таа сезона во Канада (Жил Винев), Франција (Пол Рикар), Велика Британија (Силверстон) и Италија (Монца).

Автомобилот го придвижува 3.0-литарски V10 мотор кој развива 800 КС.

Овој болид е продаден на неименуван колекционер за дури 6,22 милиони долари. Иако многу висока сума, не го собори рекордот.

Досега најскапиот Формула 1 болид некогаш продаден вредеше 7,5 милиони долари. Интересно, и тој модел го возел Шумахер за Ферари, но во 2001 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невреме

Во текот на вчерашната ноќ и утринава, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што вчера го зафатија градот.

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невреме

Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Се реализираат рачно и машинско метење и миење, а екипите на Претпријатието се ангажирани и за повторно поставување на садовите за одлагање на отпадот што беа изместени во текот на невремето.

Активностите ќе продолжат во текот на целиот ден, во насока на целосно санирање на последиците од невремето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избран најлошиот тим на Светското првенство

Познатиот американски медиум ESPN објави листа на најголемите разочарувања од неодамна завршеното Светско првенство, на која се најдоа неколку звучни имиња. 

Избран најлошиот тим на Светското првенство

Во тимот составен од 11-те играчи со најслаб учинок на турнирот влегуваат ѕвезди како Вирџил ван Дајк, Бруно Фернандеш, Флоријан Вирц, Нејмар и ветеранот меѓу стативите, Фернандо Муслера.

Уредничкиот тим на ESPN смета дека овие ѕвезди прикажаа игра далеку под очекувањата; нивните бледи настапи несомнено ги издвоија како главни разочарувања на турнирот.

На голот е 40-годишниот Фернандо Муслера, чии скапи грешки го чинеа Уругвај, додека одбраната ја предводи капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, кој не успеа да ја зацврсти дефанзивната линија на својот тим.

Во одбранбената линија му се придружуваат Џошуа Кимих и англискиот тандем Марк Гехи и Нико О'Рајли; сите тие скапо платија за играњето на неприродни позиции и за тоа што потклекнаа под притисокот.

Средниот ред го сочинуваат играчи од кои се очекуваше да ги предводат своите репрезентации, но кои на крајот не успеаја да остварат никакво значајно влијание.

Бруно Фернандеш беше само бледа копија на играчот што го гледаме во клубот, Федерико Валверде не успеа да внесе никаква креативност во играта на Уругвај, додека Скот Мектомини одигра три крајно неубедливи натпревари.

Во нападот, најголеми разочарувања беа Нејмар – чиј настап на првенството се сведе на само 37 минути на теренот – Флоријан Вирц, кој само ги потврди критиките упатени кон него, и Кристијан Пулишиќ, кој по почетниот блесок, целосно исчезна во моментите кога се решаваа натпреварите.

Според ESPN, ова е најслабиот тим на Светското првенство: Голман: Муслера Одбрана: Кимих, Ван Дајк, Гехи, Нико О'Рајли Среден ред: Валверде, Мектомини, Б. Фернандеш Напад: Вирц, Пулишиќ, Нејмар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните постројки

САД синоќа го нападнаа И 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди  да не ги таргетираат нуклеарните постројки.

САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните  постројки

Централната команда на САД соопшти дека бранот напади бил „дизајниран да продолжи да ја деградира способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот бродски сообраќај“ во Ормутскиот теснец.

Иранските државни медиуми објавија дека во главниот град Техеран е активирана воздушна одбрана. Експлозии се пријавени и во Тебриз, Чабахар, Конарак и во Бушер, каде што се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран.

Иран, кој возврати на САД и нивните сојузници од Блискиот исток, предупреди на одмазда откако Трамп изјави дека САД наскоро ќе погодат подземна нуклеарна постројка во близина на Натанц.

Иран и САД се согласија за прекин на огнот во април, но непријателствата продолжија минатата недела, бидејќи двете земји се бореа за контрола на виталниот воден пат Ормутскиот теснец.

Американските сили ги таргетирале иранските воени оперативни центри, поморските капацитети, хангарите за авиони, складиштата за беспилотни летала и воената логистичка инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер