Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
1Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
СветЗа кандидатурата на Путин на изборите досега се собрани 1,3 милиони потписи Централниот изборен штаб на актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, кој исто така се кандидираше за изборите во март, доби потписи за поддршка од 13 други региони, а беа собрани вкупно 1,3 милиони потписи.Претходно, волонтери до Централниот штаб доставија потписи од 45 руски региони, а собирањето ќе трае до крајот на јануари, наведуваат руските медиуми. Претседателските избори во Русија ќе се одржат од 15 до 17 март, први откако Русија ја започна војната против Украина во февруари 2022 година. Актуелниот руски претседател Владимир Путин се кандидираше за петти мандат на претстојните избори како независен кандидат. Според законот за избори за претседател на Руската Федерација, граѓаните на Русија можат да учествуваат на претседателските избори како независни кандидати или како кандидати на политички партии, а за да се пријават за учество на изборите треба да достават соодветна документација до Централната изборна комисија. Независните кандидати мора да достават документација и да обезбедат поддршка од група граѓани, а следна обврска е да се соберат 300 илјади потписи за поддршка на кандидатурата, при што најмалку 7,5 илјади лица кои живеат во таа област мора да добијат писмена поддршка од секоја административна единица на Руската Федерација. Потписите треба да се достават до Централната изборна комисија до 31 јануари, по што во рок од 10 дена се одлучува дали кандидатот ќе биде официјално пријавен за изборите или не. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
МакедонијаМицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање .Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт. ,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски. Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива. ,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
МакедонијаРадичевски: Продолжуваме посветено и транспарентно да работиме за БрвеницаКандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, имаше свое обраќање пред присутните на митинг во Милетино при што ја претстави својата визија и дел од проектите предвидени во програмата за развој на општината.,,Оваа кампања ја започнувам со почит, со достоинство и со човечност. Во изминатиот период бевме сведоци дека проектите се работеа јавно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Ветувам дека тоа е темпото кое јас ќе го продолжам“, рече Радичевски и додаде: ,,Брвеница е наша и заедничка. Нејзината иднина не смее да зависи од тоа кој за кого гласал. Градоначалникот мора да биде градоначалник на сите жители, на оној што гласал за него, но и на оној што не гласал, на оној што има партиска книшка, но и на оној што нема. Затоа што по изборите остануваме соседи, остануваме пријатели, остануваме една заедница. А само со соработката со локалната, централната власт можеме да направиме вистински резултати за граѓаните“. Тој наброи и дел од проектите од програмата за општина Брвеница, за што кажа дека има конкретни проекти и конкретни рокови за проектите, дел кои се веќе во реализација. ,,Планираме доизградба и реконструкција на општинската зграда. Изградба на систем на водоснабдување во Челопек и развој на инфраструктурата во индустриската зона Брвеница. За да привлечеме нови инвестиции, да отвориме нови работни места и да создадеме подобри услови за нашите млади, да ја гледаат својата иднина овде, во Брвеница. За младите и економијата, отвораме локален иновациски фонд ,,Млади со идеи“, бизнис инкубатор ,,Мој бизнис, моја општина“, Центар за знаење и практични вештини и програми за поддршка на женското претприемништво и руралниот развој. Затоа што младите не само што се иднина на Брвеница, младите се нејзината сегашност и нивните идеи мора да добијат шанса. Не ги забораваме ниту најмладите, ниту најстарите, градиме нова детска градинка во Челопек, проект кој е во фаза на реализација, ја доградуваме градинката во Брвеница, отвораме дом за стари лица со капацитет до 50 корисници и инвестираме во енергетската ефикасност и пристапност до училиштата за деца со посебни потреби“, истакна Радичевски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСопругата на Мадуро бара да биде пуштена од затвор, пред почетокот на судењето на екс претседателот Селија Флорес, сопругата на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, треба да се појави пред американски суд за да побара да биде ослободена од притвор од здравствени причини .Селија Флорес, сопругата на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, треба да се појави пред американски суд за да побара да биде ослободена од притвор од здравствени причини додека чека судење за трговија со дрога закажано за следната година. На рочиштето, кое е закажано да започне во 10:30 часот по локално време во федералниот суд на Менхетен, нејзините адвокати ќе побараат од американскиот окружен судија Алвин Хелерштајн да ѝ одобри кауција за да може да се подложи на кардиолошка процедура и да се опорави во поудобни услови. Адвокатите предложија Флорес да биде преместена во приватен дом во областа на Њујорк, со приватно обезбедување 24 часа на ден, велејќи дека таа не претставува опасност за заедницата. Трошоците, велат тие, ќе бидат покриени од венецуелската влада, на која САД ѝ дозволија да ја финансира правната одбрана на Флорес и Мадуро. Во меѓувреме, американски функционер за Ројтерс изјави дека Мадуро и Флорес би можеле да се соочат со нови кривични обвиненија за наводна тортура врз Американци притворени во Венецуела. Обвиненијата би можеле да бидат објавени уште во четврток. Флорес (69) и Мадуро (63) беа заробени во нивниот дом во Каракас на 3 јануари во рација на американската војска и префрлени во Њујорк. Американските обвинители ги обвинуваат за злоупотреба на своите позиции за да им овозможат на шверцерите со дрога да шверцуваат кокаин. Рацијата стави крај на 13-годишното владеење на Мадуро во богатата со нафта Венецуела. Венецуела оттогаш ја зголеми соработката со Вашингтон под водство на поранешната потпретседателка на Мадуро, Делси Родригез. Мадуро и Флорес се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога. Тие се задржани во Метрополитен притворен центар во Бруклин од нивното апсење, а нивното судење е закажано за 1 јуни 2027 година. Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен се спротивставува на ослободувањето на Флорес. Обвинителите велат дека таа добила соодветна медицинска нега додека била во притвор и дека доколку биде ослободена, таа би претставувала „екстремно висок ризик од бегство и опасност за јавноста“, вклучително и можноста за заплашување на сведоци. Обвинителите, исто така, рекоа дека други судии претходно пресудиле дека практиката на дозволување на некои обвинети да плаќаат за сопствен надзор додека се надвор од затвор е неправедна, бидејќи помалку богатите обвинети не можат да си го дозволат тоа. Одлуката на судијата Хелерштајн за кауција нема да влијае на судењето или на евентуалната казна. Доколку биде осудена, Флорес се соочува со задолжителна минимална казна од 40 години затвор. Флорес претходно беше државен обвинител на Венецуела и го водеше Националното собрание на земјата пред да стане прва дама. Американските обвинители тврдат дека таа зела стотици илјади долари мито од голем трговец со дрога. Тагови: Николас Мадуро сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter